14.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9865

Рафа Бенитес го сака Барди во Њукасл

Македонскиот репрезентативец Енис Барди може да се пресели во англиската Премиер лига. Според пишувањата на Островот, Њукасл е заинтересиран за доведување на Барди. Тимот каде што на клупата седи легендарниот Рафаел Бенитес, е во потрага по квалитетен играч од средниот ред, па фокусот е ставен на Барди.

По досегашните 14 кола, Њукасл има освоено 12 бодови и е на 15-тото место на табелата, само со три бода повеќе од Саутхемптон, кој е во зоната за испаѓање. Токму поради ова, Њукасл сака да ги засили своите редови во јануарскиот преоден рок. Барди ја игра втората сезона во Леванте, а коментарите се дека македонскиот репрезентативец одлично се снаоѓа во Шпанија.

Минатата сезона Барди одигра 26 меча за Леванте и даде девет погодоци. Посебно фансцинираше со прекрасните голови постигнати од слободен удар. И сезонава Барди игра одлично, па затоа Њукасл тргна во офанзива за доведување на играчот кој има договор со Леванте до јуни 2022 година.

Барди и Леванте вечерва се фокусирани на мечот против Атлетик Билбао, со кој се комплетира 14-тото коло во Примера дивисион.

 

Завршува десетгодишната доминација на Меси и Роналдо

Лука Модриќ вечерва треба да биде прогласен за најдобар фудбалер во светот во изборот на престижниот „Франс Фудбал“. Капитенот на хрватската репрезентација ќе ја добие Златната топка, која во изминативе 10 години беше резервирана само за двајцата играчи.

Кристијано Роналдо и Лионел Меси испишаа историја како никој претходно. Двајцата освоија по пет Златни топки и се рекордери. Нивната доминација започна од 2008, кога Роналдо беше најдобар. Потоа следуваше четиригодишна доминација на Меси. Аргентинецот беше најдобар во 2009, 2010, 2011 и 2012 година. Кој друг ако не Роналдо, тој ја прекина таа серија на Меси. Кристијано ја освојуваше наградата на „Франс фудбал“ во 2013 и 2014 година, а потоа Меси стигна до петтата топка во 2015 година. Последните две години беа резервирани за Роналдо.

Златната топка и оваа година ќе остане кај Реал Мадрид, но сопственик ќе биде Лука Модриќ. Официјално најдобриот играч според „Франс фудбал“ ќе биде прогласен вечерва, во 21 часот, на гала-свеченост во Париз.

 

Почина човекот кој од Барселона направи гигант

Хосеп Луис Нуњез Клементе, кој беше претседател на Барселона од 1978 до 2000 година, почина на 87-годишна возраст. Клементе беше сопственик на градежна фирма и ланец на хотели, а на чело за претседател беше поставен на први јули 1978 година. Тој ден е историски за каталонскиот гигант.

Во својата предизборна кампања вети дека од Барселона ќе направи клуб кој ќе може самостојно да функционира и да биде еден од најдобрите во светот. Тоа свое ветување Клементе во целост го исполни и Барселона веќе неколку децении е во светскиот врв.

Пред да започне ерата на Клементе, Барселона беше во сенка на Реал Мадрид, а сега може да се пофали дека е рамо до рамо со Кралскиот клуб. Под негово раководство, спортското друштво Барселона има освоено вупно 175 трофеи во сите натпреварувања.

Клементе посебно беше горд на „покерот“ кој го направи во 1999 година. Тоа беше година во која Каталонците прославија 100 години од постоењето, а ги освои титулите во сите четири спортови (фудбал, кошарка, ракомет и хокеј на ролерки). Најголемите успеси на фудбалски план се седумте титули во Примера, шест во Купот на Шпанија, четири во Купот на куповите на победниците, како и првиот трофеј европски првак во 1992 година.

 

Баерн Минхен ќе троши, но нема да се расфрла

Не само Арјен Робен, туку и Франк Рибери ќе си замине од Баерн Минхен по завршувањето на оваа сезона и тоа ќе значи крај на тандемот „Робери“.

Пред почетокот на сезонава, Холанѓанецот и Французинот добија едногодишни договори, но стручниот штаб не мисли да смета на нив и во иднина, па нема да им се понудат нови договори. Рибери е фудбалер со најдолг престој во клубот, во Баерн дојде во 2007 година од Олимпик Марсеј.

„Најверојатно Рибери и Робен ја играат последната сезона во Баерн”, призна претседателот Ули Хенес.

Надежите се дека празнината која ќе остане по заминувањето на крилата, ќе ја пополнат Кингсли Коман и Серж Гнабри, од кои Хенес е задоволен.

„За фудбалер важно е да шутира добро и да биде брз. Ако не си брз, ќе ти биде тешко во Бундеслигата. На први јули составот ќе претрпи измени на неколку позиции. Клупската каса е полна, ќе имаме офанзивна трансфер-политика, но не треба да се очекуваат трансфери од типот на тој на Кристијано во Јувентус. Тој има 33 години и добива 100 милиони годишно”, додава Хенес.

Златната топка 2018 – Koj ќе ја прекине доминацијата на Меси и Роналдо?

Вечерва во Париз (21 часот) ќе се одржи церемонијата за доделување на Златната топка за 2018 година. По една деценија владеење, Меси и Роналдо нема да бидат во потесниот избор, на нивно место се Лука Модриќ, Рафаел Варан, Килијан Мбапе, додека според најавите на одредени влијателни медиуми, се тврди дека и Антоан Гриезман конкурира за едно од трите места.

Во последниве 10 години, Кристијано Роналдо и Лионел Меси ги менуваа местата, двајцата имаат по рекордни пет награди. Последен фудбалер кој ја освои Златната топка пред Аргентинецот и Португалецот беше Рикардо Кака во 2007 година, како член на Милан.

Во изминатиов период се појавија неколку информации дека се избројани поголемиот дел од гласовите, а според нив, Модриќ има најмногу и најверојатно тој ќе ја добие најпрестижната фудбалска награда. Хрватот со тоа ќе додаде уште едно одличје на претходно добиените „FIFA The Best“ и „UEFA Player od the Year“ награди, кои ги собра годинава, исто како и наградата за најдобар играч на Мундијалот кој се одржа во Русија летово.

Од годинава ќе се доделува и Златна топка за жени, а за премиерната награда конкурираат 15 фудбалерки, меѓу кои е и бразилската ѕвезда Марта. Исто така, за првпат ќе се доделува награда на фудбалери помлади од 21 години, наградата се вика „The Kopa trophy“.

Доделувањето на Златната топка е во организација на „Франс фудбал“, а добитникот е изгласан од страна на 180 фудбалски новинари од светот. За Златната топка во женска конкуренција и за играч до 21 години гласаат 45 новинари.

 

Португалија ја доби Швајцарија во битката за титулата во Лигата на нациите

Португалија – Швајцарија и Холандија – Англија се полуфиналните двојки од Лигата А во Лигата на нациите. Ова се одреди со ждрепка во хотелот „Шелбурн“ во Даблин.

Четирите тима кои беа најуспешни во елитната Лига А од новото натпреварување, ќе се борат за првиот историски трофеј, а победникот ќе има прилика да игра на Европското првенство 2020, без разлика на исходот од квалификациите.

 

Завршницата од елитната Лига на нации ќе се игра во Порто и Гимараис во Португалија, во периодот од 5-ти до 9-ти јуни 2020 година. На 5-ти јуни е првото полуфинале во Порто, потоа утредента е второто, а мечевите за трето место и финалето ќе се играат на 9-ти јуни.

Нејмар ја обнови повредата на препоните

Една работа повеќе ги загрижи „светците“ од губитокот на двата бода против Бордо, а тоа е обновената повреда на Нејмар. Бразилецот вчера одново почувствува болка во препоните, па во ремито од 2-2 не го дочека крајот.

Нејмар беше стрелец на водечкиот гол од 1-0 во корист на ПСЖ, но веќе во 57-та минута мораше да го напушти теренот, по што веднаш замина во соблекувалната за му се укаже медицинска интервенција. Повредата на препоните ја заработи за време на репрезентативната пауза со Бразил, поради што пропушти еден меч во француското првенство, а нецелосно оздравен играше против Ливерпул, мечот на којшто го постигна победоносниот гол за 2-1 против „црвените“.

Повредата ја потврди и Тијаго Силва, кој истакна дека Нејмар не сака да излезе од игра доколку нема потреба за тоа.

„Нејмар не е играч кој сака предвреме да го заврши мечот. Тој секогаш игра до последната минута, но штом побара измена, значи дека навистина имал болки. Се надевам дека нема долго да паузира“, истакна Силва по мечот со Бордо.

УЕФА од осминафиналето воведува ВАР технологија во ЛШ

Во интерес на регуларноста на натпреварите од најсилното клупско фудбалско натпреварување на светот, Лигата на шампионите, Извршниот комитет на УЕФА денеска одлучи да воведе користење на видеотехнологија, популарниот ВАР, и тоа уште од осминафиналето во февруари.

Претходно најавите беа дека европската куќа на фудбалот ќе воведе ВАР од финалето натаму, но под притисок на клубовите, на состанокот во Даблин е решено и во нокаут-фазата судиите да имаат помош од видеоснимките за правилно да проценат и досудат некој спорен момент кој може да има влијание врз резултатот.

Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, не е голем љубител на ВАР, тој за време на Мундијалот во Русија ја критикуваше примената на технологијата, но во последните месеци го смени мислењето откако ги увиде позитивните работи кои ги носи ВАР. Сега тој изјави дека ЛШ е како Ферари или Порше и мора сите работи да функционираат беспрекорно, а не само делумно. Денешниот фудбал е доста брз и во некои ситуации, само забавена снимка од камера може да долови некој момент.

 

Кристијано даде гол од 50 метри (Видео)

Победата на Кашива Рејсол над Гамба Осака од 4:2, мина во знакот на Кристијано, но не Роналдо, туку само Кристијано, бразилски фудбалер кој настапува во земјата на изгрејсонцето.

При резултат 3-1 за неговиот тим, деветката на Кашива се најде на центарот на игралиштето, си ја намести топката на десната нога, виде дека гостинскиот голман е доста напред и реши да испали „бомба“. За негова среќа, а и за радост на публиката, шутот беше прецизен и топката влезе во голот за делириум на трибините и водство од 4-1.

Ова беше меч од последното коло на регуларната сезона, а Кашива остана претпоследна на табелата, па ќе игра плејаут со надеж дека ќе го задржи прволигашкиот статус.

Голот на 31-годишниот Кристијано да Силва вреди да се погледне:

https://www.youtube.com/watch?v=wAwiD3-mC9U

Победа на гостите на „Бергамо“ е реткост, ќе му биде тешко и на Наполи

Почетокот на работната недела значи и заокружување на редовните кола во топ 5 лигите од Европа. Пет нови средби се предвидени за денес, а ние продолжуваме да ви нудиме помош при составувањето на тикетите кои можат да ви донесат добивки во Sport Life обложувалниците.

Атланта – Наполи (20.30 часот)

Гостувањето во „Бергамо“ е секогаш тежок предизвик за калчолигашите, па така ќе биде и за Наполи. Но, за избраниците на Карло Анчелоти победа е единствената опција, во спротивно ќе заостанат зад Јувентус со двоцифрен број поени. Наполи чекаше три години да ја совлада Аталанта на нејзин терен, а токму минатата сезона успеаја со минимални 1-0 да украдат три бода, што значи имаат рецепт како да ги надиграат фудбалерите на Гасперини. Според последните пет меѓусебни пресметки, Наполи води со 3-2, а за Аталанта ова е добра шанса да се наплатат сметките.

Предлог тип: X2 & GG (2.30)

 

Нирнберг – Баер Леверкузен (20.30 часот)

Пласманот во нокаут-фазата од Лигата на Европа треба да ги растовари „фармацевтите“ да играат со поголема слобода. Гостувањето кај Нирнберг е одлична шанса да направат барем за едно место исчекор на табелата во Бундеслигата. Нирнерг, пак, е во незавидна позиција по 12 меча во германскиот шампионат. Само со две победи, стои на 16-тото место со 10 бода, кое воедно значи и плејаут, односно борба за испаѓање.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.95)

 

Леванте – Атлетик Билбао (21 часот)

Време е за Леванте да им стави крај на трите неуспеси во низа и пред своја публика да се радува против непрепознатливиот Атлетик Билбао. Баскијците уште од првото коло во новата сезона немаат забележано триумф, а Барди и дружината ќе треба да се погрижат така и да остане по оваа средба. При евентуална победа, Леванте ќе се доближи до позициите кои водат во Европа, би имле еднаков број бодови како шесто, односно седмопласираните Жирона и Еспањол (21).

Предлог тип 1X 1-3 (2.45)

 

Фенербахче – Касимпаша (18 часот)

Ниту смената на шефот на стручниот штаб не доведе некои драстични промени во редовите на Фенербахче. Екипата за која настапува Елиф Елмас се наоѓа на едно место пред зоната за испаѓање. Никој не очекуваше дека турскиот гигант ќе се најде во ваква неповолна позиција по 13 натпревари, а денес го очекува нов тест, односно меч против второпласираниот Касимпаша. Иако не се во посакувана форма, на „фенерите“ мора да им тргне од некаде, па се надеваат дека тоа ќе се случи токму против едно од пријатните изненадувања годинава во Турција.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.15)

 

Рио Аве – Спортинг Лисабон (21.15 часот)

Поразот од 4-2 против Портимоненсе му дојде како шамар на Спортинг, а по тој меч беше сигурен на три средби во низа во португалскиот шампионат. „Лавовите“ вечерва гостуваат кај тимот кој заостанува со четири бода зад нив на табелата, но фудбалерите на Марсел Кајзер повеќе гледаат кон врвот отколку да трошат време гледајќи кој е под нив. Триумф ги носи на второто место и заостаток од два бода за лидерот и актуелниот првак Порто.

Предлог тип: 2 & T2 2+ (2.30