24.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025
Дома Blog Страница 9589

Џејси Керол го продолжи договорот со Реал Мадрид

Долгогодишниот член на Реал Мадрид, Џејси Керол, ја продолжи соработката со актуелниот европски првак до 2020 година. Американскиот бек го носи „кралскиот“ дрес од 2011 година, откако го напушти тимот на Гран Канарија, и одлучи да ја докаже својата верност кон клубот со нов двегодишен договор.

Керол во последните неколку сезони се истакна како еден од најдобрите поентери на клубот, благодарение на неговиот квалитетен и прецизен шут. Минатата сезона бележеше висок процент за шут за три поени од 45,8%, додека придонесуваше со 9,4 поени по натпревар во европското натпреварување.

Во неговиот престој во Мадрид, тој освои 16 трофеи со „кралевите“, меѓу кои и две титули во Евролигата, од кои едната титула ја освои минатата сезона.

Боде Милер повторно стана татко

Поранешниот олимписки првак во скијање, Боде Милер и сопругата Морган станаа родители на машко дете кое се роди во петокот, на помалку од четири месеци по трагичниот настан кога 19-месечната ќерка им се удави во базен во двор кај соседите.

Милер, кој има 40 години, и девет години помладата Морган (одбојкарка на песок) повторно имаат три заеднички деца, а поранешниот скијачот има две деца и од претходни врски.

На деветти  јуни, ќерката Ејми беше 30 секунди пред да ја извдат од базенот, лекарите цел ден се обидуваа да ја спасат, но не успеаја. Во тоа време, Морган Милер беше трудна и сега на петти октомври роди машко дете, чие име не е објавено.

 

Азар гази во дресот на Челзи, но уште сонува за Реал

Белгиската суперѕвезда Еден Азар повтори дека не знае каде ќе игра во следната сезона и неговиот сон и понатаму е да игра за Реал Мадрид. Договорот на 27-годишниот Азар со Челси е до летото 2020 година.

Игрите на Азар сезонава во Премиер лигата се импресивни, тој е прв стрелец, неспорен лидер на лондонските „сини“ и најзаслужен што тимот на тренерот Сари е во редот на најсериозни кандидати за титулата.

„По успешното Светско првенство, реков дека мислам дека е време да ја променам клупската средина. Во моментов сум во добра форма, играм добар фудбал. Не сакам да лажам, Реал Мадрид е најдобриот клуб на светот и уште од дете сонувам да играм за тој клуб. Ќе видиме што ќе донесе иднината, и да останам во Челси, и да заминам во Реал, ќе бидам среќен. Нема да кажам дека останувањето во Челзи ќе ме направи несреќен. Ќе треба да се донесе тешка одлука за мојата иднина, во јануари полнам 28 години“, рече Азар.

Неговиот пријател и репрезентативен колега, Тибо Куртуа веќе премина во гигантот од Мадрид, а Азар е еден од десетте најдобри стрелци во историјата на Челзи. Понудата од Челзи му е плата од 300 илјади фунти неделно и како што стојат работите, би ја одбил само ако му се јават од Реал.

Гвардиола се извини и објасни, Габриел уште се лути

Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жезус, е разочаран што не му беше дозволено да го изведе пеналот на гостувањето кај Ливерпул, а тренерот Пеп Гвардиола призна дека погрешил што одлучил ударот од 11 метри да го изведе Ријад Марез, а не Жезус.

Марез имаше прилика во 85-тата минута да му донесе предност, веројатно и победа, на својот тим на тоа дерби, но топката отиде високо над голот. Алжирецот има дури пет утки од последните осум пенали.

„Сакав да го шутнам пеналот, имав голема самодоверба. Не сум среќен што не ми дозволија јас да го изведам ударот. Разговарав со тренерот. И ова е дел од фудбалот, се случува. Ќе го поддржам Ријад и наредниот пат ако тренерот го избере него“,  изјави Жезус, кој промаши два од последните три пенали за Сити.

Пеналите за „граѓаните“ најчесто ги шутира Серхио Агеро, но тој не беше во игра во моментот на досудениот пенал против Ливерпул. Гвардиола рече дека Марез добро шутирал пенали на тренинзите, имал храброст и затоа во моментот му делувал како добар избор. Идејата била силен шут по средината на голот, но топката отишла далеку погоре.

 

Артуро Видал ги поздрави „предавниците“

По гостувањето на Барселона кај Валенсија, резервистот на Барса, Артуро Видал, на „Инстаграм“ напиша порака која, меѓу редови, е упатена до тренерот Ернесто Валверде. Видал летоска со мерак дојде во каталонскиот клуб, но сега е несреќен бидејќи не добива минутажа и тренерот не верува во него.

„Не треба да се борите со предавниците, тие самите ќе си се обесат“, порача Видал.

По серијата слаби резултати на Барселона во шпанското првенство, почнува да се ниша местото на Валверде, а доколку тој остане без работа, Видал ќе биде меѓу најсреќните од таквата одлука на раководството на Барса.

Неколку минути по објавувањето на контроверзниот пост, Видал го избриша. Интересно е што меѓу оние кои го лајкувале напишаното се Колумбиецот Хамес Родригес и голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген. Сега Видал оди во родната земја и барем за репрезентацијата ќе игра и ќе има улога на лидер.

Димитриевски: Да продолжи серијата без да примиме гол

Одбраната се покажа како стабилна во првите два меча на Македонија во Лигата на нациите. „Црвено-жолтите“ повеќе од 180 минути се без примен гол. Победени се Гибралтар и Ерменија со идентични 2-0. Голманот во националниот тим, Столе Димитриевски, летово направи трансфер и сега е во тимот на Рајо Вајекано, но не добива шанса да се наметне како прв чувар на мрежата. И покрај тоа што не е во некој посебен натпреварувачки ритам, Димитриевски вели дека е подготвен да ја исполни задачата и на следните два меча од Лигата на нациите. Најпрво против Лихтенштајн, а потоа и во дуелот со Ерменнија на гости.

„Се подготвуваме за дуелот со Лихтенштајн. Важно е тој меч да го одработиме како што сакаме и како што се подготвувавме. Иако сега некое време не бранам, се надевам дека ќе продолжи серијата без да примиме гол во репрезентацијата“, вели Димитриевски, кој го очекува 21-виот настап во сениорскиот национален дрес.

Цената на влезниците за дуелот на 13-ти октомври против Лихтенштајн ќе изнесува 100 денари за јужната трибина и 150 денари за северната трибина од Националната арена „Филип Втори“.

Германецот Дисингер на чекор од потпис за Вардар

Германскиот ракометен репрезентативец Кристијан Дисингер наскоро би можело да стане член на македонскиот првак Вардар. Дисингер игра на позицијата лев бек, а веќе пет години го носи дресот на националниот тим на својата земја, со која освои злато на ЕП и бронза на Олимписките игри во Рио 2016.

Дисингер има 26 години, висок е 203 сантиметри, а досега го носеше дресот на Кил. Договорот со Кил му беше до јануари 2020, но го раскина.

Успесите на Вардар во Лигата на шампионите не ги успиваат во клубот, туку сакаат да го надоградат составот, па Дисингер би бил екстра засилување. Вардарци и во минатото се интересираа за него, но се чини дека сега е време тој да го облече црвено-црниот дрес и да биде поткрепа за Борозан, Оцврик и повредениот Горбок.

Нова разделба на Ѓоре Јовановски и Работнички

Нова разделба се случи на релација Ѓоре Јовановски и Работнички, а „романтичарите“ ќе мора да бараат нов стратег на клупата за продолжението на првенството.

Јовановски има титули со овој клуб, но сега поради скромните резултати, се договори со челниците на Работнички да се разделат.

„Имавме разговор со тренерот Ѓоре Јовановски и се согласивме спогодбено да го раскинеме договорот. Во фудбалот резултатите секогаш ги диктираат настаните, а Работнички има високи амбиции, кои во моментот, за жал, се над остварените резултати. Би сакал да му се заблагодарам за соработката, се работи за врвен професионалец кој во периодот додека беше шеф на стручниот штаб уште еднаш ги потврди своите професионални и човечки квалитети. Минатата година успеа да го одведе тимот во квалификациите за Лигата на Европа и да ја исполни целта. Тој работеше вредно и напорно секој ден, максимално се посвети и на развојот на младинската школа и му посакуваме сè најдобро во понатамошната тренерска кариера“, вели претседателот на клубот, Драган Поповски.

Работнички по првиот круг во домашниот шампионат, има 11 бодови и е на шестото место.

Ново чудо од Кари (Видео)

Отворениот тренинг на НБА шампионот, Голден стејт вориорс, беше прилика која ѕвездата Стеф Кари ја искористи да ги воодушеви навивачите со еден неверојатен потег. Кари дојде на центарот на теренот, ја фрли топката зад својата глава и даде кош.

Кари се смета за најдобар шутер на сите времиња, тој често дава тројки од голема далечина, а овојпат „претера“ и со циркуски шут, кој заврши на вистинското место, потврди дека нема нешто што не може да направи.

„Воините“ наскоро ја почнуваат одбраната на титулата во најсилната кошаркарска лига на светот, а очигледно Кари е расположен и иако ова се случи на тренинг, покажа дека може да погодува од огромна далечина дури и кога е свртен со грб кон кошот.

 

 

Бејл ќе игра за Велс и повреден, но не против Шпанија

Герет Бејл замина за Кардиф и ќе му биде на располагање на селекторот Рајан Гигс, иако е повреден. Тој вели дека не постои ништо на светот што ќе го спречи да игра за својата репрезентација, но не и против Шпанија.

Напаѓачот на Реал Мадрид се повреди на последниот меч на „кралевите“ против Алавес, а и покрај инсистирањето на челниците на европскиот првак, тој замина за Велс.

Велшаните на 11-ти октомври ќе играат пријателски меч со Шпанија на „Милениум“ во Кардиф и Бејл на овој дуел нема да игра со цел да биде подготвен за големото островско дерби со Република Ирска на 16-ти октомври во Даблин. Тој меч е во рамките на Лигата на нациите.

Овие две селекции се во четвртата група од сегментот Б, заедно со Данска.