29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025
Дома Blog Страница 9590

Ерменците со нов селектор и без повредениот Озбилис против Македонија

Ерменците набрзина избраа нов селектор, наследник на Вардан Минасјан, а против Македонија ќе ги предводи релативно анонимниот Ермен Гјулбудагјанц.

Иако имаше повеќе опции за странски селектор, сепак, челниците на Федерацијата во недостиг и на време до почетокот на квалификациските дуели со Гибралтар и Македонија, одлучија да го именуваат поранешниот селектор на младата селекција на Ерменија.

И веднаш Гјулбудагјанц се соочи со кадровски проблеми, па не го повика Арас Озбилиз. Еден од главните фактори во играта на ерменската селекција е повреден и нема да игра ниту против Гибралтар, ниту со нас.

На поширокиот список на новиот селектор ги нема ниту „интернационалците“ од Јужна Америка, Монрој и Бријаско.

 

Пресвртот на Парма донесе радост во Велес и добивка од 4 илјади евра

Парма успеа да направи пресврт со три гола во првото полувреме против Џенова, што му донесе многу радост на обложувач од Велес и добивка од 247.500 денари, или околу 4 илјади евра.

Со уплата од илјада денари на тикет со три двојки, погодени се три гостински победи со различни знаци, а сè почна со мечот точно напладне, вчера меѓу Реус Депортиу и Гранада.

Гостите славеа со 1-2, таман за да се погоди комбинираниот знак 2-2&3+. Во меѓувреме, Есторил експресно ја наполни мрежата на Академика како гостин, победи со 7-2, за да биде погоден и вториот пар на тикетот, типуван со знак 2&Т2.

Најтешкиот и финалниот дел од мисијата да се добијат 4 илјади евра за обложувачот од Велес, беше да се погоди и типот 2-2 во Џенова.

Разиграниот Кжиштоф Пјонтек со гол на почетокот веројатно донесе мало разочарување, бидејќи домаќинот Џенова поведе со 1-0, но за насмевки се погрижија Ригони, Силјарди и Чераволо со по еден погодок од 16-тата до 30-тата минута, за целосен пресврт и предност на Парма од 3-1 на гости кај Џенова. До крајот на мечот немаше промени, за многу радост на нашиот добитник на 247.500 денари со уплата од „илјадарка“.

Добитен концепт во Тетово, гол-гол и два плус второ полувреме

Деветката му донесе среќа на обложувач во Тетово, а со интересен концепт и комбинација од игрите Гол-гол и Два плус второ полувреме, добивката е 167.454 денари.

Единствен исклучок од комбинацијата на тикетот со девет парови е типот Т1 на уругвајскиот Феникс против Бостон Ривер. Домаќините си ја завршија работата со два гола во првото полувреме, а кога и чилеанскиот гигант Коло Коло израмни во последен миг против Унион Еспањола со погодокот во 93-тата минута, јасно беше дека во Тетово има одлична добивка од околу 2.700 евра за уплатени 200 денари.

Балканско-јужноамериканска добитна комбинација во Виница

На спротивната страна од Македонија, на Истокот, во Виница одлично смислена балканско-јужноамериканска комбинација му донесе добивка на наш обложувач од точно 109.725 денари за минималната уплата од 20 денари.

Со погодени четири парови со ист тип на игра 2-3 голови во прво полувреме и 2-3 во второ полувреме, добивката е околу 1.800 евра.

И што е многу интересно, добитникот најмногу стравуваше од нашиот интернационалец Крсте Велкоски. Мечот меѓу Добој Какањ и Сараево заврши со резултат 0-6 (0-3), а последните голови во првото и во второто полувреме ги постигна Велкоски. Сè над тоа ќе значеше недобитен тикет, но за среќа на нашиот добитник, Велкоски не постигна хет-трик, па добивката е исплатена во Виница.

Кусо и ефектно во Ново Лисиче

Џејмс форест од Селтик и Клаудиу Кесеру од Лудогорец рафално погодуваа во првото полувреме против Сент Џонстон, односно Ботев, што му донесе убава добивка од 42 илјади денари на наш играч од Ново Лисиче.

Кусо и ефектно, тој типувал дека Селтик и Лудогорец ќе постигнат најмалку по 4 голови во првото полувреме (Т2 4+ п.п.) на гостувањата кај Сент Џонстон, односно Ботев. Уплатата е 30 денари, а за исплата се погрижија Форест со 4 голови во првото полувреме на мечот Сент Џонстон – Селтик и Кесеру со хет-трик во првите 45 минути за Лудогорец против Ботев. Тука со еден гол помогна и Џоди Лукоки, а предноста на Лудогорец од 4-0 и на Селтик од 5-0 по првото полувреме, беа доволни за радост во Ново Лисиче. Лудогорец победи со 4-1, откако на полувремето имаше предност од 4-0, а Селтик беше уште поубедлив и со 6-0 го торпедираше Сент Џонстон, благодарение најмногу на „петардата“ во првиот дел.

Хабиб и Мекгрегор – од пријатели, до најголеми ривали

Реакциите од мечот на деценија меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор уште не стивнуваат. Хабиб уште еднаш ја потврди непобедливоста и стигна до 27-мата победа во низа, а Мекгрегор го претрпе четвртиот пораз. За тоа колкаво е нетрпението меѓу овие двајца борци, се покажа и по завршување на борбата.

Дагестанецот скокна преку рингот и почна да се тепа со дел од членовите кои беа во тимот на Мекгрегор. И Ирецот не остана покусо, па удри еден од членовите во таборот на Хабиб и се случи хаос. Со тој инцидент, нетрпеливоста кај најголемите ривали само се зголеми.

А не било секогаш вака. Само пред четири години, Хабиб и Конор биле пријатели кои дури и заедно тренирале. На социјалните мрежи се појави фотографија постирана од Нурмагомедов на која двајцата борци се прегрнати.

 

Дали Погба во Манчестер го направи тоа што и Меси со Аргентина?

Манчестер јунајтед на дуелот против Њукасл постави еден неславен рекорд, откако за првпат во историјата прими два гола на „Олд Трафорд“ во првите 10 минути. И покрај таа негатива од 0-2, на крајот „црвените ѓаволи“ се радуваа на победата.

Пресвртот на најтрофејниот англиски клуб се случи во второто полувреме, односно во последните 20 минути. Откако во првиот дел Манчестер делуваше немоќно, во второто полувреме домаќините одиграа сосема поинаку, и тоа на крајот се исплатеше со победа од 3-2.

Иако многумина веруваат дека тренерот Жозе Мурињо успеал да ја погоди тактиката за пресврт, сепак, англискиот таблоид „Сан“ пренесува нешто сосема друго. Според пишувањата, Пол Погба бил тој кој ја презел работата во свои раце. Откако Мурињо на полувремето во соблекувалната ги кажал своите совети, на сцена стапил Погба.

Најскапиот играч во историјата на Манчестер самиот побарал да игра малку подефанзивно и да биде организатор на нападите. Тоа дефинитивно вроди со плод, но иако првично се велеше дека тоа е тактика на Мурињо, сепак, Погба самиот се одлучил на овој потег.

Ако навистина се случило тоа во соблекувалната на Манчестер, Погба всушност тргнал по стапките на Лионел Меси. На Светското првенство во Русија, аргентинскиот виртуоз реши да биде и креатор на тактиката на теренот на дуелот против Нигерија. „Гаучосите“ го добија тој меч, но веднаш потоа беа елиминирани од Франција.

 

ИН МЕМОРИАМ: Почина златниот медитеранец Коце Ефремов

Освојувачот на златен медал од Медитеранските игри во Сплит, Коце Ефремов, ненадејно почина на 62-годишна возраст во Кочани.

Македонското борење остана без едно од своите најзначајни имиња, а постигнувањата на Ефремов се за почит.

Во 1979 година на Медитеранските игри во Сплит, Ефремов го освои златниот медал во борење слободен стил во категоријата до 48 килограми. Членот на боречкиот клуб Спартак има учество и на Летните олимписки игри, во Москва 1980 година, кога го освои седмото место.

Погребот ќе биде одржан денеска, во Кочани, од 12-14 часот.

Како ѕвездата на Ливерпул со измама стигна до ова ниво?

Роберто Фирмино е дел од еден од најсилните напади во светот, тој на Ливерпул. Заедно со Мохамед Салах и Садио Мане се страв и трепет за секоја одбрана. Бразилецот од 2015 година е на „Енфилд роуд“, кога направи трансфер од германскиот Хофенхајм.

Како и многумина играчи од Бразил, така и на Фирмино сон му било да дојде во Европа и да го покаже квалитетот. Како 20-годишник играл во бразилскиот второлигаш Фигејренсе, кога и успеал да направи трансфер во Хофенхајм. Тоа е и пресвртница во неговата кариера.

Сепак, за да стигне во Хофенхајм, Фирмино и неговиот агент морале да се послужат со една измама. Тоа го откриваат и челниците на германскиот бундеслигаш.

„Се сеќавам дека неговиот агент ни прати видеоснимка со најдобрите потези на Фирмино. Го гледавме и останавме без зборови. Бевме воодушевени колку брзо се движи на теренот и верувавме дека има ракета во ногата. Сепак, сето тоа беше лага и измама. Кога го донесовме, на тренинг видовме дека не е баш така. Не беше ни толку брз, а ни шутот не му беше толку силен“, се присетува некогашниот спортски директор на Хофенхајм, Ернст Танер.

Челниците на германскиот тим се чуделе што е работата што играчот не е со истите перформанси како на видеоснимката, но подоцна се им се разјаснило.

„Доцна се сетивме да го прашаме нашиот монтажер за видеото. Тоа што го слушнавме, беше шокантно. Откако го прегледа видеото, забележа дека се работи за забрзана снимка и дека не ја покажува вистинската слика. И покрај таа измама, решивме да го задржиме Фирмино. За среќа, со неговото однесување и работа, покажа дека никогаш не сака да се откаже. Тоа и му донесе успех, а измамата со видеото брзо беше заборавена“, се присетува Танер.

Бразилецот одигра 140 меча за Хофенхајм и даде 38 гола, а потоа направи трансфер во Ливерпул. Дека навистина вреди, потврдува и фактот дека од 2015 година е на „Енфилд роуд“ и челниците на англискиот гигант немаат намера да го продадат.

Точно напладне тргнува операцијата „Лихтенштајн“

Денеска, точно напладне почнува операцијата „Лихтенштајн“ за македонските фудбалски репрезентативци. Собирот е закажан во хотелот „Гранд Плаза“, а мини-подготовките ќе почнат подоцна.

Против аутсајдерот Лихтенштајн играме на 13-ти октомври, сабота, во Скопје и Македонија очекува победа за добро расположение пред клучниот меч во Ереван, против Ерменија, три дена подоцна.

Селекторот Игор Ангеловски повика 21 играч, грото стандардни во нашата селекција. Во тимот А се враќаат Ферхан Хасани и Аријан Адеми, а на местото на повредениот Дарко Велковски, дополнително беше повикан Ѓоко Зајков.

Натпреварот со Лихтенштајн ќе се игра од 20.45 часот, на националната арена во Скопје.

По две кола во четвртата група од сегментот Д, Македонија е лидер со шест бода, пред Лихтенштајни Ерменија со по 3 и Гибралтар без бодови.

Јапонскиот Меси нерешлива енигма за Ристовски и Спортинг (Видео)

Јапонскиот Меси, Шоја Накаџима беше незадржлив за одбраната на Спортинг Лисабон и со два гола и две асистенции речиси сам го победи фаворитот и му донесе три бода на Портимоненсе.

Домаќините славеа со 4-2, а Накаџима извонредмо го почна мечот со асистенција до Манафа, па потоа продолжи да доминира на теренот. Десетката на Портимоненсе е висока само 164 сантиметри и оттаму прекарот јапонскиот Меси, а вчера навистина играше во стилот на многу попознатиот Аргентинец.

Во финишот на првото полувреме тој и Манафа ги заменија улогите, па Накаџима по асистенцијата на соиграчот, зголеми на 2-0. Во 82-рата минута со нов гол Шоја зголеми на 3-1, откако претходно Монтеро постигна гол за Спортинг.

Во последниот напад на мечот Накаџима повторно беше асистент за стрелецот Жоа Карлос, со што беше запечатена победата на Портимоненсе.

Стефан Ристовски го одигра целиот меч за Спортинг, но и тој и неговите соиграчи безуспешно се обидуваа да го сопрат расположениот Јапонец, кој го заслужи епитетот играч на мечот.

Вардаровите навивачи најдобри во ЛШ, Милосављев ја има втората најдобра одбрана (Видео)

Вардар игра блескаво во Лигата на шампионите и е перфектен со четири победи од четири меча досега. Во саботата, во дербито на елитната лига, „црвено-црните“ во Скопје го победија Рајн-Некар Левен со 29:27. Навивачите во „Јане Сандански“ направија пеколна атмосфера, во која едноставно не можеше да се очекува ништо друго освен триумф на македонскиот првак.

Потег кој остана забележан во Европа е и доделувањето на дресот на Илија Абутовиќ. Пред почетокот на средбата, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, му додели дрес со број 20 на Абутовиќ, на кој пишуваше „Илија фала ти за сè“. Вардар не го заборави Србинот кој претходните седум сезони играше за Вардар, а сега е дел од тимот на Рајн-Некар. ТУКА погледнете како изгледаше тоа.

Покрај атмосферата во „Јане Сандански“, во изборот на ЕХФ, второто место за најдобра одбрана му припадна на Дејан Милосављев. Младиот српски голман имаше уште еден блескав натпревар. Милосављев имаше 10 одбрани против германскиот тим, а најзначајна беше таа во последната минута од мечот на 29:27, кога ги откажа гостите дека може да се спасат од пораз во „Јане Сандански“.

Одбраната на Милосављев е втора најдобра во колото, а топ 5 одбраните во ЛШ може да ги видите ТУКА.

Индивидуални признанија добија и Тимур Дибиров и Халил Јагањац од Металург. Вардаровото лево крило, како и левиот бек на Металург се најдоа во идеалниот тим на колото во ЕХФ. Дибиров со седум погодоци беше прв стрелец за Вардар во победата над Рајн-Некар, додека Јагањац даде 10 голови за Металург во поразот од Бјерингбро-Силкеборг.

 

Стелоне е среќен: Несторовски одигра голем меч

Илија Несторовски погоди во вистински час, во финишот на мечот за Палермо и со неговиот погодок клубот од Сицилија го победи Кротоне. Токму головите на капитенот му недостасуваа на Палермо од почетокот на сезоната, а голот е одлична вест и за нашата репрезентација.

Илија се враќа во форма, што им носи само добро и на Палермо и на македонската репрезентација.

„Илија одигра голем меч и потврди зошто е наш лидер и капитен. Се радувам што полека, но сигурно се враќа во форма“, изјави тренерот на Палермо, Роберто Стелоне.

Несторовски го одигра целиот меч за Палермо, а Александар Трајковски беше заменет во 76-тата минута. Двајцата репрезентативци ќе патуваат за Скопје, на подготовките на нашата репрезентација пред клучниот двомеч за првото место во групата во Лигата на нациите, против Лихтенштајн и Ерменија.