10.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025
Дома Blog Страница 9944

По операцијата на лакотот, Ѓоковиќ плачел три дена

Еден од најдобрите спортисти на светот и бескомпромисен борец, Новак Ѓоковиќ, приватно е поинаков отколку на тениските терени, ја откри својата нежна страна, и човекот кој по победа знае да искине маица, призна дека по операцијата на лактот покажал слабост и постојано плачел.

„Не сакам операции, верувам дека телото има механизми за самозаздравување. Но, сакав побрзо да се вратам и тоа беше компромисот, морав на операција. По операцијата на лактот, имав измешани емоции, плачев два или три дена. Секогаш кога ќе помислев што сум правел, чувствував дека сум потфрлил по моја грешка, а и се плашев дали целосно ќе закрепнам. Никогаш не знаете како ќе реагира телото, за среќа, добро поминав“, изјави човекот кој е магнет за трофеи.

Во 2016 го освои Ролан Гарос и како што вели, изгорел емотивно бидејќи не очекувал дека некогаш ќе слави на земјата во Париз, па се прашувал дали ќе најде мотиви во иднина. Во март годинава, на Индијан Велс и Мајами на ментален план го допрел дното, таму се чувствувал беспомошно.

Но, двете години без освоен Гренд слем турнир тешко му паднаа на Србинот. Од Вимблдон 2016 до Вимблдон 2018 му падна процентот на победи, менуваше тренери, се шпекулираше за криза во бракот, капак беше операцијата, но тој сега се врати на врвот, повторно е прв, а заслугата е кај него лично и кај тренерот Марјан Вајда.

Стоилов: И на видео игри сакаме да победиме, а не па вака против Барса

Тренерот Роберто Парондо и капитенот Стојанче Стоилов се оптимисти дека Вардар в недела може да ја совлада Барселона во ракометната Лига на шампиони и да се истакне како прв кандидат за водечкото место во групата.

„Барселона е многу силен тим. Очекуваме одлична атмосфера, знаеме дека салата ќе биде исполнета и пред нас е добар меч. Барса е меѓу најдобрите тимови во Европа, секогаш е во врвот. Оваа сезона се подобри од лани и од претходната сезона. Сигурно следи тежок и неизвесен меч. Ние тренираме добро и подготвени сме за ова дерби“, најавува тренерот на Вардар.

Според Стоилов, ова е битка за прво место во групата.

„Кога ги извлекоа групите, Барселона се издвои како фаворит за првото место во групата, но ние можеме со нив да се носиме. Играме пред наша публика, ќе ги очекува пекол и ако дадеме сè од себе, можеме да ги победиме. Двете екипи добро се познаваат и мислам дека ќе одлучи борбеноста“, рече пикерот на Вардарци.

Околу мотивацијата, Стоилов кажа: „И во клуб кога играме компјутерски игри, се тепаме и сакаме да победиме, а не па вака на дуел против Барселона“.

Средбата во „Јане Сандански“ се игра в недела од 17 часот, а од клубот побараа публиката да дојде порано за да се запази редот.

Лехија Гдањск е топ класа во Екстракласа

Полските терени ги познава одлично, а за денеска повторно подготви микс од пет натпревари од различни лиги. Секако, меѓу нив и еден меч од полската Екстракласа.

„Лехија од Гдањск гази неочекувано добро и сигурно. И во ова коло ќе победи против Краковија на меч со голови на двете страни“, прогнозира Ќумбев.

Коефициентот е одличен, 4.20, и е вистински предизвик да се одигра на тикет со останатите четири предлог-типови на нашиот редовен прогнозер, Панче Ќумбев.

Еве ги неговите предлози:

 

Торино – Парма (сабота, 15 часот)

Торино полека фаќа залет и се приклучи кон горниот дел од табелата. Има одличен состав и одличен тренер. Верувам во победа на домашниот тим најмалку со два постигнати гола.

Предлог тип: 1&Т1 (1.81)

 

Хофенхајм – Аугсбург (сабота, 15.30 часот)    

Хофенхајм е одлична екипа со млад, но доста квалитетен тренер. Играат одлично и се пријатно изнанадување како во Германија така и во Лигата на шампионите. Во овој дуел се фаворити и верувам дека ќе ги освојат бодовите.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

Лехија Гдањск – Краковија (сабота, 18 часот)   

Лехија годинава гази. Пријатно изненадување се во полската Екстракласа. Краковија игра слабо и променливо и никако да им тргне. Лехија игра за гол повеќе и верувам во победа на домаќинот, комбинирано со голови на двете страни.

Предлог тип: 1&ГГ (4.20)

 

Марсеј – Дижон (недела, 17 часот)   

По двата пораза дома, Марсеј конечно мора да победи. Играат доста променливо и неубедливо.Се мачат со пронаоѓањето на вистинската форма, иако пред почеток на првенството најавуваа борба за највисок пласман. На овој натпревар верувам во „кец“ и најмалку два гола во мрежата на гостите.

Предлог тип: 1&Т1 (1.57)

 

Арсенал – Вулверхемптон (недела, 17.30 часот)

Арсенал годинава игра онака како што посакуваат сите негови фанови. Убаво за око и ефикасно. Затоа овде типувам победа на домашните најмалку со три гола на натпреварот.

Предлог тип:  1&3 + (2.30)

 

 

 

 

 

 

 

 

Хамилтон: Работата уште не е целосно завршена

Британецот Луис Хамилтон, кој по петти пат ќе освои титула првак во Формула 1, посакува победа на трката за Големата награда на Бразил и неговиот тим Мерцедес да ја освои титулата кај конструкторите.

Хамилтон одамна не победил на патеката „Интерлагос“, а на Мерцедес му требаат 20 поени повеќе од Ферари за да ја освои титулата уште викендов. Тоа веројатно ќе биде можно само во случај на некој кикс на италијанската Скудерија. Поверојатно е Мерцедес да слави на последната трка на „Јас Марина“ во Абу Даби, но Хамилтон и Валтери Ботас ќе се обидат уште во Бразил.

„Работата не е завршена за оваа сезона. Фокусирани сме на победите на последните две трки. Знаеме дека Ферари ќе биде опасен. Во фабриката за нас напорно работат повеќе од 1.000 луѓе и овие успеси најмногу ќе им значат на ним. Убаво би било Ботас да победи и сезоната да ја заврши на убав начин“, изјави Хамилтон, кој откако обезбеди титула за себе, можеби и ќе му дозволи на Ботас да го престигне и да се бори за триумф.

 

Во Прилеп има мајстори за Лигата на шампионите и за Лигата на Европа

Лигата на шампионите и Лигата на Европа им донесоа големи добивки на двајца редовни наши типувачи од Прилеп. Типувачот кој уплатил во „Прилеп 4“, со уплата од 100 денари, доби 215.000 денари, и тоа само со три парови на тикетот.

Мечевите Бенфика – Ајакс и Лион – Хофенхајм нашиот типувач ги погодил и на полувремето и на крајот. Се надевал дека домаќините ќе водат по првите 45 минути, а на крајот да нема победник, токму тоа и се случи. Бенфика на пауза замина со предност од 1-0, Ајакс израмни за конечни 1-1, додека Лион испупшти два гола предност од првиот дел, а Хофенхајм со гол во судиското надополнување се избори за конечни 2-2.

Уште поголема храброст и многу среќа му требало за мечот Јувентус – Манчестер јунајтед, типувачот сметал дека Јунајтед ќе издвои победа на гости и при тоа ќе паднат два до три гола. Роналдо ја затресе мрежата на „ѓаволите“ во 65-тата минута, а Мата и Погба (со помош на Сандро) го најавија пресвртот и големата победа за конечни 2-1.

НЕМА „УТКА“ ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Од 24 натпревари во Лигата на Европа, мора да се направи добитен тикет. Барем така сметал вториот добитник од Прилеп. Типувачот наредил 11 парови со мечеви од ова натпреварување, па со уплата само од 20 денари, џебот си го наполни со 88.337 денари, од кои 14.722 денари се бонус.

Само три од 24-те меча зазвршија без голови, а типувачот избрал 11 на кои типувал двознаци, но и како да знаел дека колото ќе биде украсено со доста погодоци.

Треба и храброст да се типува дека на мечот БАТЕ Борисов – Челзи ќе има повеќе голови во второто полувреме отколку во првите 45 минути. Но, типувачот очигледно е во тек со настаните, па знае дека „сините“ од Лондон сезонава често знаат да постигнуваат голови во вториот дел, па токму тоа и се случи. Жиру го постигна единствениот погодок на средбата само по неколку минути од почетокот на второто полувреме за конечни 1-0.

Италија е фаворит за Зимските олимписки игри 2026

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах, рече дека кандидатурата на Милано и Кортина д`Ампецо има големи шанси да ја добие организацијата на Зимските олимписки игри во 2026 година. Оваа кандидатура се планираше да биде тројна, но Торино се повлече бидејќи тој град сам беше домаќин на ЗОИ 2006.

Иако италијанската влада нема да ја финансира кандидатурата, туку средствата се исклучиво од регионалните влади на богатите региони Венето и Ломбардија, Бах при посетата на италијанскиот олимписки комитет во Рим рече дека кандидатурата е силна бидејќи ги отсликува реформите на олимписката агенда кои ќе почнат да се применуваат во 2020.

Кортина беше домаќин во далечната 1956, па отворањето и затворањето ќе бидат во Милано.

Кандидати за домаќини на ЗОИ 2026 се и Стокхолм и Калгари, но тие се соочуваат со посериозни финансиски прашања. Домаќинот ќе биде одреден на 24-ти јуни 2019 во Лозана.

Спортска прогноза: Дерби и во Германија – Шампионот против лидерот

Во различно расположение, Баерн Минхем и Борусија Дортмунд во сабота (18.30 часот) ќе го одиграат 119-тото меѓусебно дерби во Германија. Популарното „der Klassiker“ може да ја обликува понатамошната борба за шампионската титулата во Бундеслигата, особено што по подолго време „баварците“ не се фаворити во овој дуел.

И двете екипи од изминатово лето се со нови предводници, Нико Ковач застана на кормилото на Баерн, додека Луцијан Фавр ја напушти Ница и сега со многу успех раководи со Дортмунд.

По долго време, Баерн по првите 10 првенствени натпревари не е на лидерската позиција на табелата, местото го презедоа „милионерите“ (24 бода), кои блескаат со учинок од седум победи и само три ремија (без пораз). Разликата е четири бода во однос на двете екипи, а Баерн засега е на трето место (20 бода), зад вториот тим на Борусија, односно Менхенгладбах.

Сепак, пред настапот на главната сцена, Баерн и Дортмунд играа и во Лигата на шампионите, па оттаму се вратија со различни исходи. Баерн рутинирано славеше со 2-0 над АЕК, додека Дортмунд од Мадрид се врати со пораз од Атлетико со 2-0. Дали ова ќе влијае врз „милионерите“ и ќе паднат на првиот голем тест сезонава или, пак, брзо ќе го надминат поразот, па сета фрустрација ќе ја истурат врз германскиот првак, ќе се знае утре во 18.30 часот.

Дербито Бaерн Минхен – Б. Дортмунд е еден од мечевите на кои можете да го прогнозирате исходот и да ви помогне да освоите ваучери од Sport Life, a сето тоа ќе можете да го сторите на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

Не може да не се насмеете, Лука е супер кошаркар, но очаен пејач (Видео)

Многу подобро играат кошарка отколку што пејат. Ова се однесува на кошаркарите на Далас маверикс кои беа снимени во своевидно караоке ретрошоу на кое пееја стари песни. Деандре Џордан, Дирк Новицки, Весли Метјуз и останатите покажаа како не треба да се пее, а тоа се однесува и на новата ѕвезда на Маверикс, Лука Дончиќ.

Дебитантот во НБА пееше песни од групата „АББА“ и една словенечка, а како звучеше тоа, погледнете и слушнете во видеото:

https://twitter.com/twitter/statuses/1060001774633803776

Дидие Дрогба со пораз ја заврши кариерата

Натпреварот помеѓу Феникс рајсинг и Лујвил сити од финалето на УСЛ купот во САД беше последен во кариерата за легендарниот напаѓач Дидие Дрогба. Тимот на Феникс, за којшто играше 40-годишниот Дрогба, загуби со 0-1, па тој не успеа кариерата да ја финишира со освојување трофеј.

Дрогба даде три гола на претходните три меча и му помогна на Феникс да дојде до тоа финале, но овојпат не ја погоди целта.

Фудбалерот од Брегот на Слонова Коска најдобро ќе биде запаметен по игрите во дресот на Челзи, стана прв Африканец со 100 гола во Премиер лигата, а настапуваше и за: Ленс, Генгам, Марсеј, Шангај Шенхуа, Галатасарај и Монтреал импакт. Како играч на Челзи, освои четири титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите, во 2012 година.

Кариерата ја заврши со 17 трофеи и 365 гола на 790 натпревари.

Ова е новата мода на НБА – патики со разни бои

Кошаркарите кои настапуваат во НБА-лигата максимално го користат новото правило дека може да носат патики какви што сакаат. Досега патиките мораа да бидат црни, бели, или евентуално во клупските бои на клубот за да бидат во „тон“ со дресот.

Сега тоа веќе не е задолжително, па некои ѕвезди на НБА „забегаа“ со модата и се цел на потсмев кај дел од навивачите, другите добиваат позитивни коментари.

Ова е избор на дел од најживописните патики во лигата:

Андре Драмонд

Бам Адебајо

Дерик Џонс џуниор

Реџи Џексон

Ленгстон Галовеј

Џордан Кларксон

Лонзо Бол

Ројс ОНил