11.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9899

Девојка ги „трола“ Меси, Роналдо, Погба, особено Нејмар (Видео)

Една девојка одлучи да ги презентира своите имитаторски способности и веднаш ги освои срцата на сеирџиите и мнозинството фудбалски фанови. Таа покажа како некои од најголемите фудбалски ѕвезди на светот ги изведуваат пеналите, и откако ќе дадат гол, како се радуваат.

Имитацијата е одлична, а најмногу коментари и смеење предизвикува начинот на кој девојката се мајтапи со Бразилецот Нејмар.

Погледнете за што станува збор:

Хорор за фановите на Вориорс – Стеф Кари имаше сообраќајна несреќа (Видео)

Бекот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, учествуваше во верижен судир на три автомобили, а за среќа тој остана неповреден, за разлика од неговото „Порше“ кое е прилично оштетено. После инцидентот, Кари сепак безбедно стигна со тренинг центарот.

Сообраќајката се случила на автопатот надвор од Оукленд. Еден човек со автомобил од марката „Лексус“, ја загубил контролата и се удрил во ѕид, а одбивајќи се, го закачил Поршето на Кари. Потоа автомобилот на Кари бил удрен и од задната страна од трета кола.

Кошаркарот се обрати на Твитер, заблагодарувајќи му се на Господ и на фановите.

„Не треба да потсетувам, но цело време Господ е голем, и Господ е голем цело време. Ги ценам сите ваши пораки кои ми ги испративте како поддршка“ – напиша Кари кој поради повреда на препоните, не играше на натпреварот со Портланд кои „воините“ го добија.

Погледнете видео од местото на настанот:

Барса нема да загуби на „Ванда“

Националните шампионати се враќаат во понудата на SPORT LIFE на голема врата, се покажа дека на прогнозерите подобро им оди кога за викенди има клупски, а не репрезентативен фудбал, но тоа што има доста дербија, ќе значи и разновидност во прогнозите. Квотите на денот на SPORT LIFE, нудат фудбалски мечеви и комбинација на конечен тип и број на голови, а ние ви помагаме при прогнозирањето со актуелности и мини-анализи.

Вест Хем – Манчестер сити (16 часот)

Гостите ќе се обидат да дојдат до трите бода и за да немаат проблем, ќе мора отпорот на „чеканите“ да го скршат уште во првото полувреме. Двата тимаа имаат повредени играчи, но Сити има поголем избор и затоа хендикепот е помал за нив. Вест Хем има само една победа на последните пет меча. Сити четири години нема пораз на гостување кај Вест Хем. Затоа мислиме дека тука е можна голејада, исто како на последнот нивен дуел на кој паднаа пет гола (4:1).

Предлог тип: 2-2 & 2-5 (2.55)

 

Јувентус – СПАЛ (18 часот)

Со 11 победи и една нерешена, Јувентус е неприкосновен во Италија, а СПАЛ е меѓу најнеефикасните тимови во лигата. Лани Јуве дома победи со 4:1. Ова му е добра шанса на тимот од Торино да остане цврсто на врвот и одморениот Кристијано Роналдо (не играше за репрезентацијата) да ја продолжи голгетерската низа.

Предлог тип: 1 & 3-5 (2.00)

 

Атлетико Мадрид – Барселона (20.45 часот)

Победа на Атлетико ќе ја симне Барселона од врвот на табелата, но проблемот на „јорганџиите“ е од психолошка природа, осум ипол години не славеле против каталонците во првенствен меч. Колку е тоа далечно минато, покажува дека тогаш головите ги дадоа Форлан и Симао Саброса, а стрелец за Барса беше Ибрахимовиќ. Барса киксираше во минатото коло против Бетис, одбраната редовно прима голови, но нападот знае да го покрие тој недостаток.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.25)

 

Тотенхем – Челзи (18.30 часот)

Овие два лондонски тима на табелата ги дели само еден бод. Тотенхем е во добра форма, има само еден пораз на последните седум меча. Челзи е непријатен гостин, и почна често да игра нерешено. На пет од последните шест меѓусебни дуели, двата тима даваа гол и паѓаа барем три погодоци.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.95)

 

Ривер плате – Бока јуниорс (21 часот)

Откако остана непоразена на гостувањето, екипата на Ривер сега пред своите 70.000 фанaтични фанови ќе се обиде да дојде до толку посакуваната титула во Копа Либертадорес, поразувајќи го ривалот. Домашниот терен и не е толку голема предност во меѓусебните дуели, но ова е шанса која се укажува еднаш во 100 години и Ривер ќе сака да ја искористи. Ако заврши нерешено (сеедно со кој резултат), ќе се играат продолженија.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

Баерн нема веќе избор, победата против Фортуна е императив

Бундеслигата повторно е во погон, веќе почна 12. коло, вчера, со мечот меѓу Баер Леверкузен и Штутгарт (2:0), а денеска повторно со свои предлог типови и анализа на пет натпревари, со вас и со Спорт Манија е Александар Васоски.

Нема дилеми во победи на Баерн и Борусија Менхенгладбах, а верува во ефикасни дуели во Аугсбург и Волфсбург и ново гол-шоу на Борусија Дортмунд.

Еве ги петте предлози на тренерот на Вардар:

 

Баерн Минхен – Фортуна Диселдорф (Сабота, 15.30 часот)

Тука е огромна разликата во квалитет, иако шампионот никако да тргне во посакуваната насока. Баерн никако не смее да си дозволи нов кикс и победата е императив, ако сака да остане во трката за титулата во Бундеслигата.

Гостите од Диселдорф очекувано ќе бијат битка за опстанок, а бодови ќе мора да побараат против останатите ривали. За нив Баерн е пресилен и сигурно ќе ги освои бодовите.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.55)

 

Аугсбург – Ајнтрахт Франкфурт (Сабота, 15.30 часот)

Мојот поранешен тим Ајнтрахт продолжува со импресивните игри. Сигурно освојува бодови и игра модерен, убав фудбал, па и денеска очекувам да бидат ефикасни. Имаат противник по мерка, Аугсбург и дава и прима доста голови, па нема причина и сега да не биде така.

Предлог тип: 3+(1.65) 

 

Волфсбург – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Димаќинот ќе бара начин да избегне трет пораз по ред во првенството. Лајпциг очекува нова победа во низа за да остане во конкуренција со екипите од врвот на табелата. Гостите се фаворити, но очекувам и Волфсбург, кој има добра екипа, да ја затресе мрежата на Лајпциг. Како и на мечот меѓу Аугсбург и Ајнтрахт и овде типувам дека ќе има голови и тоа најмалку три.

Предлог тип: 3+ (1.85)

 

Мајнц – Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30 часот)

Лидерот игра одличен фудбал и во германското првенство и во Лигата на шампионите, успеваат одлично да се држат на двата фронта и верувам дека ќе продолжат во ист ритам. Мајнц ги изненади во финишот на минатата сезона со триумф на „Вестфален“, но овојпат исходот ќе биде поинаков. Очекувам победа на гостите, но посигурен тип според мене е дека Борусија ќе постигна најмалку два гола.

Предлог тип: Т2 (1.55)

 

Борусија Менхенгладбах – Хановер (Недела, 18 часот)

На Борусија Парк досега ниту една екипа не освои бод како гостин и очекувам победничката серија на домаќините да продолжи и утре против Хановер. Пет победи по ред на свој терен е навистина серија за почит, Борусија игра офанзивен фудбал и има голема предност.

Хановер се мачи на гостински терен, успеа двапати да ремизира во шест меча и се уште е без победа, до која тешко ќе стаса на еден од најнезгодните терени за гостува во Германија.

Предлог тип: 1&Т1 (1.70)

 

Спортска прогноза: Дерби до дерби, прогнозирајте до 15:30 часот

Во пресрет е шестото коло на Спортската прогноза. Денес започнуваат новите дуели, кои можат да ви донесат нови вредносни ваучери кои можете да ги искористите во SPORT LIFE, a секако ова е и нова шанса за да се добие главната награда, мобилен телефон „самсунг галакси А6“.

Во денешната програма има неколку дерби пресмети. Во Шпанија ќе се бие битка за првото место меѓу Атлетико Мадрид и Барселона. Тотенхем и Челзи ќе се докажуваат кој е најдобар во Лондон, додека сите со нетрпение го чекаат реваншот меѓу Ривер плате и Бока јуниорс, во борбата за трофејот на Копа Либертадорес.

Се уште ја чекаме првата 12-ка. Дали токму овој викенд ќе го добиеме добитникот на главната награда, останува да чекаме до понеделник.

Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

„Зицери“ во сабота

Сабота е ден за фудбал, но и за нова шанса за добивки во SPORT LIFE. Натпревари се играат насекаде во светот, посебно во Европа, а како и секогаш, најголемо внимание се насочува кон топ 5 лигите на Стариот континент.

За денес одбираме пет парови во кои играат фаворитите од најатрактивните првенства.

Вест хем – Манчестер сити (16 часот)

Почнуваме од Англија, поточно Премиер лигата, каде во седумте денешни дуели игра и шампионот Манчестер сити. „Граѓаните“ гостуваат во Лондон кај Вест хем, а Пеп Гвардиола има намера да остане непоразен и по ова коло. Не само непоразен, туку „мириса“ на нова убедлива победа за Сити.

„Двојката“ на Сити има квота од 1.27, но доколку сметате дека ќе има и голови, комбинацијата 2&3+ нуди коефициент од 1.67.

ПСЖ – Тулуз (17 часот)

ПСЖ и без Нејмар и Мбапе може да забележи нови бодови и да остане перфектен во францускиот шампионат и по 14 меча. Тулуз е во криза, што значи дека на „светците“ им се насмевнува нов триумф. Типот 1-1&3+ нуди квота од 1.72.

Интер  – Фросиноне (20:30 часот)

Избраниците на Лучијано Спалети ќе сакаат што побрзо да го заборават дебаклот од Аталанта во претходното коло, а средбата против Фросиноне е вистински меч за да го направат тоа. Гостите се наоѓаат во зоната за испаѓање по 12 натпревари во Серија А, Интер ќе сака да им создаде дополнителни проблеми, но и да остане во чекор со Наполи и Јувентус.  Предлог тип за овој меч е 1&2-4, со коефициент од 1.93.

Баерн Минхен – Фортуна Дизелдорф (15:30 часот)

Ако Нико Ковач сака да си ја задржи работата во Баерн, неговата екипа денес ќе треба да го декласира аусајдерот. Поразот од Дортмунд од 3-2 уште боли, а раната може да се излечи само со убедлив триумф. Се очекува иназија на голот на Фортуна, Баерн да победи и да даде најмалку два гола во првиот дел, типот 1 & 2+прво нуди квота од 1.75.

Ејбар – Реал Мадрид (13 часот)

„Кралевите“ доживуваат револуција со Сантијаго Солари, а таа треба да продоли и по гостувањето кај Ејбар. И покрај тоа што Реал може да игра без неколку клучни првотимци, победа им е единствена цел. 2&T2 2+ со квота од 1.71 e вистински „зицер“ и добар начин да се започне денот.

Вардар на гости во Брест, Металург го пречекува Силкеборг

Вардар и Металург денес се соочуваат со нови предизвици во ракометната Лига на шампиони. „Црвено-црните“ гостуваат кај секогаш непријатната екипа на Мешков Брест, додека Металург на свое тло го пречекуваат тимот на Силкеборг. Овие средби се шанса за двете екипи да стават крај на своите „мини-црни“ серии.

Пред двата тешки порази од Барселона, Вардар на домашен терен се радуваше на убедлива победа над Мешков, па токму против овој тим имаат шанса да се вратат на победнички патеки. „Црвено-црните“ речиси две години чекаат на триумф во Брест во рамките од СЕХА лигата и ЛШ. Последен пат тоа им успеа во декември 2016 година, во меч од регионалната лига.

И Мешков не е во посакувана форма. Четири порази на последните пет меча во сите конкуренции значи дека има доста проблеми во таборот на белорускиот тим, а сето тоа треба Вардар да го искористи. Мечот од 9. коло се игра во 15 часот.

Првата победа во ЛШ над Чеховски медведи требаше да значи почеток на еден подобар Металург, но, избраниците на Данило Брестовац одново западнаа во проблеми, со три последователни порази. Два од Бешикташ и Спортинг во европското натпреварување, како и претходно загубениот меч против Стеауа во СЕХА лигата.

Денес, на свој терен го пречекуваат тимот на Силкеборг, лидерот во групата Ц. Екипата од Автокоманда е во позитива од 2-1 во меѓусебните дуели против данскиот состав, но при првата овосезонска средба, Металург беше декласиран со 33-25. Во 17:30 часот, Металург ќе има шанса да ги расчисти сметките.

 

Денот „Д“ во Јужна Америка – Ривер и Бока во борба за бесмртност

Дојде денот кога Јужна Америка ќе го добие новиот континентален шампион. Ривер плате и Бока јуниорс (21 часот), одново ги вкрстуваат копјата, две недели по ремито од 2-2 на „Ла Бомбоњера“.

Историската пресметка на најголемите ривали во Аргентина ќе се одлучува на култниот „Монументал“, храмот на Ривер ќе приреди ист спектакл како што приредија најверните фанови на Бока пред 13 дена. За многумина во Аргентина, овој дуел е поважен и од финале на Светско првенство. Не постои подобар начин да се докаже кој тим е подобар, туку во директен дуел за најпосакуваниот трофеј во клупскиот фудбал во Јужна Америка, Токму затоа, 247-то издание на „Суперкласико“ никогаш не било поважно.

Ривер се надева дека ќе продолжи со позитивниот учинок против големиот ривал. На последните пет средби, Ривер три пати се радуваше на победа, додека Бока чека точно една година за да се реваншира. Не успеаја на свој терен, но победа и освојување на престижниот пехар во „пеколот“ на „Монументал“ ќе биде многу послатка.

Но, гостите треба да имаат во предвид дека на овој стадион претрпувале тешки дебакли. Во 1941 година, Ривер ја забележа најголемата победа во историјата против градскиот ривал, 5-1. Од вкупно 246 средби, Бока победила на 88 од нив, Ривер се радувал седум пати помалку, додека 77 меча завршиле без победник.

Иако Ривер ја има предноста на домашен терен, предвидувања за конечен исход нема. Само едно е сигурно, ќе биде тоа борба до последната капка пот. Влезниците се одамна распродадени, а се очекува нов рекорд на гледаност преку ТВ екраните.

 

Марота кова завера против „својот“ Јуве: Го носи Погба на „Џузепе Меаца“

Новиот спортски директор на Интер, Бепе Марота, сака што побрзо да доведе квалитетни засилувања, со цел да можат „нероаѕурите“ да конкурираат на Јувентус во трката за Скудетото. Неговиот план е да го украде Пол Погба пред носот на „старата дама“, клубот со кој успешно раководеше долги години.

Иако Марота се уште не е официјално директор на Интер, во прашање се денови кога тој ќе ја преземе функцијата, а веќе има големи планови за во иднина. Имено, Марота сака да го намами Жозе Мурињо со една од неговите две желби, Иван Перишиќ и Милан Шкрињар.

На португалскиот стратег очајно му треба дефанзивец, како и лево крило, па од таборот на Интер се надеваат дека ќе го добијат Погба доколку еден од овие двајца фудбалери на Интер биде вклучен во понудата за Французинот.

Но, последниот збор го има Погба. „Нероаѕурите“ можат да останат со празни раце, бидејќи плејмејкерот на „црвените ѓаволи“ пред извесно време го нарече Јуве за свој дом во Италија, фактор кој може да пресуди во евентуалната преселба на Погба на „Џузепе Меаца“.

Џикиќ по сензацијата во Подгорица: Вербата нѐ понесе

Шампионот на АБА лигата вчера направи сензација во Подгорица, совладувајќи ги рускиот гигант, ЦСКА Москва со 93:92. Предводникот на Будуќност, Александар Џикиќ, посочи дека неговите кошаркари веруваа во триумф, иако на паузата заминаа со негатива од 14 поени, но тоа не ги спречи да го запишат вториот триумф сезонава во Евролигата, а воедно да ја нанесат првата болка на „армејците“.

„Се гордеам со оваа екипа, пружи максимум за да направи сензација. Се боревме до последниот здив, одбивме да се предадеме пред почетокот на дуелот, одбивме да се предадеме иако на полувреме губевме со 14 разлика од еден гигант како што е ЦСКА. Одлично ја завршивме работата во одбраната, а потоа ни тргна и во нападот. Погодовиме неколку тешки шутеви, во неколку моменти немавме среќа, но таа ни се насмевна кога беше најпотребно. Се вели дека среќата ги следи храбрите, а ние бевме многу, многу храбри во овој дуел. Верувавме дека можеме да парираме на ЦСКА. Бевме конкурентни речиси на сите мечеви досега. Верувавме во нас, а вербата ни донесе ваков триумф“, истакна Џикиќ по мечот.

Победата на Будуќност против ЦСКА значи дека нема веќе непоразени екипи во Евролигата, откако завчера Олимпијакос стави крај на доминацијата на Реал Мадрид.