41.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025
Дома Blog Страница 9716

Го архивиравме Гибралтар, фокусот го насочуваме кон Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација во недела ќе го пречека националниот состав на Ерменија, на арената „Филип Втори“. Избраниците на Игор Ангеловски ќе го одиграат првиот натпревар на домашен терен во рамките од Лигата на Нации, а мечот против тимот кој го предводи Хенрик Мхитаријан, е шанса да забележиме нова победа по вчерашниот триумф од 0-2 над Гибралтар.

Сениорите денес го одржаа предвидениот тренинг по враќањето од Гибралтар.

„Триумфот против Гиралтар го остваривме како што планиравме. Не се трошевме премногу, искористивме две шанси во првиот дел, и тоа беше доволно да ја забележиме посакуванат победа. Ерменија ќе биде потежок противник, тоа е неспорно, но, ние сме во одлична форма и не планираме да застанеме. Имаме време комплетно да се подготвиме, во соблекувалната владее оптимизам за позитивен резултат против ерменската селекција. Се надевам дека ќе добиеме и поддршка од трибините“, истакна Александар Трајковски.

„Одбраната одигра на високо ниво против Гибралтар, но, сепак ќе мора да бидеме далеку поконцентрирани во дуелот со Ерменија. Сите веруваме дека можеме да оствариме триумф во недела, имаме одлична низа на резултати и доколку пристапот ни биде на ниво како на претходните мечеви, серијата може и натаму да трае. Очекувам и поддршка од публиката и заедно да се радуваме на нова победа“, истакна Кире Ристевски.

Надежите со пораз се враќаат од Нови Сад

Македонските надежи го нанижаа шестиот пораз во низа во квалификациската група 7 за Европското првенство 2019 за играчи до 21 година. По поразот од Србија во Скопје со 0-2, нашата селекција загуби од северниот сосед и на нивен терен со резултат од 2-1.

Србија стигна до првото водство во 28-та минута, откако Иван Шапоњиќ реализираше пенал кој го направи нашиот дефанзивец Алекса Амановиќ. Израмнувачкиот гол го постигна Тихомир Костадинов во 64-тата минута, но составот на Добринко Илиевски не успеа да го издржи притисокот и да стигне до драгоцен бод. Членот на белградски Партизан, Данило Пантиќ го реши мечот во 80-тата минута, поставувајќи ги конечните 2-1.

Македонија по седум одиграни средби во овој квалификациски циклус се наоѓа на последното место на табелата, со само три бода, односно еден триумф и шест порази.

Првокласно изненадување, Кузмановски потпиша за Еурофарм Работник

Битолчани први стасаа до целта и го ангажираа еден од нашите најголеми ракометни таленти, иако се шпекулираше дека Кузмановски ќе го засили Вардар, а интерес за него имаше и од други многу попознати клубови.

Но, раководството на Еурофарм беше најбрзо, одработи најефектно и доби огромно засилување за новата сезона.
Кузмановски поради неисплатени плати, го раскина договорот со Металург и се пресели кај битолчани.

Со него во составот Еурофарм Работник има големи амбиции, ќе атакува на врвот во македонската Суперлига и ќе биде фаворит и за пласман на позициите што водат во еврокуповите.

„Делиите“ не смеат да патуваат во Ливерпул и Париз

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја казни Црвена ѕвезда поради нередите кои нејзините навивачи ги направија на мечот од плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите против Салцбург.

По завршување на мечот во Австрија, Црвена ѕвезда обезбеди место во групната фаза од елитното натпреварување, а навивачите на „црвено-белите“ влетаа на теренот. Поради овој инцидент, УЕФА реши да го казни српскиот првак да не смее да има поддршка од гостински навивачи на две средби во групата.

Тоа значи дека белграѓани ќе немаат помош од трибините на гостувањата против Пари Сен Жермен во Париз и на гостувањето кај Ливерпул на „Енфилд роуд“. Единствено на гостување навивачите на Ѕвезда ќе може да отидат во Неапол, кога ќе играат против италијанскиот калчолигаш Наполи.

Првиот меч од групната фаза во Лигата на шампиоите, Црвена ѕвезда ќе го игра на својот стадион во Белград против Наполи.

Италија против Полска во битка за рехабилитација

Четирикратниот светски првак Италија е фаворит за деби-победа во Лигата на нациите против Полска, вечерва на „Ренато Далара“ во Болоња, во премиерниот меч за двете селекции во новоформираното натпреварување. И Италија и Полска се во најсилниот Сегмент А, па ќе бијат битка за првото место во третата група.

Ова е прв официјален меч на „аѕурите“ и Полјаците по цела 21 година, а на 30-ти април 1997 година во Неапол, Италија славеше со 3-0. Оттогаш имаат играно само пријателски натпревари, и тоа два, со по една гостинска победа на двете селекции.

И што е интересно, ова ќе биде премиера и за двајцата селектори, Манчини кај Италија и Брзечек кај Полска. Италијанците го сменија селекторот Вентура по неуспехот во бараж-двомечот со Шведска и Лигата на нациите им е шанса за рехабилитација по неуспехот да се изборат за пласман на Мундијалот во Русија. И Полјаците имаа многу мотиви за да ја заборават неуспешната авантура во Русија, кога го имаа епитетот можно изненадување за висок пласман, а завршија како последнопласирани на табелата во Групата Х во конкуренција на Колумбија, Јапонија и Сенегал.

Сметката ја плати Адам Навалка, кој беше сменет од селекторската позиција, па на негово место Полјаците ќе ги предводи Брзечек. Интересно е што ова може да се прогласи и за дуел на играчи од Серија А. Италија има дузина фудбалери од клубови од Калчото, а и Полјаците не заостануваат многу, дури со 8 репрезентативци кои настапуваат во најсилната италијанска лига.

Кај Италија по една година пауза, во составот се врати Џорџо Кјелини, а Роберто Манчини одлучи на поширокиот список да пријави дури пет дебитанти. Алесио Крањо и Николо Барела од Калјари, Мануел Лацари од СПАЛ, Кристијано Бираги од Фиорентина и „везистот“ на Рома, Николо Заниоло, се за првпат во селекцијата на „аѕурите“.

Нашите обложувалници за овој дуел нудат 521 различни игри, а основните коефициенти се интересни. Италија е фаворит за победа со квота 1.70, ремито вреди 3.40, а триумф на Полска е со одличен коефициент од 5.50.

Триумфален старт за Македонија во Лигата на Нации, Гибралтар рутински победен со 2:0

Македонија стартуваше со победа од 2:о против Гибралтар во Лигата на Нации, во меч што ќе биде запишан како прв во новоформираното натпреварување. Со головите на Иван Тричковски во 19. минута и на Езџан Алиоски во 35. Минута рутински беше победен аутсајдерот во нашата група.

Македонија можеше да слави и поубедливо, но беа пропуштени доста шанси за повисок триумф. Сепак овој меч како и што се очекуваше беше само како загревање за поголеми предизвици. Прв таков, а веројатно и најважен ќе ни биде дуелот со Ерменија за три дена во Скопје.

Стефан Ристовски  во 19. минута одлично го пригра Тричковски, а напаѓачот на АЕК Ларнака ја продолжи гол-серијата и н и донесе предност од 1:0. Предноста во рана фаза значеѓе поспокојна игра на фаворитот, а се си дојде на свое место 16 минути подоцна. Овојпат Тричковски беше во улога на асистент на голот што го постигна Алиоски за водство на Македонија од 2:0.

Во продолжението се очекуваше голеада на гостите, бидејќи јасна беше разликата во квалитет на двете репрезентации, но избраниците на Игор Ангеловски застанаа, па мечот заврши со резултат од 2:0.

Во првиот меч од нашата, четврта група во Д сегментот Ерменија го победи Лихтенштајн со 2:1.

Американецот Брукс за посилна Италија

Италија одлучи да му даде пасош на американскиот кошаркар Џеф Брукс, кој ќе биде сериозно засилување за популарните „аѕури“ пред продолжението на квалификациите за Мундобаскетот. Сега селекторот на Италија Мео Сакети може да бира меѓу двајцата американски кошаркари со италијански пасош, Кристијан Брнс, или Џеф Брукс, што е одлична опција за една од најдобрите европски кошаркарски репрезентации.

На деветти септември Италија ќе ги почне подготовките за следните два меча против Полска и Унгарија, а Брукс и Брнс се регистрирани како кошаркари на оваа селекција и Сакети ќе има поголем избор на располагање.

Бихел не е семоќен, Барсегјан со гол го „реши“ Лихтенштајн

Вардаровиот фудбалер Тигран Барсегјан не дозволи сензација против Лихтенштајн и со победнички гол за 2:1 и донесе очекувана победа на Ерменија

Најдобриот стрелец на Вардар, Тигран Барсегјан спречи голема сензација на стартот од натпреварите во нашата група во Лигата на Нации и со победнички гол во 76. Минута и донесе стартни три бода на Ерменија. Голманот на Лихтенштајн Бењамин Бихел бранеше чудесно добро, му одбрани и пенал на Михтаријан при резултат 1:1, но аутсајдерот го урна Барсегјан.

Ерменците поведоа со голот на Пицели по половина час игра, а само 180 секунди подоцна Волфингер израмни. Ерменците постојано напаѓаа, имаа шанса и од пенал да поведат, но играчот на Арсенал Хенрик Михтаријан не беше прецизен. Бихел му го одбрани ударот од белата точка во 69. минута, но Барсегјан со погодок 7 минути подоцна ги постави работите на свое место.

Ова беше прв меч од нашата четврта група во Д сегментот во Лигата на Нации, а вечерва и Македонија ќе го игра стартниот меч, против Гибралтар од 20,45 часот.

Дебакл на Металург во Брест, Мешков славеше со 41:29

Македонскиот вицешампион Металург доживеа вистинска катастрофа и загуби со 12 голови разлика, 29:41 од Мешков Брест во меч од СЕХА лигата

 

Ракометарите на Металург доживеаја висок пораз од 12 голови разлика во вториот натпревар во регионалната СЕХА лига. На гостувањето во Белорусија, Мешков Брест славеше убедливо со 41-29. Ова е највисок пораз на Металург во дуелите со белорускиот шампион и воопшто во СЕХА лигата.

Без капитенот Филип Кузмановски и повредениот Мартин Велковски Металург беше инфериорен на теренот, а катастрофата не се навестуваше по првиот дел. Брест Мешков замина на одмор по првиот дел со предност од два гола разлика, 17:15.

Во второто полувреме гостите немаа решение за распложените домашни ракометари и го загубија продолжението од мечот со 10 голови разлика, или вкупно со 29:41.

Халил Јагањац беше најефикасен во составот на Металург со шест гола. Кај Мешков Брест нападот го предводеше Александар Шкурински со осум гола, а еден помалку постигна Петар Ѓорѓиќ .

Тричковски го менува Несторовски, Македонија сака да игра викторија на „Викторија“ против Гибралтар

Иван Тричковски ќе игра од почеток против Гибралтар, а Илија Несторовски не е во порвиот состав на Македонија во првиот меч во Лигата на Нации. Тоа е единствената значајна измена што ја направи селекторот Игор Ангеловски, во однос на стандардниот состав и на играчите кои ги има на располоагање.

Македонија ќе игра офанзивно, на победа против аутсајдерот, а според рејтингот и квалитетот би требало да ја играме популарната викторија на „Викторија“ стадионот, вечерва од 20, 45 часот.

Ова е прв меч за нас во новоформираната Лига на Нации, а целта е најпрво да се освои првото место во четвртата група, а потоа и целиот Д сегмент за да оствариме историски пласман на ЕП во 2020 година.