28.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025
Дома Blog Страница 9756

Италија против Полска во битка за рехабилитација

Четирикратниот светски првак Италија е фаворит за деби-победа во Лигата на нациите против Полска, вечерва на „Ренато Далара“ во Болоња, во премиерниот меч за двете селекции во новоформираното натпреварување. И Италија и Полска се во најсилниот Сегмент А, па ќе бијат битка за првото место во третата група.

Ова е прв официјален меч на „аѕурите“ и Полјаците по цела 21 година, а на 30-ти април 1997 година во Неапол, Италија славеше со 3-0. Оттогаш имаат играно само пријателски натпревари, и тоа два, со по една гостинска победа на двете селекции.

И што е интересно, ова ќе биде премиера и за двајцата селектори, Манчини кај Италија и Брзечек кај Полска. Италијанците го сменија селекторот Вентура по неуспехот во бараж-двомечот со Шведска и Лигата на нациите им е шанса за рехабилитација по неуспехот да се изборат за пласман на Мундијалот во Русија. И Полјаците имаа многу мотиви за да ја заборават неуспешната авантура во Русија, кога го имаа епитетот можно изненадување за висок пласман, а завршија како последнопласирани на табелата во Групата Х во конкуренција на Колумбија, Јапонија и Сенегал.

Сметката ја плати Адам Навалка, кој беше сменет од селекторската позиција, па на негово место Полјаците ќе ги предводи Брзечек. Интересно е што ова може да се прогласи и за дуел на играчи од Серија А. Италија има дузина фудбалери од клубови од Калчото, а и Полјаците не заостануваат многу, дури со 8 репрезентативци кои настапуваат во најсилната италијанска лига.

Кај Италија по една година пауза, во составот се врати Џорџо Кјелини, а Роберто Манчини одлучи на поширокиот список да пријави дури пет дебитанти. Алесио Крањо и Николо Барела од Калјари, Мануел Лацари од СПАЛ, Кристијано Бираги од Фиорентина и „везистот“ на Рома, Николо Заниоло, се за првпат во селекцијата на „аѕурите“.

Нашите обложувалници за овој дуел нудат 521 различни игри, а основните коефициенти се интересни. Италија е фаворит за победа со квота 1.70, ремито вреди 3.40, а триумф на Полска е со одличен коефициент од 5.50.

Триумфален старт за Македонија во Лигата на Нации, Гибралтар рутински победен со 2:0

Македонија стартуваше со победа од 2:о против Гибралтар во Лигата на Нации, во меч што ќе биде запишан како прв во новоформираното натпреварување. Со головите на Иван Тричковски во 19. минута и на Езџан Алиоски во 35. Минута рутински беше победен аутсајдерот во нашата група.

Македонија можеше да слави и поубедливо, но беа пропуштени доста шанси за повисок триумф. Сепак овој меч како и што се очекуваше беше само како загревање за поголеми предизвици. Прв таков, а веројатно и најважен ќе ни биде дуелот со Ерменија за три дена во Скопје.

Стефан Ристовски  во 19. минута одлично го пригра Тричковски, а напаѓачот на АЕК Ларнака ја продолжи гол-серијата и н и донесе предност од 1:0. Предноста во рана фаза значеѓе поспокојна игра на фаворитот, а се си дојде на свое место 16 минути подоцна. Овојпат Тричковски беше во улога на асистент на голот што го постигна Алиоски за водство на Македонија од 2:0.

Во продолжението се очекуваше голеада на гостите, бидејќи јасна беше разликата во квалитет на двете репрезентации, но избраниците на Игор Ангеловски застанаа, па мечот заврши со резултат од 2:0.

Во првиот меч од нашата, четврта група во Д сегментот Ерменија го победи Лихтенштајн со 2:1.

Американецот Брукс за посилна Италија

Италија одлучи да му даде пасош на американскиот кошаркар Џеф Брукс, кој ќе биде сериозно засилување за популарните „аѕури“ пред продолжението на квалификациите за Мундобаскетот. Сега селекторот на Италија Мео Сакети може да бира меѓу двајцата американски кошаркари со италијански пасош, Кристијан Брнс, или Џеф Брукс, што е одлична опција за една од најдобрите европски кошаркарски репрезентации.

На деветти септември Италија ќе ги почне подготовките за следните два меча против Полска и Унгарија, а Брукс и Брнс се регистрирани како кошаркари на оваа селекција и Сакети ќе има поголем избор на располагање.

Бихел не е семоќен, Барсегјан со гол го „реши“ Лихтенштајн

Вардаровиот фудбалер Тигран Барсегјан не дозволи сензација против Лихтенштајн и со победнички гол за 2:1 и донесе очекувана победа на Ерменија

Најдобриот стрелец на Вардар, Тигран Барсегјан спречи голема сензација на стартот од натпреварите во нашата група во Лигата на Нации и со победнички гол во 76. Минута и донесе стартни три бода на Ерменија. Голманот на Лихтенштајн Бењамин Бихел бранеше чудесно добро, му одбрани и пенал на Михтаријан при резултат 1:1, но аутсајдерот го урна Барсегјан.

Ерменците поведоа со голот на Пицели по половина час игра, а само 180 секунди подоцна Волфингер израмни. Ерменците постојано напаѓаа, имаа шанса и од пенал да поведат, но играчот на Арсенал Хенрик Михтаријан не беше прецизен. Бихел му го одбрани ударот од белата точка во 69. минута, но Барсегјан со погодок 7 минути подоцна ги постави работите на свое место.

Ова беше прв меч од нашата четврта група во Д сегментот во Лигата на Нации, а вечерва и Македонија ќе го игра стартниот меч, против Гибралтар од 20,45 часот.

Дебакл на Металург во Брест, Мешков славеше со 41:29

Македонскиот вицешампион Металург доживеа вистинска катастрофа и загуби со 12 голови разлика, 29:41 од Мешков Брест во меч од СЕХА лигата

 

Ракометарите на Металург доживеаја висок пораз од 12 голови разлика во вториот натпревар во регионалната СЕХА лига. На гостувањето во Белорусија, Мешков Брест славеше убедливо со 41-29. Ова е највисок пораз на Металург во дуелите со белорускиот шампион и воопшто во СЕХА лигата.

Без капитенот Филип Кузмановски и повредениот Мартин Велковски Металург беше инфериорен на теренот, а катастрофата не се навестуваше по првиот дел. Брест Мешков замина на одмор по првиот дел со предност од два гола разлика, 17:15.

Во второто полувреме гостите немаа решение за распложените домашни ракометари и го загубија продолжението од мечот со 10 голови разлика, или вкупно со 29:41.

Халил Јагањац беше најефикасен во составот на Металург со шест гола. Кај Мешков Брест нападот го предводеше Александар Шкурински со осум гола, а еден помалку постигна Петар Ѓорѓиќ .

Тричковски го менува Несторовски, Македонија сака да игра викторија на „Викторија“ против Гибралтар

Иван Тричковски ќе игра од почеток против Гибралтар, а Илија Несторовски не е во порвиот состав на Македонија во првиот меч во Лигата на Нации. Тоа е единствената значајна измена што ја направи селекторот Игор Ангеловски, во однос на стандардниот состав и на играчите кои ги има на располоагање.

Македонија ќе игра офанзивно, на победа против аутсајдерот, а според рејтингот и квалитетот би требало да ја играме популарната викторија на „Викторија“ стадионот, вечерва од 20, 45 часот.

Ова е прв меч за нас во новоформираната Лига на Нации, а целта е најпрво да се освои првото место во четвртата група, а потоа и целиот Д сегмент за да оствариме историски пласман на ЕП во 2020 година.

Минасјан не ги игра „странците“, Монрој и Бријаско нема да настапат против Македонија

Селекторот на Ерменија одлучи да не ги повика двата големи адути за мечевите против Лихтенштајн и Македонија, па Жорди Монрој и Норберто Бријаско не се во составот за стартните мечеви во Лигата на Нации

Жорди  Монрој кој е роден во Колумбија и Норберто Бријаско, родум од Аргентина не се најдоа на списокот на селекторот на Ерменија, Вардан Минасјан за стартните мечеви во Лигата на Нации против Лихтенштајн и Македонија.

Денеска јужноамериканскиот тандем не е во составот на Ерменците против Лихтенштајн, а ако не се случи некакво чудо, нема да патуваат ниту за Скопје на дуелот со нашата репрезентација на 9. септември.

Ваквата одлука на Минасјан е по малку и чудна особено ако се знае дека ерменската фудбалска федерација силно притискаше Монрој и Бријаско да добија државјанство за да можат да играат за Ерменија.

Монрој игра во колумбиската лига за Бојака Чико, а Бријаско е член на аргентинскиот прволигаш Хуракан.

Испишана историја во Лигата на Нации

Грузија со 2:0 славеше на гости кај Казакстан во првиот меч од новото натпреварување на УЕФА

Новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации конечно започна. Во првиот меч кој се одигра, Грузија на гостински терен со 2:0 го победи Казакстан, во меч од Лига Д, односно најслабата лига според рангирањето. Во оваа лига е и Македонија, што значи дека тоа се потенцијални противници на „црвено-жолтите“ во походот кон Европското првенство 2020 година.

Во првото полувреме на дуелот во Казакстан немаше погодоци. Историскиот прв погодок во Лигата на Нации е дело на Ѓорѓи Чакветадзе, кој постигна одличен гол. Се играше 70 минута кога топката дојде до Чакветадзе, а овој одлевата страна со фантастичен шут ја доведе својата репрезентација во водство од 1:0.

Само неколку минути по постигнување на првиот, историски гол во Лигата на Нации, по втор пат се тресеше мрежата на Казакстан. Дефанзивецот на домаќините Малиј несмасно реагираше и си постигна автогол. Тоа е и првиот автогол во историјата на Лигата на Нации.

Уште на првиот меч ќе се памтат два битни моменти. Кога е постигнат првиот гол и кога е даден првиот автогол во Лигата на Нации.

Реал за него плати 45 милиони евра, а сега го враќа назад

Бразилецот кој беше најавуван како „чудо од дете“ не се покажа во Мадрид

Младиот 18-годишен бразилски фудбалер Винисијус летово потпиша за Реал Мадрид. Тинејџерот кој беше најавуван како „чудо од дете“ беше платен 45 милиони евра. Сепак, само неколку месеци по пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“, можно е Бразилецот да си замине од Реал.

Според мислењето на тренерот на актуелниот европски првак, Хулен Лопетеги, Бразилецот не е подготвен за настап на високо ниво во Реал и затоа се најавува негово враќање во тимот на Фламенго. Се очекува во Фламенго, Винисијус да продолжи да се развива, па за одреден период повторно да биде вратен во тимот на Реал.

 

Бекам сака Роналдо да дојде во Интер Мајами

Дали е можно нова сензација поврзана со Португалецот

Ретко кој очекуваше дека Кристијано Роналдо ќе си замине од Реал Мадрид, но тоа сепак се случи. Португалецот го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и потпиша тригодишен договор со Јувентус. Најтрофејниот италијански клуб го направи Роналдо убедливо најплатен фудбалер во историјата на Серија А.

Роналдо е доведен во Јувентус за да му помогне на клубот да стигне до титулата во Лигата на шампионите. Ако тоа се случи и пред истекот на трите години од договорот, можно е Роналдо да си замине од Јувентус.

Како следен нов клуб на Кристијано се споменува Интер од Мајами. Тоа е клубот чиј сопственик е Дејвид Бекам. Некогашниот англиски репрезентативец го промовираше логото на својот тим кој ќе почне да се натпреварува во 2020 година. Како прва желба на Бекам е во екипата да биде доведен Кристијано Роналдо. Португалецот тогаш ќе има 35 години и само уште една година од договорот со Јувентус. Италијанскиот тим би го продал Роналдо, за да може да добие и пари од Португалецот.

Покрај Роналдо, на листата на желби на Бекам се и Вејн Руни, Радамел Фалкао и Џејмс Милнер.