Заврши сезоната за Бонавентура

Од таборот на клубот од Милано пристигнаа лоши вести. „Росонерите“ останаа без еден од главните играчи во составот на Гатузо, Џакомо Бонавентура. За италијанскиот играч за врска сезоната заврши откако е соопштено дека ќе оди на операција на коленото во САД, а за рехабилитација ќе бидат потребни седум до осум месеци.

Оваа повреда му донесе дополнителни проблеми на „Рино“, кој претходно остана без услугите на Калдара, Мусакио и од неодамна капитенот Ромањоли.

Бонавентура ќе има помош при рехабилитацијата од специјалистот кој работеше со Златан Ибрахимовиќ, кога Швеѓанецот ги скина лигаментите на коленото додека беше член на Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести