12.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025
Дома Blog Страница 9960

Тотенхем нема милост на гости

Екипата на Тотенхем уште еднаш потврди дека е најопасен гостин. Лондонскиот тим вечерва гостуваше кај Вулверхемптон и се врати победнички. Гостите се радуваа на триумф од 3:2. За Тотенхем ова е шеста победа во седмиот меч на гости сезонава.

Многу брзо, уште во првите 30 минути гостите најавија дека се дојдени по трите бода. Ламела и Лукас погодија за 2:0 на полувремето. Кејн зголеми на 3:0 во 61 минута и речиси на сите им беше јасно дека бодовите се за гостите. Вулверхемптон, кој важи за напаѓачки тим не се предаде и со два гола од пенали, преку Невес и Хименез стигна до 2:3, но домаќините немаа сили за комплетно враќање во мечот.

За Тотенхем ова е осма победа во 11 меч и со 24 бодови сега е на делба на третото место заедно со Челзи, кој утре на свој терен игра против Кристал Палас.

Барселона во последните три минути го реши Рајо Вајекано

Барселона со многу мака стигна до трите бода во дуелот против Рајо Вајекано, победувајќи со 3:2 на гостувањето во Мадрид. Домаќините беа на прагот од сензационална победа, но на крајот не освоија ниту бод. Луис Суарез даде гол во 11 минута за водство од 1:0, но домаќините со погодок во 35 минута израмнија на 1:1. Погодокот на Поцо беше прв што Барселона го прими со удар надвор од шеснаесетникот.

Во 57 минута, Рајо поведе со 2:1, благодарение на погодокот на Гарсија. Малиот клуб од Мадрид кој минатата сезона играше во втората лига беше на прагот на сензација, но тоа не се случи. Барселона за само три минути успеа да направи целосен пресврт.

Дембеле израмни на 2:2 во 87 минута, а Суарез со својот втор погодок на мечот, донесе победа за Барселона од 3:2. Каталонците сега имаат 24 бодови од 11 меча, четири повеќе од Атлетико кој денеска ремизираше кај Леганес.

Јувентус на 3 ноември е најопасен во првата минута

Јувентус стигна до 10 победа во 11 меч во италијанската Серија А, откако со 3:1 славеше против Калјари, во Торино. Актуелниот италијански првак погоди уште во првата минута, односно во 42 секунда, кога прецизен беше Пауло Дибала.

Овој погодок на Аргентинецот е најбрзиот гол што Јувентус го има дадено во последните шест години.  Интересно е тоа што пред точно шест години, односно на 3 ноември 2012 година, Видал погоди во 18 секунда на дербито против Интер. Едноставно на Јувентус му одговара да дава гол во првата минута на овој датум.

Калјари израмни преку Жоао Педро во 36 минута, а само 125 секунди подоцна Јувентус повторно беше во предност и тоа благодарение на автоголот на Филип Брдариќ. Иако Калјари даде и гол, на овој меч гостите само 167 секунди поминаа на теренот, а да не се во негатива.

Точка на победата на Јувентус стави Квадрадо со погодокот во 87 минута, по асистенција на Кристијано Роналдо.

Шпански хулигани: Фанови на Барса се тепаа во Мадрид

Тепачка меѓу навивачите претходело на дуелот меѓу Рајо Вајекано и Барселона. Каталонскиот гигант секогаш кога гостува во Мадрид има „жешко“ гостување. Овојпат напнато било пред почеток на дуелот.

Тројца навивачи завршиле во болница каде требало да им се укаже помош, по тепачката која се случила на фановите на двата клуба, непосредно пред почеток на дуелот. За среќа, ниту еден од повредените не е со посериозни повреди и нема животно загрозување.

За разлика од тоа што се случувало на улиците низ градот, на стадионот е мирно, а по првите 45 минути резултатот е израмнет 1:1.

Клоп: Направивме повеќе грешки од судијата

Ливерпул ја продолжи низата без пораз во Премиер лигата, откако одигра 1:1 на гости кај Арсенал. „Црвените“ може да жалат што не ги освоија трите бода, бидејќи имаа водство од 1:0, но не го сочуваа до крајот. Лаказет погоди во 81 минута и израмни на 1:1.

Во првото полувреме се случи една сомнителна ситуација, кога судијата го поништи голот на Садио Мане. Иако Клоп не се согласува со одлуката на арбитарот, не сака да го обвини судијата како директен виновник за тоа што Ливерпул не победи.

„Во првото полувреме дадовме гол, но судијата го поништи, иако не беше оф-сајд. Потоа имавме уште две шанси за погодок, но не реализиравме. Ван Дајк од такви ситуации погодува и со затворени очи. Не сум задоволен од начинот на кој се браневме во првото полувреме. На крајот успеавме да освоиме бод, што е добар резултат бидејќи секогаш е тешко да се гостува на Арсенал. Голот на Мане беше регуларен, но ќе кажам дека ние самите направиме повеќе грешки од судијата“, рече Клоп, по дуелот на „Емирати“ во Лондон.

 

Арсенал и Ливерпул одиграа за радост на ривалите

Арсенал и Ливерпул одиграа без победник на „Емирати“ во Лондон. Откако по првото полувреме немаше погодоци, во вториот дел, гостите први се радуваа. Во 61 минута по една акција на Мане, a топката стигна до Џејмс Милнер, а искусниот играч на гостите од околу 12-13 метри биеше силно по земја и ја затресе мрежата на домаќините. За Милнер ова беше јубилеен 50 погодок во Премиер лигата.

https://youtu.be/WayE-zvhEgU

Ливерпул ја имаше предноста се до 81 минута, кога „топчиите“ израмнија со голот на Лаказет. Арсенал до крајот не стигна до целосен пресврт и остана седум меча без радост против овој ривал.

Со освоениот бод, Ливерпул се искачи на врвот на табелата со 27 бодови, но има меч повеќе од Манчестер сити, кој утре на свој терен игра против Саутемптон. Арсенал стигна до 23 бодаи остана на четвртото место на табелата.

 

 

Фени се „изгуби“ во Гостивар, МЗТ се извлече против Охрид

Гостивар го декласираше тимот на Фени индустри со конечни 94:70, во рамките од петтото коло во Првата лига на Македонија. За избраниците на Марјан Србиновски, ова е само втор триумф сезонава, а брзо се опоравија по двата последователни порази од Куманово и МЗТ Скопје.

Клучна беше третата четвртина која Гостивар ја освои со 33-17, откако во првиот дел беше неизвесно. Во решавачкиот период разликата беше уште поголема во корист на Гостивар, домаќините своевремено имаа и +25, за на крајот победата да биде лесно остварена.

Костовски со 23 поени и 8/10 шут од игра, беше најефикасниот кошаркар на Гостивар, по 17 поени додадоа Димчевски и Фурстингер. Кај поразените, Фундербуерг беше најрасположен со 13 поени, Елиот заврши со 12 поени.

МЗТ Скопје со тешко изборен триумф од 83:80, се враќа од гостувањето во Охрид. „Штрковите“ беа изненадени по првите 10 минути, Охрид покажа добра игра и го освои периодот со 22-17, но потоа МЗТ со додатни сили го возврати ударот и следната четвртина ја освои со 26-11, па на паузата заминаа со резултат од 43:33.

Охрид во финишот сакаше да направи сензација, па во последните две минути ја стопија предноста на МЗТ на само три поени, а потоа и на пола кош разлика при 79:80. Младеновски реализираше едно од двете слободни фрлања на 12 секунди пред крајот, Двојаковски на другата страна на ист начин можеше да израмни, но и тој промаши едно од двете слободни фрлања, па МЗТ на крајот се спаси и освои бодови.

Симоновски со 27 поени и 7/13 шутеви за три поени, беше најефикасен кај МЗТ, додека во тимот на Охрид најмногу се истакна Хил со 19 поени.

Три часа драма и победа за Ѓоковиќ против Федерер

Новак Ѓоковиќ со 2-1(7-6, 5-7, 7-6) во сетови го совлада Роџер Федерер во второто полуфинале на АТП Мастерсот во Париз. По тричасовната драма, српскиот тенисер успеа да траиумфира во 47-та меѓусебна средба против Швајцарецот.

Неизвесноста траеше со дамиот крај, Новак го освои првиот сет по тајбрејк од 8-6, а Федерер го направи единствениот брејк на средбата за 7-5 во вториот сет и 1-1. Ѓоковиќ можеше да го направи првиот брејк при 4-4 во решавачкиот сет, но, не искористи две топки, па повторно мораше да се одлучува во тајбрејк, кој Новак го освои по искористената четврта меч топка.

Во финалето на Мастерсот во Париз, Ѓоковиќ ќе игра против Карен Хачанов, кој претходно го совлада Доминик Тим.

Најважно е дека Вардар повторно победува

Тренерот на Вардар, Парондо вели дека македонскиот првак одиграл добри 60 минути и е задоволен од триумфот.

„Многу сме среќни за победата. Знаевме дека ќе биде многу тешко. Брест е многу добар тим, играат добро во одбраната, имаат добри играчи во нападот. Мислам дека игравме добро во двете полувремиња. Во првото полувреме нивниот голман беше фантастичен, инаку имавме добри напади. Потоа во вториот дел нашиот голман се разбрани и успеавме да ја направиме таа разлика“, рече Парондо.

Среќен беше и Даниел Шишкарев, кој потенцираше дека најважно е Вардар што повторно победува.

„Освоивме два бода во тежок меч. Имавме репрезентативни обврски, а кога се вративме имавме само четири тренизи. Екипата на Брест покажа дека секоја година е се посилна. Затоа сум среќен што стигнавме до победата. Тоа е многу важно, бидејќи се вративме во ритамот од претходно“, рече Даниел Шишкарев.

Вардар за 30 минути го „згмечи“ Мешков, следна е Барселона!

Македонскиот првак Вардар многу брзо се врати на победите во Лигата на шампионите. Петтиот триумф во шестиот меч сезонава е во дуелот против Мешков Брест. „Црвено-црните“ славеа со 29:22. Гостите од Белорусија успеаа да парираат во првото полувреме кога беше нерешено 14:14. Сепак, дека нема да има изненадување во „Јане Сандански“, Вардар се погрижи со одлична игра во вторите 30 минути.

Одбраната предводена од голманот Гедбан функционираше одлично, а Игор Карачиќ беше предводник во нападот. Кога Вардар е разигран, никој не може да го сопре, а тоа беше случај и овојпат. На крајот, македонскиот првак победи како увертира за дербито кое следната недела „црвено-црните“ ќе го играат против Барселона во Скопје.

Игор Карачиќ со 11 погодоци беше незадржлив во нападот, Дибиров даде 6 гола, исто колку и Чупиќ. На голот на Вардар одличен беше Гедбан со 10 одбрани.

Мешков одлично го отвори мечот. Гостите поведоа и постојано имаа предност во првите 15-тина минути, но таа не изнесуваше повеќе од два разлика. Вардарци решија да стегнат во одбраната и со серија од 3:0, негативата од 6:8, па претворија во прво водство од 9:8 во 17 минута.

До крајот на првото полувреме, Мешков неколку пати израмнуваше, Вардар повторно поведуваше со еден гол, за да по 30 минути игра, гостите успеат да стигнат до 14:14.

Вториот дел започна со шестиот гол на Караџиќ за водство на Вардар од 15:14, но гостите брзо вратија од пенал и неизвесноста продолжи. Гостите поведоа со 17:16 во 36 минута, но во следните три минути со серија од 3:0, Вардар поведе со 19:17 во 39 минута. Игор Карачиќ блескаше и до овој момент имаше постигнато девет погодоци и беше нерешлива енигма за гостите во нападот.

„Црвено-црните“ водеа и со 21:19, а во тие моменти имаа голема поддршка и од голманите. Гедбан имаше неколку интервенции, а Милосављев одбрани пенал.

Вардар тоа го искористи во нападот и со четири гола стигна до (25:19 во 49 минута). Караџиќ го даде јубилејниот 10 гол, за најубедливата предност од шест гола. Таа предност во 53 минута се зголеми на седум разлика (27:20) и последните седум минути беа само формалност.