11.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025
Дома Blog Страница 9900

Дербито Роналпин во знакот на Лион

Лион со минимални 1-0 го совлада Сент Етјен во дербито Роналпин во Франција. „Лавовите“ до утре ќе стојат на второто место во францускиот шампионат, со 27 бода, еден повеќе од Лил.

За осмиот овосезонски триумф, домаќините стигнаа со голот на дефанзивецот Џејсон Денајер во 62-та минута, кој со глава ја заби топката во голот на противникот по одлично изведениот корнер на Депај.

Лион во последните 20 минути од средбата играше со играч помалку, откако Рафаел заработи директен црвен картон, но „лавовите“ успеаја да ја сочуваат мрежата и да ги запишат новите бодови.

 

Расположената Барса подобра од „манекените“ од Милано

Барселона го совлада Армани Милано со 90:80, комплетирајќи го 9. коло во Евролигата. Гостите ја освоија првата четвртина со 25:24, но, кошаркарите на Светислав Пешиќ не дозволија изненадување пред своја публика.

Барса во последниот период влезе со +20, па иако Милано се обидуваше да направи сензација, тоа не се оствари.

Хертел со 20 поени го предводеше каталонскиот состав, Курич заврши со 15, а 12 поени додаде Томиќ. Џејмс Мајк беше најрасположен од редовите на Милано, реализираше дабл дабл учинок од 19 поени и 10 асистенции.

Воланд донесе три бода за „фармацевтите“ против Штутгарт

Баер Леверкузен го совлада Штутгарт со 2-0 на отворањето на 12. коло во Бундеслигата. Домаќините до три бода стигнаа благодарение на расположениот Кевин Воланд, кој на два пати ја тресеше мрежата на Штутгарт.

По мирното прво полувреме, со дополнителни сили Леверкузен успеа да слави, а Воланд ги постигна двата погодоци во 76-тата, односно 83-тата минута.

Со овој триумф, „фармацевтите“ сега се наоѓаат на 10-тата позиција на табелата со 14 освоени бодови, додека Штутгарт и натаму ќе остане на дното во Бундеслигата, со само осум бода.

Нема веќе непоразени: Сензационален триумф на Будуќност против ЦСКА

Откако вчера Реал Мадрид го претрпе првиот овосезонски пораз, иста судбина вечерва ги снајде и ЦСКА Москва. Рускиот гигант загуби на гостувањето кај Будуќност со минимални 93:92.

Сензационалниот меч во Подгорица се подели во две сценарија. Откако првите два периоди припаднаа на гостите, кошаркарите на Будуќност во вториот дел успеаја да надохнадат 17 поени негатива, а до комплетен пресврт и само втора победа сезонава стигнаа во последните моменти од мечот.

ЦСКА го имаше резултатот во своја корист на помалку од четири минути до крајот, а целиот труд им пропадна во вода на пет секунди до последниот свиреж. Будуќност во својот последен напад дури по третиот обид успеа да поведе со 93:92, а Хигинс го промаши шутот за евентуална победа на ЦСКА.

Кларк и Гордиќ го предводеа домаќинот со 18, односно 17 поени. ЦСКА не го избегна првиот пораз во Евролигата, и покрај 19-те поени на Де Коло.

Басконија го совлада тимот на Панатинаикос со конечни 86:77 и така ја прекина серијата од три порази во низа.

 

 

Се огласи и УЕФА: Нема нерегуларности со допинг тестот на Рамос

УЕФА негираше дека имало нерегуларности со допинг контролата на Серхио Рамос по финалето во ЛШ против Јувентус. Според нив, целосниот процес поминал во најдобар ред, за третманот биле информирани сите организации (ВАДА и УЕФА) од страна на медицинскиот тим на Реал.

„УЕФА ги негира сите отпужби дека Рамос бил позитивен на допинг тестот, и дека целиот третман бил под контрола и согласно со правилникот на ВАДА(светска анти-допинг агенција)“, стои во соопштението на УЕФА.

ВАДА и ФИФА имаат право да реагираат на секоја одлука од страна на УЕФА во врска со допинг контролите. Но, според овие организации, УЕФА не направила никако пропуст и затоа немало потреба да се реагира.

Рамос на ден пред финалето против Јувентус, примил две инјекции со супстанцата дезаметозан, која може да се користи согласно со правилата на УЕФА.

Барди во ТОП 5: Македонскиот „снајпер“ со еден од најубавите голови во ЛН

Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди, со погодокот против Гибралтар се најде меѓу фудбалерите кои ги постигнаа најубавите голови во групната фаза од Лигата на нации. Фудбалерот на Леванте со својот убавец ја започна голедата на „Филип Втори“ во победата од 4-0.

Во следниот прилог можете да ги видите сите најдобри погодоци:

https://twitter.com/UEFAEURO/status/1065945256598953985

Пепе Реина купи акции од шпански третолигаш за да го спаси од банкрот

Голманот на Милан, Пепе Реина, купи акции од шпанскиот третолигаш Мурсија, со цел да го спаси клубот од банкрот. Искусниот чувар на мрежата се огласи преку Твитер, поттикнувајќи и други луѓе да го сторат истото.

По неколку смени на раковдството, Реал Мурсија сега се наоѓа во третата шпанска дивизија. Секој кој посакува, може да купи 10 акции во вредност од 1,22 евра.

Реина не истакна колку акции се во негова сопственост, но се надева дека и други ќе го следат неговиот пример и ќе помогнат на овој клуб да опстане и покрај финансиските проблеми.

https://twitter.com/PReina25/status/1065248193347227655

Швед им пресуди на Литванците

Химки ја запиша третата овосезонска победа на гостувањето во Каунас, рускиот тим го совлада Жалгирис со конечни 84:83. Првата ѕвезда на Химки, Алексеј Швед, беше повторно во расположено издание и одново се истакна како човекот од одлука.

Домаќините добро ја отворија средбата, ја освоија првата четвртина со 26:19, но наместо да продолжат со ист ритам, Химки ја искористи неконстантноста на противникот. Кон средината на третиот период, екипата од Москва ја презеде контролата врз топката, па до крајот ја чуваа малата предност, пред се, благодарение на Швед.

Русинот заврши со дабл-дабл учинок од 25 поени и 10 асистенции, Марковиќ придонесе за победата со 13 поени. Кај поразените, Брендон Дејвис се истакна како најефикасен кошаркар со 21 поени, а во својата статистика додаде и 12 скока.

Експресна реакција на Реал: Рамос е чист!

Реал Мадрид ги отфрли сите оптужби дека Серхио Рамос паднал на допинг тестот по финалето во ЛШ против Јувентус, тврдејќи дека немало неправилности и случајот бил веднаш затворен.

„Серхио Рамос никогаше не користел недозволиви супстанци, ниту ги прекршил анти-допинг правилата. УЕФА побара инфомации во врска со тој случај, и веднаш го затвори истиот, бидејќи експерти од светската анти-допинг агенција, како и од УЕФА, потврдија дека немало нерегуларности. За останатите шпекулации нема потреба да коментираме“, стои во соопштението на Реал.

Германскиот весник „Дер Шпигел“ објави информации од „фудбал ликс“, според кои се тврди дека Рамос користел средства кои можат да се употребат само доколку УЕФА го дозволи тоа и ако е навремено информирана.

Каде е Рамос, таму се и скандалите: Паднал на допинг тест по финалето во ЛШ

„Фудбал ликс“ повторно напаѓа. Германскиот таблоид, „Дер Шпигел“ објави информации од „фудбал ликс“ во врска со Серхио Рамос. Имено, капитенот на Реал Мадрид бил позитивен на допинг тест по финалето во Лигата на шампионите во 2017 година, во кое Реал го совлада Јувентус со 4-1.

Шпанецот бил позитивен на дезаметозан, супстанца која може да се користи само ако УЕФА е навремено информирана, а од медицинскиот тим на „кралевите“ не обавестиле навреме. Шефот на медицинскиот тим целосно ја презеде одговорноста за овој пропуст, па УЕФА одлучила да им прости на Реал и на Рамос, и да не покрене дисциплинска постапка.

За работите да бидат уште полоши, ваков сличен пропуст се случил и во февруари 2017 година. „Фудбал ликс“ тврди дека во таборот на Реал требало да има „случајно“ тестирање во тренинг центарот на клубот, по што настанала тензија меѓу играчите, па тестирањето било направено од страна на медицинската екипа на Реал, што е против правилата на УЕФА.