Што е подобро? Бираше меѓу Гвардиола и секс и го одбра тренерот

Пеп Гваридола е тренерот кој блесна на клупата на Барселона и во тоа време да направи каталонскиот гигант да биде доминантен тим во Европа. Шпанскиот стратег е тренер кој аска неговата екипа да ја има контролата на играта и поседот на топката. Тоа посебно одлично го усоврши токму со Барселона.

Еден од оние кој се фасцинирани од начинот на работа на Гвардиола е Дани Алвеш. Искусниот бразилски бек беше во Барселона токму во времето на Гвардиола. Алвеш имаше само пофални зборови за Гвардиола, кого дури го спореди како нешто подобро и од сексот.

„Уживав кога работев со Гвардиола во Барселона. За мене тоа е подобро и од секс. Благодарение на Гвардиола јас сега сум многу подобар фудбалер. Пеп има генијални потези во клучните моменти. Точно знае да им каже на фудбалерите што треба да прават“, рече Алвеш, кој сега има 35 години, но уште игра на врвно ниво во тимот на Пари Сен Жермен.

По оваа изјава на Алвеш, англиските новинари не пропуштија да го прашаат Гвардиола, да одбере меѓу Алвеш и секс, што ќе одбере? „Секс“, со насмевка одговори Гвардиола, кој се подготвува за дербито на Манчестер сити против Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести