10.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025
Дома Blog Страница 9918

Страшна несреќа, среќа што нема жртви: 17-годишна се „залепи“ во оградата (Видео)

Софија Флерш е 17-годишната тинејџерка која денеска имаше голема среќа во несреќата која и се случи. Младата Германка вози во Ф3, а доживеа тешка несреќа на трката низ улиците на Макао.

Инцидентот се случи веднаш по стартот на трката. Софија со својот болид едноставно „летна“ во заштитната ограда. Неколку стујарди кои беа во близина беа повредени, но чудо е како Софија остана, не само жива, туку и свесна. Дури успеала и да одговори на прашањата кои и ги поставиле.

Трката повеќе од еден час беше прекината, а потоа продолжи. Софија и неколкумината стујарди кои беа повредени завршија во болница.

Адеми е подобар ќе конкурира за мечот со Гибралтар

Аријан Адеми ги надмина проблемите со тахикардијата, за среќа не е ништо сериозно и тој ќе конкурира за место во првиот состав за утрешниот меч против Гибралтар во Лигата на Нации.

„Адеми се чувствува подобро, проблемите се надминати и ќе биде во конкуренција за настап на мечот против Гибралтар“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Адеми непосредно пред мечот со Лихтенштајн во Вадуз што го добивме со 2:0 имал проблеми со срцето, го мачела тахикардија и несоница, па беше изоставен од составот.

Сега се е в ред и Адеми ќе може да игра утре од 20,45 часот на националната арена во Скопје.

Португалија ќе биде домаќин на завршницата на елитната Лига на нации

Пласманот на фајнал-форот во Лигата на нации, Лига А, за Португалија значеше доверба од УЕФА, најзападната европска земја да биде домаќин на завршницата. Финалниот турнир ќе се игра од 5 до 9 јуни (полуфиналињата на 5  и 6 јуни, на 9 јуни мечеви за трето место и финале), а ждрепката за полуфиналните двојки ќе се влече на 3 декември во Даблин.

Кандидатури имало и од Италија и Полска, но услови беа и турнирот да се игра во два града со максимална оддалеченост од 150 километри и да има стадиони со капацитет поголем од 30.000 седишта, или еден град со два такви стадиони, како и репрезентацијата да обезбеди место. Бидејќи Италија и Полска веќе не се во игра, европскиот првак ќе биде домаќин на четирите најдобри во Лига А.

Покрај Португалија, во конкуренција се Франција и Холандија од групата 1, Белгија или Швајцарија од групата 2, а Шпанија, Англија и Хрватска од групата 4.

На Белгија ѝ одговара и реми против Швајцарија

Пресметките во Лигата на нации кои се играат денеска, ја прават понудата интересна и незаобиколна. Дербито е секако во Луцерн, каде што Швајцарија ќе ја пречека Белгија и ќе треба да ја победи, за да биде прва и да обезбеди место во плејофот. Квотите на денот на SPORT LIFE се од фудбалски мечеви од Лига на нации, но како дополнување, го уфрливме и тениското финале на сезоната и ви помагаме при прогнозирањето со мини-анализи.

Швајцарија – Белгија (20.45 часот)

После разочарувањето во пријателскиот дуел со Катар, Швајцарија со сите сили ќе се обиде да ја совлада Белгија, но на гостите им одговара и нерешено, и можеби ќе чекаат домаќинот премногу да се отвори и да го „закопаат“ со некоја контра. Белгија не е тим кој игра на 0:0, посилна е од Швајцарија, а и притисокот е врз домаќините. На СП во Русија беа последниот пораз на Белгија и последниот нерешен исход на Швајцарија.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.15)

 

Северна Ирска – Австрија (18 часот)

Од Лига Б, се игра само еден меч, кој нема никакво резултатско значење. С. Ирска сигурно испаѓа во Лига Ц, додека Австрија останува во втората лига, без шанса за напредок или назадување. Ова значи дека двете селекции се растоварени, и би требало да одиграат отворено на голови, за публиката во Белфаст.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.25)

 

Грција – Естонија (20.45 часот)

Овој меч е незгоден за типување. И Грците и Естонците играат тврди мечеви, без премногу голови, и тешко е да се очекува дека некој ќе победи со убедлива разлика. Ако не се смета дуел со Гибралтар, Грција никому не дала три гола цели три ипол години. Но, Естонија има само еден бод и можеби мотивите им се на нула. Ако дадат гол, лесно може да биде и 3+.

Предлог тип: 3+ (2.25)

 

Унгарија – Финска (20.45 часот)

Ниту едните, ниту другите, немаат којзнае каков напаѓачки потенцијал. Финска нема нерешено на последните осум меча, последен пат ремизираше 0:0 против Македонија на 23 март. Последните седум меча им се 0-2 гола. Финска оди во Лига Б, а Унгарија ќе игра за своите навивачи.

Предлог тип: Х (3.10)

 

Ѓоковиќ – Зверев (19 часот)

Не е лесно да се победи еден ист противник двапати во четири дена, но Новак Ѓоковиќ има форма, квалитет и сила, повторно да го совлада Александар Зверев. Последните два меѓусебни дуели на овие тенисери завршија со убедливи победи на Србинот. На 14 ноември, беше 6-4, 6-1 за првиот светски рекет. Од Вимблдон наваму, Ѓоковиќ против Топ 10 тенисерите нема загубено ниту еден сет.

Предлог тип: 1 & >20.5 (2.05)

Гвардиола не би бил првак со Јунајтед, Мурињо со Сити, да

Поранешниот велшки фудбалер со големо премиерлигашко искуство, Роби Севиџ, изјави дека Жозе Мурињо не е највиновен за скромните резултати на Манчестер јунајтед сезонава, туку едноставно, со тие играчи што ги има на располагање, вади максимум.

Според Севиџ, разликата во квалитет помеѓу клубовите од Манчестер е голема, и оти кај „ѓаволите“ единствен поединец на својата позиција од врвна класа е голманот Давид Де Хеа, а останатите се просечни и солидни, но не во светскиот врв.

„Историјата кажува дека Мурињо е голем тренер. Тој со Јунајтед не може да направи резултати какви што има Сити, затоа што нема играчи за тоа. Ако тој ги има играчите на Манчестер сити, би бил првак во Англија, а Гвардиола не би бил шампион ако ги има играчите од Манчестер јунајтед. Потребно е да се купат фудбалери од светска класа, да се направи револуција во составот“ – смета Севиџ.

Севиџ порасна во младинските категории на Манчестер јунајтед, но немаше среќа со првиот тим, па кариерата како сениор ја мина во клубови како Бирмингем сити, Лестер и Дерби Каунти, но играјќи и за тие тимови, си направи име.

Вардар има три порази на последните четири меча, Стоилов критикува

Вардар се врати поразен од Барселона, „црвено-црните“ загубија со 26:34, па сега македонскиот првак има три порази на последните четири меча во елитното континентално натреварување, Лигата на шампионите.

Лошите 15-тина минути од второто полувреме беа кобни на гостувањето кај Барса. Вардарци во тој период постигнаа само три гола, па каталонците го искористија тоа за да направат и двоцифрена предност.

„Му честитам на домашниот тим, особено на нивниот голман. Тој ги искористи нашите 10 минути на конфузија. Имавме добро прво полувреме. Мислевме дека сме на добар пат. Но, во второто полувреме Барселона ја искористи предноста и нашите грешки. Ако сте релаксирани, ќе загубите од секого“ – изјави капитенот Стојанче Стоилов по натпреварот.

Англија и Хрватска во „војна“, Шпанија ќе се радува на реми

Во реприза од полуфиналето на Светското првенство, Англија и Хрватска, попладнево ќе одиграат уште еден важен меч. Секако ова не е толку важен како тој што беше летоска во Русија, но сепак се работи за дуел кој треба да го одлучи победникот во групата од Лигата на нации.

Интересно е што освен двете селекции кои ќе излезат на мегдан на „Вембли“, дуелот со голем интерес ќе го следат и во Шпанија. Сите три репрезентации имаат шанса да бидат први во групата и да продолжат во разигрувањето за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Моментно Шпанија е лидер со шест бодови, додека Хрватска и Англија имаат по 4 бода. Тоа значи дека доколку има победник на „Вембли“, трите бода ќе донесат и прво место во групата и пласман во следната фаза од Лигата на нации. Со реми, на Шпанија ќе и бидат доволни тие шест бода, а Хрватска и Англија ќе извисат.

Интересно е тоа што многу зависи и од тоа дали евентуалното реми ќе биде со голови или би било 0:0. Доколку е 0:0 во тој случај Шпанија останува прва, а Хрватска ќе испадне од А сегментот. Доколку е нерешено, но има голови, тогаш Шпанија повторно е прва, но Англија ќе испадне во Б сегментот, поради послабиот меѓусебен дуел со Хрватска.

„Коцкестите“ последен пат гостуваа на „Вембли“ на 09.09.2009 година и претрпеа дебакл. Англија победи со 5:1. „Гордиот Албион“ секако ќе сакаат повторување на таа игра и резултат, но избраниците на Златко Далиќ сигурно нема да се предадат толку лесно.

 

Со прдежи го „загуши“ противникот и потоа лесно победи

На Гренд слем пикадо турнирот во Вулверхемптон, натпреварувачите очигледно не избираат средства како да се деконцентрира противникот. Шкотот Гари Андерсон го победи Весли Хармс од Холандија со убедливи 10:2. По поразот, Хармс го обвини противникот дека постојано испуштал прдежи и било невозможно да се игра во такви услови.

„Почувствував многу силна смрдеа. Посилна и од расипано јајце, a потоа Андерсон почна да игра подобро. Требаше да се проветри местото. Дефинитивно треба да оди на лекар, бидејќи ова не беше нормално. Ќе ми требаат два дена за да ја изгубам смрдеата која ми е во носот“, рече Весли Хармс, кој го обвини Андерсон дека е виновен за лошиот воздух и смрдеата во салата.

Откако Андерсон разбрам дека тој е обвинет дека постојано пуштал „гасови“, реши да демантира.

„Се колнам дека не сум јас. Еднаш кога настапував навистина ме болеше стомакот и морав да прднам. Тогаш тоа го признав, ако беше и сега така, ќе признаев и сега. Смрдеата дефинитивно доаѓаше од местото каде што беше мојот противник. Секојпат кога ќе поминев покрај неговото место, смрдеше многу лошо. Уште полошо и од расипано јајце и затоа мислам дека е тој“, беше контра „ударот“ на Андерсон во обвинението за тоа кој прдел додека се играше пикадо двобојот.

https://youtu.be/4MYEY_EcKG0

Бонучи исвиркан во Милано, тој возврати: Тоа се идиоти

Еден од најдобрите италијански дефанзивци, Леонардо Бонучи, немаше пријателски дочек во Милано. Играчот кој минатата сезона беше капитен на Милан, по само една година помината на „Сан Сиро“, реши да се врати во Јувентус. Токму тој потег да „избега“ од Милан за повторно да игра во Јувентус, ги налути фановите на „росонерите“.

Дел од тие навивачи беа синоќа на стадионот на дуелот Италија – Португалија и не заборавија да го „поздрават“ Бонучи. Кога пред почетокот на средбата се претставуваа играчите кои ќе настапат, кога дојде редот да се прочита името на Бонучи, еден дел од трибините со негодувања и свирежи го дочекаа италијанскиот репрезентативец.

Бонучи веднаш имаше одговор на таквото однесување на тие навивачи.

„Секогаш постојат идиоти. Јас имам поддршка од селекторот и соиграчите и тоа ми е најважно“, рече Бонучи по мечот на кој Италија требаше, но не победи.

Проблеми за Милан, се повреди капитенот

Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли ќе паузира во следните месец дена. Ромањоли заработи повреда за време на подготовките со националниот тим, па синоќа не ни настапи за Италија во дуелот против Португалија.

На еден од последните тренинзи, дефанзивецот на Милан се пожалил на болки во мускулот, а по направените прегледи, констатирано е дека мора да паузира најмалку еден месец. Ромањоли е вистински лидер на МИлан, а на два од последните четири меча даде и голови за победа на „росонерите“.

Во следното коло од Серија А, Милан гостува кај Лацио во дуел на два тима кои се во борба за четвртото место во Серија А.