10.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9888

Колумбус ја уништи одбраната на Детроит

Колумбус блу џекетс славеше на гостувањето кај Детроит со 7:5 во најинтересниот и најефикасен меч во хокеарската НХЛ-лига одигран рано утрово.

„Сините јакни“ ја добија првата третина со убедливи 3-0, подоцна поведоа и со 5-1, но потоа и „црвените крила“ заиграа поефикасно, дојдоа до 5-6, напаѓаа со сите сили и со играч плус без голман, но на 91 секунда до крајот, гостите постигнаа гол во празната мрежа на Детроит и дефинитвно го одлучија победникот.

Детроит е во криза, има три порази по ред, а Џон Торторела од Колумбус стана американски тренер со најмногу победи во НХЛ. Ниту еден друг тренер роден во САД нема 589 победи.

Во добра форма е Вашингтон капиталс, кој има серија од шест победи по ред. Интересно беше и на дуелот меѓу Флорида и Њу Џерси. Домашните победија по продолжение, со гол кој падна на 1,28 минути по почетокот на екстра периодот. Мајк Хофман најпрвин имаше статива, а 25 секунди подоцна даде гол за победа.

РЕЗУЛТАТИ: Флорида – Њу Џерси 4:3, Њујорк ајландерс – Вашингтон 1:4, Њујорк ренџерс – Отава 4:2, Торонто – Бостон 4:2, Детроит – Колумбус 5:7.

За Рома поважен е натпреварот со Интер отколку со Реал?

Доколку Един Џеко не настапи на вечерашната пресметка против Реал Мадрид од Лигата на шампионите, во Рома ќе покажат дека и не им толку важен мечот и дека поважно ќе им биде да го имаат на располагање „босанскиот дијамант“ за натпреварот со Интер претстојниот викенд.

Рома и Реал се во битка за првото место во групата Г од ЛШ, но на „волчицата“ за неколку дена ѝ претстои уште еден важен меч, овојпат од Серија А, во кој се среќава со Интер. Најавите од Рома се дека до пред самиот меч со Реал, нема да се знае дали Џеко ќе игра или ќе биде поштеден за да биде целосно фит за дуелот со ривалот од Милано.

Џеко на денешниот тренинг се пожалил на повреда во задниот дел на бутниот мускул, не го довршил тренингот и настапот му е неизвесен. Ако не може да игра најефикасниот играч на Рома (во ЛШ даде половина од головите на тимот), прва напаѓачка опција ќе мора да биде Патрик Шик.

Магичниот Дурант го растури Орландо

Голден стејт вориорс се врати од 18 поени негатива и го совлада тимот на Орландо меџик со 116:110 за вкупно 15-та победа сезонава. „Воините“ беа предводени од Кевин Дурант, кој постигна личен овосезонски рекорд од 49 поени, а му недостасуваше една асистенција за дабл-дабл. Имаше помош и од Клеј Томпсон, кој заврши со 29 поени, со 50% реализација од шутот за три поени, 6/12.

Никола Вучевиќ повторно импресионираше под обрачите, но за разлика од мечот против Лејкерс, неговите 30 поени сега не беа доволни за Орландо да запише нов триумф.

 

Во главниот град свое шоу направи Џејмс Харден. Ѕвездата на Хјустон постигна неверојатни 54 поени и 13 асистенции против Вашингтон визардс, меѓутоа не го спаси својот тим од 10-тиот пораз. „Ракетите“ по продолжението ја загубија средбата со 135:131. Домаќините беа предводени од Џон Вол со 36 поени и 11 асистенции, како и Бреди Бил со 32 поени.

 

Резултати НБА:

Шарлот хорнетс – Милвоки бакс 110:107

Кливленд кавалирс – Минесота тимбервулвс 95:102

Вашингтон визардс – Хјустон рокитс 135:131

Чикаго булс – Сан Антонио спарс 107:108

Њу Орлеанс пеликанс – Бостон селтикс 107:124

Јута џез – Индијана пејсерс 88:121

Голден стејт вориорс – Орландо меџик 116:110

Експлозии низ Атина: Хулигани на Ајакс ги нападнаа Грците (Видео+Фото)

Вечерва еден дел од Атина изгледаше како воена зона. Хулигани на Ајакс, потпомогнати од „колеги“ од полска Краковија и од фанови на Панатинаикос, ги нападнаа приврзаниците на АЕК. Некогашниот европски првак Ајакс треба да гостува против АЕК, во меч од петтото коло во Лигата на шампионите, но според тоа што се случуваше вечерва, можно е мечот и да не се одигра.

Хулиганите на Ајакс со помош на своите пријатели од Панатинаикос и Краковија тргнаа во потрага на фановите на АЕК. Набрзо го најдоа барот каде што се собираат симпатизерите на овој грчки клуб и многу брзо започна „улична војна“.

https://twitter.com/CasualMind_/status/1067169632174395394

 

 

Заврши црниот понеделник за Њукасл

Бен Ми со автогол и Кјеран Кларк со голови во раната фаза од мечот му донесоа победа на Њукасл против Барнли од 2-1 и ја прекинаа црната серија од 10 порази по ред кога тимот играл во понеделник навечер.

Њукасл го надигра Барнли и го освои десеттиот бод од 12 можни во последните четири кола. Ми си постигна ефектен автогол во четвртата минута, а Кларк најави сигурен триумф на гостите со погодок во 23-тата минута.

Домаќините по пауза од половина век, сезонава играа квалификации за настап во Лигата на Европа и заморот се почуствува во нивната игра. Имаа сили само за почесен погодок, го постигна Сем Воукс во 40-тата минута, но поразот не можеше да се избегне.

Со три победи по ред, Њукасл побегна од дното на табелата и сега е 13-ти со 12 бодови. Барнли има три помалку и е само една позиција над опасната зона за испаѓање од Премиер лигата.

Конечно радост на „Аноета“, прва домашна победа на Реал Сосиедад

Навивачите на Реал Сосиедад конечно се израдуваа на победа на своите миленици во Сан Себастијан, а прва жртва на „Аноета“ сезонава е Селта Виго.

Баскијците победија со 2-1, со головите на Ојарзабал и Зурутуза, а ова е прв домашен триумф, дури во седмиот меч на „Аноета“, за Реал Сосиедад.

Некогашниот бастион, каде што многу тешко се освојуваа бодови во шпанското првенство, сезонава чекаше триумф долго и го дочека вечерва.

По предноста на Реал Сосиедад од 2-0, Селта се закани со голот на Макси Гомес во 82-рата минута, но немаа сили да дојдат барем до реми.

По последниот меч од 13-тото коло, тимот од Сан Себастијан се проби на осмата позиција со 19 бодови, а Селта падна на 15-тото место со 14 бодови.

Калјари и Торино одиграа во калчо-стил

Калјари и Торино одиграа во калчо-стил, без голови во последниот меч од 13-тата рунда во Серија А. Гостите ја имаа иницијативата, се обидуваа да ја затресат мрежата на Крањо, но немаа прецизен удар.

Со ремито, домаќините ја прекинаа незгодната серија од четири порази по ред против Торино, а за првпат не примија гол од денешниот ривал по 9 натпревари во низа.

Двете екипи со ремито без голови останаа во долниот дел на табелата во најсилната италијанска лига. Торино е на 11-тата позиција со 18 бодови, а Калјари има три помалку и е за две места полошо пласиран.

Кошќелни повеќе му одмогна отколку што му помогна на Илиев – Младинците на Дерби го декласираа Арсенал

Дејан Илиев бранеше цел меч за младинците на Арсенал во развојната лига на Англија, но немаше ден и прими пет голови во поразот на младите „топчии“ од Дерби каунти.

Домашниот тим беше многу подобар и победи со 5-0 во првиот меч на Илиев на голот на Арсенал по репрезентативната пауза.

Интересно е што во второто полувреме во игра за гостите од Лондон влезе и Лоран Кошќелни, кој е стандарден првотимец на првиот тим на „топчиите“, но се враќа од повреда. Ниту францускиот репрезентативец и капитен на тимот А не им помогна на младите фудбалери на Арсенал да избегнат висок пораз.

Напротив, откако Кошќелни влезе во игра во 46-тата минута, Арсенал прими четири гола. Во второто полувреме имаше и три исклучувања, две кај гостите и едно кај домашниот тим.

Му се слоши на помошниот судија, мечот Барнли – Њукасл одложен за во 21.30 часот

Барнли и Њукасл ќе играат вечерва од 21.30 часот, а одложувањето на стартот на мечот за половина час е поради здравствените проблеми на еден од помошните судии.

На „аутриктерот“ Еди Волстенхолм му се слошило непосредно пред почетокот на мечот, пренесен е во болница во стабилна состојба, па имаше кусо одложување.

Барнли му е домаќин на Њукасл во последниот меч од 13-тото коло во Премиер лигата.

Џикиќ фати ритам со Будуќност – По ЦСКА, падна и Задар во АБА-лигата

Александар Џикиќ полека, но сигурно го реди победничкиот мозаик на Будуќност, а неговата екипа ја прокнижи четвртата победа по ред во АБА-лигата.

Поранешниот македонски селектор со своите избраници лесно го освои Задар и славеше во салата „Крешимир Ќосиќ“ со 89:69.

По подвигот во Евролигата и триумфот против ЦСКА Москва, Будуќност одигра уште еден одличен меч. Странците во составот на тимот од Подгорица, Џексон и Кларк, со заеднички ефект од 31 поен ги предводеа гостите до седмата победа во АБА-лигата.

Будуќност сега е на второто место со 7 победи и два порази, зад Црвена ѕвезда со максимален учинок. Македонија годинава по подолго време нема свој претставник во Регионалното натпреварување.