Кошќелни повеќе му одмогна отколку што му помогна на Илиев – Младинците на Дерби го декласираа Арсенал

Дејан Илиев бранеше цел меч за младинците на Арсенал во развојната лига на Англија, но немаше ден и прими пет голови во поразот на младите „топчии“ од Дерби каунти.

Домашниот тим беше многу подобар и победи со 5-0 во првиот меч на Илиев на голот на Арсенал по репрезентативната пауза.

Интересно е што во второто полувреме во игра за гостите од Лондон влезе и Лоран Кошќелни, кој е стандарден првотимец на првиот тим на „топчиите“, но се враќа од повреда. Ниту францускиот репрезентативец и капитен на тимот А не им помогна на младите фудбалери на Арсенал да избегнат висок пораз.

Напротив, откако Кошќелни влезе во игра во 46-тата минута, Арсенал прими четири гола. Во второто полувреме имаше и три исклучувања, две кај гостите и едно кај домашниот тим.

- Оглас -

Најнови вести