33.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025
Дома Blog Страница 9778

Вардар казнет со 25.000 евра од УЕФА

Најтрофејниот македонски клуб Вардар летово само по еден двомеч ги заврши настапите во Европа. „Црвено-црните“ беа елиминирани од Пјуник со вкупни 3-0, во првото коло од квалификациите во Лигата на Европа.

На мечот во Скопје, гостите од Ерменија славеа со 2-0 и ја најавија раната елиминација на Вардар, кој само пред една година играше во групната фаза од Лигата на Европа. Токму на средбата во Скопје, домаќинот поради слабата организација, ќе мора да плати казна од 25.000 евра.

Ова е сумата која ја одреди дисциплинската комисија на УЕФА во Нион, а како образложение за казната наведени се користењето на пиротехнички средства на фановите на Вардар како и националистичките скандирања од трибините.

За учеството во квалификациите од Лигата на Европа на Вардар му следуваат 260.000 евра, а речиси една десетина од бонусот кој ќе го добие, ќе мора да го врати во касата на УЕФА.

Фетел: Самиот себеси сум најголем непријател

Повеќекратниот светски првак во Формула 1, Себастијан Фетел, сезонава ја започна одлично и долго време беше лидер во шампионатот. Сепак, по неколку неочекувани грешки, Германецот не само што ја загуби лидерската позиција, туку сега и заостанува 30 бода зад Луис Хамилтон. До крајот на првенството има уште седум трки.

„Јас самиот себеси сум најголем непријател. Ако имаме нешто што може да расипеме, имаме големи шанси да го направиме на наш начин“, вели Фетел, кој киксираше на трките во Азербејџан, Франција, Германија и Италија.

Тие грешки на четирите трки го чинеа Фетел повеќе од 60 бодови. Доколку продолжи во тој стил, секоја следна грешка може да го чини и крај во трката за титулата.

„Работата е јасна. Луис Хамилтон е лидер и мора него да го победувам. Ние и понатаму имаме многу добри шанси, но самите на себе ќе си бидеме главни непријатели, а не тој со неговата екипа. Мораме да мислиме на самите себе и ако тоа го направиме како што треба, имаме шанси да почнеме да победуваме и да ги поправиме работите“, објасни Фетел.

Шампионатот во Формула 1 овој викенд е во Сингапур, каде што Мерцедес традиционално има проблеми на патеката „Марина беј“.

Клупскиот фудбал повторно на сцена, во фокусот е дербито Тотенхем – Ливерпул

Репрезентациите го промовираа новото натпреварување Лигата на нациите, а по двонеделната пауза, повторно на сцена се враќа клупскиот фудбал.

Топ 5 првенствата земаат замав, битката за подобри позиции на табелата ќе станува сè пожестока, а во фокусот викендов ќе биде англиското дерби меѓу Тотенхем и Ливерпул. Двете екипи имаат амбиции да ја освојат титулата, па овој меч од петтото коло во Премиер лигата е вистинско дерби.

Интересна ќе биде и бундеслигашката пресметка во Минхен меѓу Баерн и Баер Леверкузен, во Италија меч на колото е дуелот меѓу Интер и Парма во конкуренција на средбата меѓу Наполи и Фиорентина.
Барселона во последно време најде начин како да се прескокне „Аноета“, но Сан Себастијан и Реал Сосиедад остануваат на мапата на Каталонците како мошне незгодно фудбалско патување и гостување. Тој меч ќе се игра утре, од 16.15 часот, и е дерби во четвртото коло во Ла Лига.

Репрезентациите ги испративме на пауза од еден месец, па викендов повторно ќе гледаме и уживаме во клупскиот фудбал, со напомена дека веднаш потоа од вторник ќе почне и новото издание на Лигата на шампионите.

Време е за нов почеток, време е за СПОРТМАНИЈА

Септември е месец кој означува многу нови почетоци. Тоа е месец кога почнува учебната година, месец кој ја означува есента, време кога стартуваат новите возбудувања во фудбалската Лига на шампиони… Овој септември ќе добие уште еден нов почеток, стартот на спортскиот портал СПОРТМАНИЈА.МК

По една работа, ова ќе биде прв и единствен спортски портал. Покрај сите најнови информации од спортските настани, тука најбрзо ќе можете да се информирате за сите најинтересни секојдневни понуди кои се нудат во светот на обложувањето.

Ова е време во кое спортот и обложувањето одат „рака под рака“. Веќе не постои спортски настан во светот на кој не можете да се обложите. Понудата на спортски портали кај нас, исто како и понудата на обложувалници, е голема. Сепак, наместо како досега да „лутате“ околу најновите информации од спортски аспект, а потоа на друго место да ги барате најдобрите коефициенти за обложување, ние ви нудиме многу полесно решение.

Тука ќе можете да ги прочитате сите новости од домашната, но и од меѓународната сцена. Фудбал, кошарка, ракомет и сите останати спортови ќе добијат свој простор. Подготвени сме заедно да се радуваме на успесите на нашите селекции и клубови, но и да критикуваме кога ќе има потреба од такво нешто. Ќе анализираме, ќе коментираме и ќе дебатираме и со вас читателите.

Отворете, читајте СПОРТМАНИЈА.МК, запознајте се со сите најнови спортски информации, а потоа одберете ги најдобрите коефициенти за обложување.

Едноставно, ви нудиме две задоволства, споени во едно. Спорт и обложување за сите читатели. Затоа нашето мото е едноставно…

Најдобриот дел од денот одделете го за СПОРТМАНИЈА.МК

За „стотче“ навивајте и бодрете ја Македонија против Романија

Љубителите на кошарката во Македонија ќе имаат убава можност да ги следат нашите репрезентативци против Романија по популарни цени. Билетите чинат 100 денари, а дуелот ќе се игра во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Ова е и можност во полна сала да се поздрави победата против Косово, но и да им се даде поддршка на Војдан, Бојан, Ричард… и останатите наши репрезентативци.
Билетите ќе бидат во продажба преку мрежата на „МК Тикетс“, а ќе можат да се купуваат и на билетарата пред салата „Борис Трајковски“

ПСЖ веќе го најде првото засилување за во јануари

Челниците на францускиот првак Пари Сен Жермен во најскоро време сакаат во своите редови да го видат 21-годишниот португалски репрезентативец Рубен Невес. Играчот за врска настапува за тимот на Вулверхемптон во Премиер лигата, каде што пристигна во јуни 2016 година, и тоа за сума од 20 милиони евра.

Минатата сезона Невес беше еден од најзаслужните што Вулверхемптон успеа да се врати во Премиер лигата, а и сезонава продолжува со добри игри. Токму затоа, за него интерес покажа ПСЖ, но „светците“ сигурно не се единствени кои би сакале да го видат Португалецот во своите редови.

Сепак, парижаните засега се најконкретни во понудата. Се споменува сума од 70 милиони евра за раскин на договорот на Невес со премиерлигашкиот тим, кој инаку е до 2023 година. Вулверхемптон нема проблеми со финансиите и сопствениците на овој клуб најавија дека нема да се залетуваат по пари за да го загубат еден од најдобрите играчи во екипата.

На Турчинот Сојдаш му се погоди пеколен распоред во Македонија

Новиот тренер на прволигашот Шкупи, Хајати Сојдаш, пристигна на клупата на чаирчани во мошне незгоден период, во кој аспирантот за висок пласман игра со клубовите од врвот на табелата.
Дебито на Турчинот на клупата на Шкупи беше во Струмица, против тогашниот лидер Академија Пандев, а скопјани претрпеа пораз од 0-1.
Веднаш потоа гостин на Шкупи беше актуелниот првак Шкендија и повторно Сојдаш и неговите избраници го напуштија теренот со пораз, овојпат со 1-2.
И пеколниот распоред продолжува, па сега на ред е локалното дерби со Вардар. Сојдаш не се предава и е оптимист пред дуелот со најтрофејниот македонски клуб, задутре од 15.30 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, но ваков тежок распоред на натпревари за новак-тренер речиси и да немало во нашиот фудбал.
„Дерби натпреварите секогаш се паметат. Ќе се обидеме со сите сили да ја вратиме вербата во квалитетот, што несомнено го имаат фудбалерите на Шкупи“, вели Сојдаш.
Тој има одлично педигре и работел како како главен тренер во турските клубови ББ Анкараспор, Анкарагучу, Санлиурфаспор и Етимесгут Беледие, а бил помошник-тренер во уште неколку турски клубови, па има искуство во вакви ситуации. Сојдаш има 52 години и за првпат е на кормилото на клуб надвор од Турција, а со Шкупи потпиша едногодишен договор.

Шпанската лига ѝ даде предност на Барселона пред Реал Мадрид

Актуелниот шпански првак Барселона доби предност во однос на Реал Мадрид, кога се работи за трошење пари за плати.

Според пресметките кои ги направија од шпанската лига, Барселона ќе може да си дозволи да потроши 632.971 евра за плати, додека за таа цел на Реал му се дозволени 66,5 милиони евра помалку, односно Кралскиот клуб има дозволен буџет од 566.530 милиони евра.
Интересно е што далеку зад двата најголеми клуба во Шпанија, на третото место е Атлетико Мадрид, кој има дозволен буџет за плати од 293 милиони евра. Оваа сума е драстично помала од таа на Барселона и на Реал, но Атлетико и покрај тоа, веќе неколку години е вистински ривал во трката за трофејот во Примера дивисион.
Кога се зборува за финансии одвоени за плати, се мисли на парите кои се даваат за фудбалерите, техничкиот персонал во клубот, како и расходите кои се поврзани со Академијата на клубот.
Со буџет за плати од повеќе од 100 милиони евра може да се пофалат само уште три клубови. Валенсија може да потроши 164.684 милиони евра, а потоа следуваат Севилја (162.783) и Вилјареал со 109.126 милиони евра за плати.

Балотели нема да игра за Ница, многу е дебел

Францускиот прволигаш Ница реши да преземе драстични мерки против Марио Балотели. Италијанскиот репрезентативец ги пропушти летните подготовки со клубот и тоа веднаш се одрази на неговата физичка подготвеност. Балотели е многу подебел од тоа што треба да биде за да е во посакуваната форма.
Токму поради лошата физичка подготвеност, голгетерот нема да биде во составот на Ница за следниот меч против Рен. Многумина дури и се чудеа како Балотели е во стартниот тим на Италија на средбата против Полска, во рамките од Лигата на нациите. Марио делуваше безвредно на теренот, а неговата зголемена тежина беше веднаш забележлива.
Според некои, Супер Марио е блиску до границата од 100 килограми, што е сеиозен проблем за фудбалер кој сака да биде во врвна форма. По враќањето во Ница, од клубот му наложија специјален режим на исхрана и тренинг за побрзо враќање на Балотели во старата форма. Додека тоа не се случи, италијанскиот напаѓач нема да стапне на теренот во дресот на Ница.

Давид Силва сака да ја заврши кариерата во тим од втора лига

Еден од најдобрите играчи на Манчестер сити, Давид Силва, откри дека кариерата сака да ја заврши во Лас Палмас. Тоа е клубот од неговиот роден град, но никогаш не играл за него. Лас Палмас до минатата сезона беше дел од Примера дивисион, но по лошата сезона. мораше да се пресели во еден ранг пониско и сега е дел од Сегунда. И покрај таквата ситуација со клубот, Силва би сакал да заврши во Лас Палмас.
„Имам уште две години од договорот со Манчестер сити, а потоа не знам што ќе се случува. Сè зависи од тоа како физички и психички ќе се чувствувам. Секогаш сум сакал кариерата да ја завршам во тимот на Лас Палмас“, вели 32-годишниот Силва.

Офанзивниот играч за врска кариерата ја започна во тимот Б на Валенсија, а потоа играше и за првиот тим на „лилјаците“. Како позајмен играч ги носел дресовите и на Еибар и Селта, а од 2010 година е дел од Манчестер сити. За „граѓаните“ има одиграно 349 натпревари во сите конкуренции и досега дал 62 погодоци. Три пати се радувал на титулата во англиската Премиер лига.