10.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025
Дома Blog Страница 9943

Што е подобро? Бираше меѓу Гвардиола и секс и го одбра тренерот

Пеп Гваридола е тренерот кој блесна на клупата на Барселона и во тоа време да направи каталонскиот гигант да биде доминантен тим во Европа. Шпанскиот стратег е тренер кој аска неговата екипа да ја има контролата на играта и поседот на топката. Тоа посебно одлично го усоврши токму со Барселона.

Еден од оние кој се фасцинирани од начинот на работа на Гвардиола е Дани Алвеш. Искусниот бразилски бек беше во Барселона токму во времето на Гвардиола. Алвеш имаше само пофални зборови за Гвардиола, кого дури го спореди како нешто подобро и од сексот.

„Уживав кога работев со Гвардиола во Барселона. За мене тоа е подобро и од секс. Благодарение на Гвардиола јас сега сум многу подобар фудбалер. Пеп има генијални потези во клучните моменти. Точно знае да им каже на фудбалерите што треба да прават“, рече Алвеш, кој сега има 35 години, но уште игра на врвно ниво во тимот на Пари Сен Жермен.

По оваа изјава на Алвеш, англиските новинари не пропуштија да го прашаат Гвардиола, да одбере меѓу Алвеш и секс, што ќе одбере? „Секс“, со насмевка одговори Гвардиола, кој се подготвува за дербито на Манчестер сити против Манчестер јунајтед.

 

Анчелоти во стилот на Мурињо: Извини, не те слушнав

Наполи заостанува шест бода зад лидерот Јувентус, во трката за титулата во италијанската Серија А, а следниот предизвик ќе го има утре и тоа на гостински терен кај Џенова. Гостите од Неапол се апсолутни фаворити, бидејќи во поседните 12 средби против овој ривал имаат девет победи и три нерешени. Џенова во чии редови е Горан Пандев, речиси седум години нема победа над Наполи.

Тренерот на „наполитанците“, Карло Анчелоти верува дека со триумф на ова гостување и со евентуален пораз на Јувентус на гостувањето кај Милан, трката за титулата во Италија повторно ќе стане возбудлива. Сепак, за Анчелоти најважно е неговиот тим да победува.

„Џенова е опасен противник и мора добро дас е подготвиме. Досега добро сработивме, но секако може подобро. Секој ден мора да се обидуваш да биде подобар. Против Џенова можеби ќе биде потешко да се најде перфектна мотивација за играчите како што то аго направија во дуелите против ПСЖ, но верувам во нашите можности“, вели Анчелоти.

Еден од најискусните тренери во Европа беше запрашан што мисли за реакцијата на Жозе Мурињо по дуелот Јувентус – Манчестер Јунајтед, а Анчелоти направи мини шоу. Наместо првично да одговори на прашањето, тој го повтори потегот на Мурињо и на новинарот му се обрати со зборовите „Извини не те слушнав“. Потоа Анчелоти одговори.

„Тоа е реакција откако некој 90 минути бил навредуван. Тоа беше ироничен потег, ништо посебно. Проблемот со културата не е само кај навивачите на Јувентус, туку и кај многу други во Италија“, објасни Анчелоти.

 

 

Повредата е страшна: За Велбек тоа беше последниот меч во кариерата?

Англискиот репрезентативец Дени Велбек доживеа вистински кошмар на синоќешниот дуел меѓу Арсенал и Спортинг, во рамките од Лигата на Европа. По еден напад на Арсенал, Велбек се обиде со глава да даде гол, а по доскокот лошо назгази и го свитка зглобот на ногата.

Велбек заработи скршеница и веднаш беше пренесен во болница. Неполни 24 часа од повредата, дел од британските доктори предвидуваат дека може да се случи и најлошото, а тоа е крај на кариерата на Велбек.

„Трајно дислоцирање на зглобот може да значи и крај на фудбалската кариера. Тоа е тип на повреда за која нема рехабилитација“, објаснува медицинскиот стручњак Џонатон Вилсон, кој има работено во неколку премиерлигашки клубови.

Доколку се остварат најстрашните прогнози, тоа ќе значи крај на кариерата ан Велбек, кој има само 27 години. Велбек е член на Арсенал од 2014 година, кога направи трансфер од лутиот ривал Манчестер јунајтед.

https://youtu.be/4943US0yBjs

 

Мурињо се сили: Манчестер никогаш не се предава

Манчестер јунајтед ќе гостува кај градскиот ривал Сити во дербито на колото во англиската Премиер лига. Дуелот се игра в недела, а Сити, кој е лидер во првенството, ја има улогата и на домаќин. Во досегашниот дел од сезоната, „граѓаните“ немаат ниту еден пораз во 11 меча, но тоа не ги плаши „црвените ѓаволи“.

Оптимизмот кај Манчестер јунајтед нагло се зголеми откако најтрофејниот англиски клуб успеа да го победи Јувентус во Торино, во меч од Лигата на шампионите. Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, вели дека неговиот тим никогаш не се предава.

„Ние сме тим кој не се предава и секогаш бараме начин како да стигнеме до победата. Понекогаш успеваме да го анулираме негативниот резултат, понекогаш не. Но, најважно е што овој тим има колективен дух кој не се предава. Кога бевме домаќини против Јувентус, игравме без Санчес и Фелаини и затоа загубивме, но во Торино имавме повеќе опции во составот. Кога е така, тогаш сме во ситуација да освоиме бодови“, објасни Мурињо.

Португалскиот стратег најави дека Јунајтед нема да се предаде ниту на следниот дуел против градскиот ривал Сити.

„Мечот против Сити е посебен. Тоа е дерби кое го посакуваат фановите. Ќе се обидеме да извлечеме добар резултат. Одигравме два тешки дуела на гости против Челзи и Јувентус и успеавме да освоиме бодови. Сепак, не треба да заборавиме колку силен тим е Сити. Ако одиграме реми, разликата ќе остане 9 бодови, а ако загубиме, ќе биде дури 12, но тоа не е начинот на кој ние гледаме во пресрет на овој дуел“, додаде Мурињо.

Интересно е што Јунајтед минатата сезона победи на гости кај Сити со 3-2, а сега „црвените ѓаволи“ сигурно ќе сакаат слично сценарио.

 

Веќе е познат новиот тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид речиси сигурно ќе го задржи Сантијаго Солари да биде тренер на европскиот гигант до крајот на сезоната. Солари засега ја извршува функцијата привремен тренер на Кралскиот клуб, откако беше назначен на местото на сменетиот Хулен Лопетеги.

Во изминативе две недели постојано се шпекулираше за тоа кој ќе биде наследникот на Лопетеги, но фактот дека Солари во трите меча како предводник забележа три победи, и тоа со одлична гол-разлика од 11 дадени и ниту еден примен гол, ги натера дури и светските обложувалници да го намалат коефициентот за тоа дека Солари ќе ја добие целосната доверба.

Солари е првиот тренер на Реал кој во последниве 60 години стартувал со три победи без да прими ниту еден, што е уште еден факт повеќе за претседателот на Реал, Флорентино Перес, да му даде доверба и да остане на „Сантијаго Бернабеу“. Пред да ја добие работата во сениорскиот тим, Солари го предводеше тимот Б на Реал Мадрид.

 

Дибала: Ривер или Бока? Нека има пенали

Пауло Дибала не сакаше да прогнозира кој тим од неговата родна земја ќе го освои трофејот во Копа Либертадорес и посака двата меча да завршат нерешено, па нека одлучуваат пенали.

Фудбалерот на Јувентус нема играно за Бока јуниорс или Ривер плате, па можеби му е сеедно кој ќе триумфира. Кога му беше поставено прашањето, тој молчеше, размислуваше што да каже, бидејќи секој погрешен збор може да биде опасен.

„Немам фаворит. Нека има добар фудбал, нека победи подобриот, хахаха. Еве, нека биде 0-0 и на едниот и на другиот меч“, посака Дибала, кому клупски колега му е Родриго Бентанкур, ексиграч на Бока.

Првиот меч од битката за првак на Јужна Америка се игра утревечер, во 21 часот по македонско време, а домаќин е Бока на славната „Ла Бомбонера“.

Паненка: Рамос е мојот најдобар имитатор

Антонин Паненка, кој во последната пенал-серија од финалето на ЕП 1976 година, „измисли“ нов стил на шутирање пенали со поткопување на топката и нејзин бавен лет кон средината на голот додека голманот е фрлен на страна, смета дека тој стил најдобро го има усовршено Серхио Рамос.

Капитенот на Реал Мадрид сезонава двапати погоди од белата точка со измамување на голманот и рутинска „Паненка“, а и во минатото често го користи изумот на Чехот.

И Лионел Меси, Андреа Пирло, Зинедин Зидан, Алексис Санчес изведуваа такви пенали, а Шпанецот Рамос од 2012 наваму во повеќе наврати ја повтори таа техника и секогаш успева да даде гол.

„Рамос е мојот најдобар имитатор, бидејќи само тој повеќе од еднаш го има направено тоа. Две години го вежбав тој потег пред да го употребам во финалето против Западна Германија во 1976. Секој голман скока на страна и реков добро е да се шутира по средина. И јас за малку ќе играв во Шпанија, мислам дека Мурсија ме бараше, но трансферот не се реализираше“, вели 69-годишниот Паненка, кој се здебелил од јадење чоколади кои му ги земал на поранешен соиграч со кого си шутирале пенали, а наградата за победникот била чоколадо.

На повидок гевгелиско дерби во БИБЛ

Блокотехна би можела да се приклучи на Балканската лига, а потврдата ќе се добие најмногу за една недела. Иако сезоната е почната, веројатно ќе се најдат термини во кои Блоко ќе може да си ги мери силите со ривали од околните земји, но и еден казахстански тим.

Штом на официјалната страница на БИБЛ потврдија дека имало првични разговори меѓу раководството на гевгеличани и раководството на лигата, а ако одобри и МКФ, големи се шансите Блокотехна да влезе во лигата како осми тим или да биде замена за Приштина, која е зафатена со играње на други фронтови.

За лажна насмевка и селфи, Нејмар наплаќа 375.000 евра

Дека фудбалот повеќе нема никаква смисла поради финансиите кои се вложуваат во овој спорт, е веќе стара и позната тема. Но, луди клаузули во договорите на играчите изненадуваат секој ден.

Таков е случајот и со Нејмар, кому во неговиот договор му стои клаузула за однесување со навивачите. Имено, Бразилецот ќе биде награден со 375.000 евра доколку по завршувањето на секој меч тој оди да ги поздрави навивачите на ПСЖ, притоа да направи по некое селфи, да го подари дресот на некое дете. Значи, почитувањето на етичкиот код сега се наплаќа во фудбалот, и тоа со „дебели“ суми.

Подразбирливо е дека мора и добро да се однесува со медиумите, но, исто така, не смее да се обложува на натпревари, односно првенства во кои учествува и неговиот клуб.

Сепак, Нејмар не е единствениот кој наплаќа за да биде „добро дете“. Слична е ситуацијата и со капитенот Тијаго Силва, но тој добива „само“ 33.000 евра за добро однесување со навивачите и медиумите.

Леванте нема да застане тука, целта е излез во Европа

Петок е ден за старт на домашните првенства, барем во повеќето од топ 5 лигите во Европа. За викендот да биде убав, денес треба да се погодат и оној мал број натпревари кои се на располагање за типување во Sport Life.

Леванте – Реал Сосиедад (21 часот)

Леванте влезе во позитивна серија. На последните пет првенствени средби издвои четири победи и едно реми, но Барди и дружината не сакаат да застанат тука. Со добрите резултати се сменија и амбициите. Ако лани се бореа за опстанок, Леванте сега се наоѓа во позиција од која се излегува во Европа, па токму тоа ќе биде мотив вечерва против Реал Сосиедад.

Лани го поделија лигашкиот двомеч. Леванте дома победи со 3-0, меч во кој и Барди беше стрелец, а во повратната пресметка со идентичен резултат славеше Сосиедад на свое тло.

Сепак, Сосиедад ќе сака што побрзо да закрепне од последните три средби, во кои освои само два бода од можни девет, па вечерва ќе ја има првата шанса да го подобри учинокот. Фактот дека Сосиедад игра многу подобро на гости отколку пред свои навивачи (три победи од шест гостувања), може да биде клучниот фактор на оваа средба.

Предлог тип: X2 & 1+I (2.15 квота) 

 

Хановер – Волфсбург (20.30 часот)

Волфсбург никако да крене глава од лошите игри во Бундеслигата. Таман оствари две победи во низа по шесте меча без триумф, на гости му дојде Дортмунд и повторно го разочара. Денешното гостување во Хановер навидум треба да биде поправен меч за него, ќе игра против една од најслабите екипи во Бундеслигата.

Во последните пет меѓусебните средби, Волфсбург има скор од четири победи и едно реми, што значи дека шансите на Хановер се многу мали да се радува на три бода вечерва.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2 квота)

 

Лил – Стразбург (20:45)

Од тим за потсмев, до екипа која се бори за пласман во ЛШ. Лил само за неколку месеци се преобрази и сега ужива во секој момент. Во првиот дел од францускиот шампионат се наоѓа високо на табелата, поточно е треи со 25 бода. Тие се едно од најпријатните изненадувања сезонава, а вечевра против Стразбург ќе имаат шанса да закрепнат од очекуваниот пораз од ПСЖ во минатото коло.

И Стразбург зазема висока позиција (7-ма), а е без пораз на последните пет средби во Лига 1, па се надева дека така ќе остане и по вечерашното гостување. Во лигашкиот Куп покажаа дека можат да се надигруваат и да го победат Лил, славеа со 2-0, но играа на домашен терен. Сега треба да се покажат дека се и незгодни гости.

Предлог тип: 1X & 2-4 (1.95 квота)

 

Фрозиноне – Фиорентина (20.30 часот)

Фиорентина не може да биде и пет меча без триумф. По поразот од Лазио и трите ремија во низа, „виолетовите“ се денешниот „зицер“ кој мора да биде. Фрозиноне со своите игри не ветува дека ќе се избори за опстанок сезонава. Само со една победа, три ремија и седум порази од 11 меча не може да убедат дека имаат квалитет да останат во Серија А, а ниту да се борат за бодови против поквалитетните екипи.

Предлог тип: 2 & T2 2+ (2.28 квота)

 

Шефилд јунајтед – Шефилд вензди (20:45)

Дерби, кое не е толку познато тука колку што е во Англија. Јунајтед и Вензди ќе се борат да ги освојат 32-от, односно 22-от бод во Шампионат лигата. Овој дуел секогаш е неизвесен, последните две средби завршија сосема неочекувано. Јунајтед како домаќин ремизираше со 0-0, а претходно го совлада Вензди со 4-2 на гости.

Меѓутоа, според ситуацијата на табелата, јасно е кој е фаворитот вечерва. Јунајтед може да стигне до 10-тата победа сезонава, а во случај на изненадување, Вензди ќе ја прекине серијата од четири порази во низа, иако ќе треба да одигра на врвно ниво за да го оствари тоа.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.86 квота)