Нејмар ја обнови повредата на препоните

Една работа повеќе ги загрижи „светците“ од губитокот на двата бода против Бордо, а тоа е обновената повреда на Нејмар. Бразилецот вчера одново почувствува болка во препоните, па во ремито од 2-2 не го дочека крајот.

Нејмар беше стрелец на водечкиот гол од 1-0 во корист на ПСЖ, но веќе во 57-та минута мораше да го напушти теренот, по што веднаш замина во соблекувалната за му се укаже медицинска интервенција. Повредата на препоните ја заработи за време на репрезентативната пауза со Бразил, поради што пропушти еден меч во француското првенство, а нецелосно оздравен играше против Ливерпул, мечот на којшто го постигна победоносниот гол за 2-1 против „црвените“.

Повредата ја потврди и Тијаго Силва, кој истакна дека Нејмар не сака да излезе од игра доколку нема потреба за тоа.

„Нејмар не е играч кој сака предвреме да го заврши мечот. Тој секогаш игра до последната минута, но штом побара измена, значи дека навистина имал болки. Се надевам дека нема долго да паузира“, истакна Силва по мечот со Бордо.

- Оглас -

Најнови вести