35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025
Дома Blog Страница 9573

Аларм во Реал: Марсело побарал трансфер во Јувентус

Бомбастични вести стигнаа денес од Италија, Марсело побарал да биде продаден на Јувентус, и тоа во зимскиот преоден рок. Италијанскиот медиум „Тутоспорт“ тврди дека Бразилецот им соопштил на челниците на мадридскиот гигант дека сака да се пресели во Торино за да може повторно да игра со Кристијано Роналдо.

Марсело имаше можност да го следи Роналдо и во текот на летото, сепак, тој остана во Реал, но откако „кралевите“ паднаа во криза, бразилскиот лев бек одлучил дека е доста и сака да ја смени средината.

Јувентус веќе направил план како да го доведе Марсело. Прво ќе треба да го продадат Алекс Сандро, кој не сака да ја продолжи соработката со клубот и најверојатно ќе се пресели во Премиер лигата, додека за искусниот бек на „кралевите“ ќе издвојат сума околу 50 милиони евра.

Mарсело пристигна во Реал во 2007 година и одигра вкупно 460 натпревари за Реал, а тогашниот претседател на клубот, Рамос Калдерон, го назначи како наследник на Роберто Карлос. И не само што достојно го замени својот сонародник, туку го запиша своето име со златни букви во клупската историја.

Азар се жали на болки во грбот по „тепањето“ од Матиќ и Јанг

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар, по саботното дерби против Манчестер јунајтед, се пожали на болки во грбот и најверојатно му следува принудна пауза од неколку дена. Белгиецот беше вистинска цел за играчите на Јунајтед, особено за Матиќ и Јанг, кои заработија жолти картони откако стартуваа врз него, а по тоа „тепање“, очигледно имало последици кај Азар.

Иако издржа цели 90 минути, Азар по мечот се пожалил на медицинскиот тим на Челзи дека не можел да се движи природно, додека на вчерашниот тренинг, исто така, не можел да тренира во полн погон.

Според првичните информации, Азар нема да игра во четврток, против БАТЕ Борисов во Лигата на Европа, додека под знак прашалник е ставен неговиот настап и против Барнли следниот викенд.

Арсенал ќе треба да даде барем два гола за победа над Лестер

По еден меч од Англија, Италија, Шпанија, Данска и Турција се нашиот избор за советите од денешните натпревари придружени со квотите на денот на SPORT LIFE. Понеделнички неделата може да тргне на убаво доколку направите добитно ливче, а ние Ви помагаме со пет мини-анализи и предлози.

Арсенал – Лестер (21 часот)

По неубедливиот старт, Арсенал влегува во форма и вечерва ја чека својата десетта победа по ред во сите натпреварувања. Само во еден од тие девет меча кои Арсенал ги доби немаше и 3+. Арсенал ги има добиено сите девет домашни премиерлигашки дуели со „лисиците“, дури и во онаа сезона кога Лестер стана првак. И Лестер е тим кој сака да се надигрува, често и даваат и примаат голови.

Предлог тип: Т1 2+& ГГ (2.25)

 

Сампдорија – Сасуоло (20.30 часот)

Тимот од Џенова пред паузата за настап на репрезентациите, имаше две победи по ред, има само еден пораз на последните шест меча. Дуелите на Сампдорија обично се неефикасни, од последните пет, четири пати беше 0-2 гола. Сасуоло игра отворено, даде гол на 10 од последните 11 гостувања, затоа веруваме дека мрежите ќе се тресат барем три пати.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.60)

 

Реал Сосиедад – Жирона (21 часот)

Победата во баскиското дерби против Атлетик ја поправи атмосферата во Сосиедад, а вечер на „Аноета“ доаѓа Жирона, која четири кола не знае за триумф, но во своите редови го има расположениот голгетер Кристијан Стуани. Дури 13 од последните 14 меча на Реал Сосиедад дома завршија со 3+ голови. Во минатата сезона, Жирона на овој стадион загуби со 0-5.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.50)

 

Брондби – Оденсе (19 часот)

Некогашните најсилни клубови во Данска сега се просек во својата земја, но фановите со нетрпение ги очекуваат нивните пресметки. Брондби во минатото коло прекина црна серија од три порази по ред, но и Оденсе, иако е во долниот дел на табелата, на последните три средби освои седум бода. Домашниот терен е голема предност во меѓусебните дуели на овие два тима.

Предлог тип: 2-3 гола (2.12)

 

Трабзонспор – Ерзурум (19 часот)

Гостите пред паузата го имаа својот првенец сезонава во елитното друштво, но тешко е да се очекува дека може да изненадат на гостувањето во Трабзон. Тимот од Трабзон дома има четири победи на последните пет меча и прилично е ефикасен бидејќи даде 12 гола. Ерзурум само еднаш од последните шест дуели ја проби границата од 0-2 гола.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.04)

„Театарот на соништата“ подготвен за португалска драма

Сонародниците Жозе Мурињо (55) и Кристијано Роналдо (33) три години беа заедно во Реал Мадрид, но овие самобендисани Португалци никогаш не се сакаа премногу, и тоа јавно го признаваат.

Утре во Манчестер, Мурињо со Јунајтед е домаќин на Јувентус, чија прва ѕвезда е Роналдо. Затоа, освен враќањето на Роналдо на „Олд Трафорд“, каде што се прослави во светот на фудбалот, во центарот на вниманието е неговиот однос со тренерот на „црвените ѓаволи“. Двајцата се големи егоисти и веројатно тоа ги оддалечи еден од друг.

Тие веројатно ќе се поздрават и ќе си разменат по некој збор, но тоа ќе биде студено, без преголема љубов. Мурињо беше тој што почесто го критикуваше Роналдо, но и фудбалерот не остануваше покус.

Роналдо има само еден постигнат гол (во дресот на Манчестер против Интер во март 2009) на 14 меча против екипи кои ги водел Мурињо, а Жозе има само еден пораз во пет соочувања со Јуве. Кристијано еднаш има играно против Манчестер на Мурињо, и тоа на европскиот Суперкуп во Скопје.

Во Интер нема многу простор за радост, се повреди Најнголан

Интер вчера го победи Милан во самиот финиш од дербито, но остана без еден од своите клучни играчи, Раџа Најнголан. Белгиецот се здоби со повреда на зглобот од ногата при еден старт на играчот на Милан, Лукас Билја. Првичните информации се дека ќе мора да се одмори неколку дена, што значи дека ќе го пропупшти гостувањето на „Камп ноу“ против Барселона во Лигата на шампионите, мечот кој се игра во среда.

Најнголан и покрај остриот старт од страна на противникот, се обиде да игра, но издржа само десетина минути и веќе по половина час го напушти теренот.

Се чекаат дополнителни прегледи за да се дознае колку точно ќе отсуствува, засега Најнголан е неизвесен и за мечот против Лацио, средбата која се игра следниот викенд, во рамките од десеттото коло во Серија А.

https://twitter.com/TeamMilanAC/status/1054083504458383360?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1054083504458383360&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.calciomercato.com%2Fen%2Fnews%2Finter-radja-nainggolan-injured-in-milan-derby-75424

Алонсо лут по вчерашниот судир: Не разбирам зошто аматери возат во Формула 1

Фернандо Алонсо вчерашната трка за Големата награда на САД ја заврши уште по првиот круг, откако Ленс Строл се судри со него и двајцата ги оштетија болидите, по што не можеа да ја продолжат трката. Шпанецот беше многу лут откако се врати во боксот, а случката ја прокоментира уште во радиоразговорот со неговиот тим.

„Уште една трка која ја завршив поради судар со друг болид. Не ми е јасно како дозволуваат вакви аматери да возат во Формула 1. Судар уште на стартот, срамен начин да ја завршиш трката, подобро да бев последен, ама да ја извозев трката до крај. Противниците мора да бидат повнимателни, или да кочат на време, или да ризикуваат престигнување, а не да се судираат едни меѓу други како да е ова картинг. Подобро нека стават браници од страните на болидите и да не остават да се удираме едни со други. Истото ми се случи на патеката „Спа“, неколку болиди се одбиваа од мене, овој проблем мора што побрзо да се реши“, истакна Алонсо по трката.

За помалку од седум дена, следуваат нови возбудувања во Формула 1, кога шампионатот се сели во Мексико.

 

 

Реал во декември ќе се обиде да го донесе Ибрахимовиќ

Проблемите со постигнувањето голови кој го има Реал Мадрид може да го реши Златан Ибрахимовиќ, па затоа клубот размислува во декември да го ангажира членот на Лос Анџелес галакси, кому тогаш му завршува сезоната.

Околу Ибрахимовиќ имаше многу шпекулации, се говореше дека ќе оди во Милан, тој самиот кажа дека сака да се повлече во дресот на Малме, но уште има амбиции да игра за клуб во Лигата на шампионите. Златан со неколку екстра гола покажа дека уште не е за во пензија.

Заминувањето на Кристијано Роналдо во последниот месец почна негативно да се одразува врз „кралевите“, се покажа дека Бензема, Маријано, Бејл и Асенсио не се гаранција за голови, па можеби Ибрахимовиќ добро ќе им дојде во намерата да бидат поефикасни.

Ибрахимовиќ во кариерата има играно за многу големи клубови, но не бил во Реал, па затоа оваа опција би била интересна и за него, макар и на краток период.

Гостиварец играл на голови во хокеј, доби 269 илјади

Во петокот попладне, на уплатно место на SPORT LIFE во Гостивар, некој обложувач ставил 500 денари со надеж дека на 13-те хокеарски меча кои ги прогнозирал ќе има барем по пет гола. Квотите се движат од 1,45 до 1.80 и, за негова среќа, навистина секаде паднаа повеќе од 4,5 погодоци.

Иако викендов имаше богата понуда за играње на фудбалски натпревари, овој прогнозер решил да се обложи на хокеј и не погреши. На ливчето, чија добивка е 269.029 денари, еден меч е од најсилната лига на светот, НХЛ, а останатите се од лиги во северниот дел на Европа. Доминираат дуели од финската лига, а бидејќи тука добивката е најголема, ова ливче го заслужува приматот за Тикет на викендот.

ФУДБАЛСКО ЛИВЧЕ И ПЕНАЛИ ВО КИСЕЛА ВОДА ДОНЕСОА ДОБИВКА ОД 142.000

Во скопската Кисела Вода има добитно ливче за кое исплатата е 142.054 денари. Овој играч уплатил 200 денари и успешно прогнозирал десет фудбалски натпревари од топ лигите во Европа. Ова беа десет меча кои се играа во саботата и навистина денот се покажа како среќен бидејќи на играните мечеви паднаа голови колку што посакуваше играчот.

Овој играч немаше премногу критичен меч. Најблиску до утка беше на два меча од италијанската лига, каде што му требаа голови. На дуелот Рома – СПАЛ му требаа еден до три гола во прво полувреме, а погодокот падна во 38-мата минута од пенал. Слична ситуација имаше и вечерта на Удинезе – Наполи, но таму потребен беше еден до три гола во второто полувреме. Немаше гол до 82-рата минута, а тогаш судијата покажа на белата точка, и кога Мертенс погоди, славењето на играчот можеше да почне.

ВО ИЛИНДЕН ИМА ЕКСПЕРТ ЗА НБА-ЛИГАТА

Уплата од 200 денари и десет погодени прогнози поврзани со НБА-лигата на играч кој уплатил во скопски Илинден му донесоа добивка од 101.517 денари.

Ливчето е уплатено во саботата вечерта, а не знаеме дали играчот чекал цела ноќ или во неделата наутро видел дека ливчето му е добитно, но, секако, имал причина за задоволство бидејќи сите 10 прогнози му беа успешни.

Не се прогнозирани исходи од мечевите, туку кој играч колку поени ќе даде. Виктор Оладипо од Индијана даде 25, а прогнозата беше 24 или повеќе, што значи еден кош пресуди дали ливчето ќе биде добитно или не. Кај Ендрју Вигинс од Минесота потребни беа 18,5 поени или повеќе, а крилото даде 19, точно колку ливчето да не отиде во пропаст.

Арсенал со победа ќе израдува многу играчи на Спортска прогноза

Типувањето кое со години беше најомилено кај фудбалските љубители, повторно е во мода и тоа благодарение на Спорт Манија. Првото коло од Спортска прогноза е при крај. Останува да се одигра само уште еден меч, Арсенал – Лестер и ќе бидат комплетирани сите 12 натпревари кои беа дадени во понудата за првото коло.

Според досегашните резултати од одиграните 11 мечеви, само се потврди дека има одлични прогнозери кај нас, кои со нетрпение ќе го чекаат дуелот на „топчиите“ против Лестер. Вкупно 13 од нив чекаат победа на Арсенал за да стигнат до 10 погодени натпревари. Ако тоа се случи, тие ќе добијат ваучери од SPORT LIFE во вредност од по 500 денари.

Победа на Арсенал чекаат и 63 прогнозери кои досега имаат 8 погодени дуели, а ако бидат точни со типот и на Арсенал, тогаш со девет погодени ќе добијат ваучер од SPORT LIFE во вредност од по 200 денари.

Лондонскиот тим пред своите навивачи е фаворит, а дали ќе успее да победи ќе видиме вечерва. Дуелот започнува во 21 часот.

 

AТП листа: Новак веднаш зад Надал, само една промена во топ 10

Утринава е објавена новата АТП-листа на која нема многу промени на врвот. Рафаел Надал и натаму е на првото место со 7.660 поени, Ѓоковиќ го следи со 7.445 поени. Роже Федерер останува трет со 6.260 поени, а Дел Потро со 5.670 поени и Зверев со 5.025 поени ја сочинуваат првата петорка.

Во топ 10 уште се Чилиќ со 4.185 поени, Тим со 3.825, Андерсон е осми со 3.730 поени, додека Џон Иснер и Григор Димитров ги заменија позициите на деветтото, односно десеттото место.

Денес почнува и АТП-турнирот во Виена, а Ѓоковиќ ќе отсуствува со цел да биде подготвен на следниот турнир кој се игра во Париз, каде што ќе се обиде да го освои трофејот и да избие на чело на листата пред Надал, пред завршницата на сезоната, каде што АТП-финалињата ќе се играат во Лондон.