15.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025
Дома Blog Страница 9913

Рибас: Македонија може да игра на ЕП

Селекторот на Гибралтар, Хулио Рибас, уште пред мечот знаеше дека Македонија е голем фаворит, па победата од 4-0 е повеќе од очекувана.

„Македонија заслужено победи. Имаат подобра екипа од нас. Македонија доминираше во текот на целиот меч и тоа го покажува резултатот. Македонија има одличен тим на сите позиции. Според квалитетот, Македонија треба да биде во посилна група. Може да игра на ЕП. Ние имаме многу млада екипа, 22-23 години. Во иднина треба да играме уште подобро“, рече Рибас по мечот.

Епски „камбек“ на Холандија за пласман во полуфиналето

Холандија ќе си замине од Гелзенкирхен непоразена откако против селекцијата на Германија ремизираше со конечни 2-2. Домаќините имаа два гола предност по првиот дел благодарение на Вернер и Сане, но „лалињата“ во самиот финиш се изборија за реми. Промес намали на 2-1 во 85-тата минута, а Ван Дајк во првата минута од судиското надополнување израмни за конечни 2-2.

Со овој драгоцен бод, Холандија го освои бодот со кој се пласира на Ф4 во Лигата на нациите. Во групата 1 од Сегментот А, Холандија има исто бодови колку и Франција, но со подобра гол-разлика се избори за првата позиција, додека Германија е елиминирана во Сегментот Б.

Чешка со минимални 1-0 славеше против Словачка, па така словенечката селекција во следниот циклус ќе игра во Сегментот Ц.

Бугарите си ги искомплицираа работите, па со ремито од 1-1 на домашен терен против Словенија, испуштија да бидат први во групата 3 од Сегменот Ц, додека Норвешка на гости го совлада Кипар со 2-0, па така Норвежаните со 13 бода обезбедија пласман во следната фаза.

Македонија убедливо славеше над аутсајдерот Гибралтар со конечни 4-0, па нашата репрезентација го потврди учеството на Ф4 од Сегментот Д, додека во вториот меч од групата 4, Лихтенштајн и Ерменија ремизираа со конечни 2-2.

Сигурен од на Македонија – Два чекори нѐ делат од историски настап на ЕП 2020 (Видео)

Македонија рутински со победа од 4-0 против Гибралтар стави печат на првото место во четвртата група од Сегментот Д во премиерното издание на Лигата на нациите, а сега следува вистински предизвик, да се изодат уште два чекори до историски настап на Европското првенство во 2020 година.

Енис Барди со еврогол во 27-мата минута го разби бункерот на скромната селекција на Гибтралтар, а потоа со два гола во второто полувреме успехот го потврди Илија Несторовски. Неговиот соиграч од Палермо, Александар Трајковски, со уште едно ремек-дело во 90-тата минута ни донесе убедлив триумф со четири голови разлика.

Несторовски беше прецизен во 67-мата и во 80-тата минута, вториот гол беше прекрасен, а шлаг на тортата стави Трајковски со бомба во последните моменти од мечот.

Македонија ги заврши натпреварите во фазата по групи со 15 бодови, како првопласирана селекција во четвртата група и ќе биде домаќин на нокаут мечот во полуфиналето, закажан за во март 2020 година.

Противникот ќе се знае утре по дуелот меѓу Косово и Азербејџан, а освен една од тие две селекции, во игра за гостување во Скопје е и Белорусија.

ЛА галакси не го пушта Ибрахимовиќ

Од таборот на ЛА галакси работат на случајот да го задржат Златан Ибрахимовиќ во своите редови. Во изминатиов период се појавија неколку шпекулации дека Златан по една сезона ќе ја напушти МЛС-лигата за да се врати во Милан, што го натераа директорот на клубот Јован Кировски да реагира.

Ибрахимовиќ има уште една година од договорот кој го потпиша со клубот од ЛА, но на големо се шпекулира неговото враќање во Милан, а Кировски вели дека клубот нема да го пушти да си оди без „борба“.

„Ибра е фантастичен фудбалер, неговото присуство во САД не е добро само за нашиот клуб, туку за целата лига. Тој е најдобриот играч кој некогаш заиграл на овие простори. Вистински „убиец“, тој цело време мисли како да постигне што повеќе голови. Неговиот договор со нас и натаму е во тек, сакаме Златан да биде среќен тука, па токму затоа работиме на случајот да го задржиме што подолго тука“, истакна спортскиот директор на Галакси, кој има македонско потекло.

Триесет и седумгодишниот голгетер во својата дебитантска сезона во дресот на Галакси настапи на 27 натпревари, во кои дури 22 пати се запишал во листата на стрелци. Со неговите феноменални игри, Златан ја доби наградата за најдобар новак во лигата за регуларниот дел од сезоната.

Се распука Нестор-гол – Македонија води со 3-0 против Гибралтар (Видео)

Илија Несторовски постигна прекрасен гол во 80-тата минута, втор за него на мечот со Гибралтар, а Македонија веќе води со 3-0 против аутсајдерот во нашата група. Првиот погодок Несторовски го даде со глава, а може да го погледнете ТУКА.

Веднаш по голот, со аплауз од публиката нашиот шпиц го напушти теренот, а на негово место влезе Крсте Велковски, кој се врати во репрезентацијата по долг период.

 

Реприза од Вадуз – По Барди, погоди и Несторовски (Видео)

Енис Барди и Илија Несторовски се потрудија за реприза од пред три дена во Вадуз, кога го победивме Лихтенштајн со 2-0, а и вечерва тие се стрелците и против Гибралтар за предност на Македонија со разлика од два гола.

По ремек-делото на Енис Барди во 27-мата минута, 40 минути подоцна погоди и Нестор-гол по асистенцијата на Кире Ристевски.

Македонија константно напаѓа на дуелот со аутсајдерот во нашата група и има време за уште некој гол до крајот на последниот меч во нашата група.

Победата е веќе извесна и Македонија си обезбеди и меч на свој терен во полуфиналето, што ќе се игра во Скопје, во јуни следната година, со Белорусија или со победникот од утрешниот дуел меѓу Косово и Азербејџан.

 

Потврдено – Меси и Роналдо по 10 години надвор од конкуренција за Златната топка

Францускиот таблоид „Лекип“ го скрати списокот на конкуренти за Златната топка 2018. За првпат по една деценија, Лионел Меси и Кристијано Роналдо не се меѓу тројцата кои ќе ја водат битката за најпрестижната идивидуална фудбалска награда.

Според досега изброените гласови, Модриќ засега е прв на оваа листа, а зад него е неговиот соиграч од Реал Мадрид, Рафаел Варан, додека Килијан Мбапе од ПСЖ ја комплетира тројката.

Победникот официјално ќе биде обелоденет на церемонијата која е закажана за трети декември, а ќе се одржи во Париз.

Барди со гол како на видеоигра: Македонија води против Гибралтар (Видео)

Македонија го скрши отпорот на Гибралтар и поведе со 1-0 благодарение на феноменалниот погодок на Енис Барди. Мајсторот за слободни удари покажа дека и од игра може на уште поатрактивен начин да погоди.

Во 27-мата минута продре по левата страна, се доближи до противничкиот шеснаесетник, но беше откосо. Сепак и таквата позиција не е проблем за Барди, кој шутираше, а топката како на видеоигрите го прелета голманот и заврши во мрежата за водство на Македонија.

 

Заврши сезоната за Бонавентура

Од таборот на клубот од Милано пристигнаа лоши вести. „Росонерите“ останаа без еден од главните играчи во составот на Гатузо, Џакомо Бонавентура. За италијанскиот играч за врска сезоната заврши откако е соопштено дека ќе оди на операција на коленото во САД, а за рехабилитација ќе бидат потребни седум до осум месеци.

Оваа повреда му донесе дополнителни проблеми на „Рино“, кој претходно остана без услугите на Калдара, Мусакио и од неодамна капитенот Ромањоли.

Бонавентура ќе има помош при рехабилитацијата од специјалистот кој работеше со Златан Ибрахимовиќ, кога Швеѓанецот ги скина лигаментите на коленото додека беше член на Манчестер јунајтед.

 

Тажна слика – Македонија бие битка за домаќин во полуфиналето, публиката се брои на прсти

Македонските репрезентативци ќе славаат прво место во премиерното учество во фазата по групи во Дивизија Д пред многу малку публика, а посетата за дуелот со Гибралтар е околу 1.500 луѓе.

Околу илјада се на северната трибина и уште половина, или околу 500, на јужната трибина, што е тажно и по малку срамно за фудбалска Европа.

Македонија е лидер во својата група, речиси сигурно ќе ја исполни првата зацртана цел и со триумф против аутсајдерот Гибралтар ќе си обезбеди право да биде и домаќин во полуфиналниот нокаут-меч во март 2020 година. Но и тоа не беше предвизвик, пред сè за скопјани, но и за цела Македонија, барем пристојно да ги исполнат трибините на националната арена со капацитет од 33 илјади места.