35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025
Дома Blog Страница 9571

Роналдо против „првата љубов“ го чека првиот гол во ЛШ за Јуве

Пресметката на Манчестер јунајтед и Јувентус е натпревар на денот во Европа, најмногу поради враќањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“, стадионот на кој уште како младинец, светот го запозна овој фудбалски мајстор. Мечевите од Лигата на шампионите се нешто што не треба да се пропушти кога ќе се обложувате во SPORT LIFE, а ние Ви помагаме со пет мини-анализи и предлози.

Манчестер јунајтед – Јувентус (21 часот)

Откако ја одлежа суспензијата, Роналдо се враќа во составот на Јуве за дербито против неговиот поранешен клуб и ќе се обиде да го даде првиот гол во ЛШ во дресот на „старата дама“. Португалскиот ас има лоша традиција во дуелите со екипи кои ги водел Мурињо, можеби е шанса да го разбие малерот. Јунајтед за малку испушти победа кај Челси викендов, и најави дека можеби кризата е минато. Јуве пред 22 години ја извојува својата последна победа на „Олд Трафорд“, а при последното гостување во 2003, загуби 1:2.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.10)

 

АЕК – Баерн (18.55 часот)

Баварците се фаворити, иако нема да сметаат на Коман, Рибери, Толисо и веројатно Алаба. И АЕК има кадровски проблеми, Ливаја и Лопес се суспендирани. Баерн викендов конечно победи во Бундеслигата, а нема многу избор и околу гостувањето во Атина, сега му е шансата да го докрајчи грчкиот првак кој нема освоено бод.

Предлог тип: Т2 1+I & T2 3+ (2.30)

 

Шахтар – Манчестер сити (21 часот)

Во минатата сезона, Сити загуби во Украина, но тој меч не им значеше ништо и играа со резервен состав. Овој меч се игра во Харков, практично на неутрален терен и затоа гостите се фаворити на хартија. Англискиот тим киксираше дома против Лион, па со идентични 2:1 славеше кај Хофенхајм. Шахтар двапати одигра 2:2.

Предлог тип: 2 & 2-5 (1.90)

 

Ајакс – Бенфика (21 часот)

Некогашните европски гиганти, сега се борат за пласман во осминафиналето, што би било успех за нив, но тешко дека Баерн ќе им дозволи на двата клуба да одат понатаму. Бенфика имаше дури 16 дена за да се подготви за ова гостување, и треба да покаже дека не е излезена од ритам. Ајакс е во налет, и ќе сака да се задржи на врвот на табелата. Двата тима имаат по 6-7 повредени играчи.

Предлог тип: 1& 2-3 (3.65)

 

Рома – ЦСКА (21 часот)

Единствениот пораз на Рома од некој руски тим е токму од ЦСКА, и тоа во Рим. Но, тоа се случи во далечната 1991 година. Овојпат „армејците“ нема што да бараат на „Олимпико“, иако триумфот над Реал им ги зголеми апетитите. „Волчицата“ викендов загуби дома од СПАЛ и ова им е прилика да се извадат. Кај ЦСКА ќе го нема голманот Акинфеев, а имаат и повредени играчи.

Предлог тип: 1-1 (2.00)

МЗТ без Џејмс Вудард против Зрињски

МЗТ Скопје Аеродром атакот на првата гостинска победа сезонава во АБА 2 лигата ќе го имаат без услугите на бекот Џејмс Вудард, кој го повреди скочниот зглоб на гостувањето кај Вардар.

Првакот на БиХ, Зрињски, утре од 19 часот, ќе го пречека МЗТ во дуел од втората АБА и на македонскиот тим воопшто нема да му биде лесно, иако Зрињски ги загуби досегашните четири средби во ова натпреварување.

„Иако има скор 0-4, Зрињски сепак е квалитетен тим со искусни играчи кои зад себе имаат многу вакви мечеви и кои можат да бидат опасни буквално за секој противник. Ние ќе бидеме ослабени со неиграњето на Вудард, кој мора да паузира неколку дена. Очекувам ова да биде тежок меч со голема борба и незвеснот. Ќе решаваат ситници. Се надевам дека ќе ги искористиме сите слабости на противникот, како во одбрана така и во нападот и дека ќе дојдеме до победа, која за нас ќе биде од исклучително големо значење“, вели Кочов.

Вудард е играч со најголема минутажа во тимот, играч со најмногу погодени тројки и најмногу освоени топки, па отсуството може да биде проблем.

МЗТ Скопје во моментов е на на третата позиција со учинок 3-1. Член на Зрињски е екс играчот на МЗТ, Борис Бакиќ, таму е крилниот центар Тодоровиќ кој во дел од минатата сезона беше во Гостивар, а познати играчи им се и Шутало и Рамљак на кои да им се обрати внимание во одбраната.

Брајтнер и Хенес го растурија 40-годишното пријателство

Паул Брајтнер ги обвини челниците на Баерн, Карл Хајнц Румениге и Ули Хенес, дека се однесувале срамно на петочната прес-конференција кога жестоко критикуваа одредени поранешни и сегашни играчи на баварскиот гигант.

„За моите 48 години со клубот, никогаш не била покажана таква слабост. Со ароганцијата која ја покажаа, ја уништија целата работа. За Ули, Баерн е семејство. Денешните деца во фамилијата ќе кажат дека се срамат од нивниот татко“ – рече Брајтнер.

Брајтнер и Хенес беа соиграчи во Баерн во 70-тите години од минатиот век, кога заедно станаа светски и европски шампиони со Германија, а зедоа титули и во Купот на европските шампиони. Кога Баерн или германската репрезентација гостуваа, тие двајца редовно беа цимери во иста хотелска соба.

Шампионите можат да здивнат, Клеј Томпсон не е сериозно повреден

Клеј Томпсон не е сериозно повреден и ќе игра веќе в четврток против Вашингтон  визардс, што е одлична вест за шампионите на НБА лигата.

Голден Стејт вориорс убедливо го победија Феникс со 123:103, но беа загрижени поради повредата на еден од најдобрите играчи. Томпсон го повреди скочниот зглоб на левата нога и го напушти теренот во третиот период.

„Не се врати во игра за да го избегнеме ризикот од потешка повреда. Беше подготвен да продолжи да игра, но немаше потреба од такво нешто. Добро му дојде одморот и ќе биде подготвен веќе за следниот меч. За среќа Клеј мина без посериозни последици“, изјави Стив Кер, тренерот на актуелниот првак во НБА.

На Валенсија ѝ треба магија за да победи

„Валенсија игра најубав фудбал во нашата група и ако им дозволиме да ја имаат топката во посед ќе биде екстремно тешко да им се спротивставиме“, вели Џибрил Соу, играчот од средниот ред на Јанг Бојс.

Швајцарскиот првак се надева на сефте бод(ови) во исклучително тешката Х група во Лигата на шампионите, во конкуренција на Јувентус, Манчестер јунајтед и Валенсија.

Денеска од 18,55 часот на „Стад де Свис“ гостин ќе им биде Валенсија, екипа која има забележителен пад на формата и нема победа на последните три натпревари. Популарните „лилјаци“ нанижаа три нерешени, но реми во Берн не им одговара, ако сакаат да останат во трка за една од двете позиции кои водат во нокаут фазата.

Јанг Бојс има ефикасен напад и постигнуваше барем еден гол на последните 21 од 22 натпревари.

„Ништо не е променето од лани, кога не прогласија за хит во шпанското првенство. Ја имаме истата игра, горе-доле и истите играчи се во составот, но тешко ги реализираме шансите. Мораме да даваме голови за да победуваме“, вели Кондогбија.

Јанг Бојс има два порази и нема простор за да калкулира, а истото е и со Валенсија. Шпанскиот тим загуби од Јувентус дома, а потоа освои важен бод на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед и вечерва мора да атакува на трите бодови.

 

И Роналдо е таман за апсолутна симетрија

Манчестер јунајтед и Јувентус вечерва на „Олд Трафорд“ ќе го играат 13. меѓусебен дуел, а речиси неверојатно изгледаат бројките од нивните досегашни пресметки.

Двете екипи имаат по пет победи, двапати беше нерешено, а и гол разликата е како нарачана за потполна симетрија, 15:15.

На шега на социјалните мрежи симпатизерите на двата клуба велат дека и со Роналдо е израмнето. Играше за Манчестер јунајтед, а вечерва ќе биде на теренот во дресот на Јувентус.

„Старата дама“ е во нешто покомотна ситуација и има максимални 6 бода на врвот на табелата во Х групата. Гостите од Италија се уште немаат примено гол, исто како и ривалот од Манчестер. Јувентус има две победи и гол-разлика 5:0, а Јунајтед е со 4 бодови и гол-разлика 3:0.

Мечот ќе се игра од 21 часот.

 

Победа против Израел ги лечи раните од несреќниот пораз со Шпанија

Победа против Израел ќе ги залечи раните од несреќниот пораз против Шпанија, но македонските репрезентативци на возраст до 17 години мора да внимаваат, бидејќи денешниот ривал е мошне опасен.

Ние загубивме на стартот од претквалификациската фаза од големиот фаворит Шпанија, со гол примен во петтата минута од судиското продолжение, иако бевме на прагот на освојување на голем бод.

Израелците ги декласираа Фарски острови со 6:0 и се фаворити против нас. Но, Македонија е домаќин на турнирот и се надева на добар резултат и со поддршка од публиката.

Во следната фаза на патот до ЕП одат две репрезентации сигурно и трите најдобропласирани трети селекции од вкупно 13 групи.

 

Арсенал израдува 76 играчи на Спортска прогноза

Победата на Арсенал против Лестер не ги израдува само фановите на овој англиски клуб, туку се радуваа и 76 играчи на нашата Спортска прогноза. По првото одиграно коло и комплетираните 12 мечеви, само уште еднаш се потврди дека кај нас има одлични прогнозери кога треба да се игра само на 1 Х 2.

Триумфот на „топчиите“ донесе по 10 погодени парови на 12 играчи. Овие прогнозери промашиле само два натпревари и биле многу блиску до добивање на главната награда, мобилен телефон „Самсунг А6“. Овие 12 играчи ќе добијат подарок од SPORT LIFE и тоа ваучер во вредност од по 500 денари.

Освен овие 12 типувачи, ваучери но во вредност од по 200 денари од SPORT LIFE на подарок ќе добијат и уште 64 прогнозери кои имаат погодени девет парови.

Сите добитници на ваучери ќе бидат контактирани преку е-маил порака на адресата која ја внеле при типувањето.

Првото коло на СПОРТСКА ПРОГНОЗА е комплетирано, но во најскоро време бидете подготвени да ги дознаете следните 12 парови на кои треба да се типува за второто коло од оваа интересна игра.

 

Ја нема династијата – Црвените крилја комплетно се скршија (Видео)

Детроит ред вингс реди само порази во новата сезона во НХЛ и се уште нема победа во регуларен дел, што е изненадување и лош ефект за клуб со богата традиција и 11 трофеи во клупската колекција.

Членот на „Оригиналните шест“, или еден од основачите на НХЛ лигата и ноќеска загуби од Каролина со 1:3, по што остана на последното место во Источната конференција.

Детроит има само 4 поени и скромни 20 постигнати голови. Кризата во „Мотор сити“ е очигледна, а времето на династијата од последните години на минатиот век и првата деценија од новиот милениум очигледно е оддамна завршена.

Популарните Ред Вингс доминираа долго време во НХЛ, во ерата на руската петорка Федоров, Ларионов, Фетисов, Козлов и Константинов беа неприкосновени во лигата и се вториот најтрофеен клуб со 11 Стенли куп трофеи, зад Монтреал со 24.

Сега мака мачат да побегнат од фенерот во својата конференција и имаат само една победа во девет меча и тоа по продолженија против Флорида.

https://twitter.com/NHL/status/1054558021827919872

Арсенал даде гол како од времето на Анри, Пирес, Беркамп (Видео)

Арсенал со 3:1 го победи Лестер во последниот меч од 9. коло. „Топчиите“ губеа со 0:1, но успеаа да направат целосен пресврт и да стигнат до трите бода. Пјер Емерик Обамејанг беше херојот. Откако влезе како резерва во второто полувреме, даде два гола за победа.

Посебно добра беше акцијата која потсети на играта на лондонскиот тим од пред 15-тина години, а на крајот Обамејанг погоди. Такви погодоци постигнуваа кога во тимот беа Тјери Анри, Роберт Пирес, Денис Беркамп, Патрик Виеира. Сега е нова генеранија на теренот, но акциите  за погодоците се прекрасни.

За Арсенал ова е 10-та победа по ред во сите натпреварувања, покажувајќи дека тимот е во одлична форма.

https://youtu.be/4UgcqGwod60