12.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025
Дома Blog Страница 9959

Финансискиот фер-плеј е комедија – „Случајот Шаќири“ е потврда

Фудбал ликс го тресе европскиот фудбал, а информациите како клубовите го изигрувале финансискиот фер-плеј на УЕФА се одлични сценарија и за филмскиот Холивуд.

Еден од примерите е и бесплатната позајмица на Џердан Шаќири од Интер, преку Баерн. Интер немаше пари за веднаш да го откупи договорот на Шаќири во Баерн, со клаузула од 15 милиони евра, па го доби бесплатно во јануари 2015 година, со услов да одигра барем една минута за Интер и „нероаѕурите“ да бидат пласирани до 17. место во Серија А.

Во тој случај Интер мораше да плати 15 милиони евра, но доби грејс-период од шест месеци, да го има одличниот играч од средниот ред во своите редови без да плати ниту еден цент.

Шаќири одигра 15 натпревари, постигна и еден гол, а клаузулата за откуп се активираше во јуни, кога Интер го продаде во Стоук. Трансферот тежеше околу 13 милиони евра, плус и бонуси, па Интер само ги префрли парите од Стоук кај Баерн Минхен, дури и заработи некое евро, а имаше играч што практично настапуваше шест месеци без за него да се плати пари.

Ако се почитуваше финансискиот фер-плеј Шаќири воопшто немаше да се пресели од Баерн во Интер, но и ова е потврда како клубовите ги изигруваат правилата на УЕФА.

Шампионот има проблем – Монпелје не знае да победува кога е фаворит

Монпелје не може да се носи со улогата на фаворит, а кризата продолжува во редовите на европскиот првак, пишуваат француските медиуми.

Шест кола по ред без победа за екипа што ја освои титулата во Лигата на шампионите е премногу. Монпејле е во голема криза и виси пласманот во следната фаза, анализираат новинарите на „Л`Екип“.

На последното издание на фајналфор турнирот во Келн, Монпелје беше аутсајдер во конкуренција на тогаш актуелниот европски првак Вардар и двете екипи од Франција, ПСЖ и Нант, но приреди сензација и ја освои круната.

Во новата сезона тимот се прикажува во многу поинакво светло и нареди пет порази на првите пет меча. Поразите од Вардар, Брест Мешков, Кјелце, Барселона и Веспрем покажаа дека Монпелје не знае да го носи ореолот на фаворит, а ги дотолчи ремито со Кристијанштад, вечар во меч од шестото коло во А групата.

„Екипа што ќе прокоцка пет голови предност и е голем фаворит на мечот, не заслужува ниту реми. И тоа на крајот е подарок за Монпелје“, коментираат симаптизерите на европскиот првак.

И следниот меч е тежок за Монпелје, ќе му гостува на германскиот Рајн Некар, па се потешка е мисијата да се стаса барем до шестото место во А групата за да се обебзеди настап во осминафиналето во ЛШ. Монпелје и Кристијанштад се на последните две места, седмо и осмо во А групата со само еден бод.

 

Марсел Кајзер ќе биде новиот тренер на Спортинг Лисабон?

Само ситници го делат од официјализација и потпишување договорот помеѓу клубот Спортинг Лисабон и тренерот Марсел Кајзер. Овој Холанѓанец во моментов го води клубот Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати, а има работено и во Ајакс.

Пред два дена, Спортинг се раздели со тренерот Жоао Пешеиро, откако тимот загуби во Лига купот со 1:2 од второлигашот Есторил.

Според португалските медиуми, најблиску до тоа да стане тренер на тимот за кој настапува македонскиот десен бек Стефан Ристовски, е Кајзер. Откако ќе договори под кои услови ќе го раскине договорот со Ал Џазира, Кајзер веднаш заминува за Португалија.

Желба на Спортинг беше и Леонид Слутски од Витесе, но рускиот тренер тешко може да добие раскин на договорот. Од Кајзер се очекува да ги форсира младите домашни играчи, како што тоа го правел во минатото додека бил тренер на Ајакс.

Дерби со два хендикепи – Шкендија и Шкупи на мегдан без најдобрите стрелци

Најдобриот стрелец во историјата на домашните шампионати, Баже Илијоски нема да игра за Шкупи, денеска од 13,30 часот против Шкендија, екипа која ќе атакува на шестата победа по ред во меѓусебните дуели, без Бесарт Ибраими.

Двајцата најефикасни играчи од постоењето на македонската Прва лига ќе бидат отсутни поради повреди, што значи голем хендикеп и за Шкендија и за Шкупи, во дербито од 13. коло во Тетово.

Бодовите во битка за врвот ќе имаат големо значење и во двете скопско-струмички пресметки.

Лидерот Вардар по долг период, по цели 12 години ќе игра против Беласица во Скопје и ќе мора да атакува на победа за да ја продолжи серијата од 12 рунди како лидер на табелата.

Беласица пристигна во главниот град со цел да ја прекине мини-серијата од два порази и со евентуален подвиг да побегне од зоната за испаѓање.

Во Струмица кај Академија Пандев гостин ќе биде Работнички. Во дуелот на двете екипи што се веднаш зад Вардар и Шкендија на прволигашката табела. Академците на Пандев имаат само една победа на пет меѓусебни дуели со скопските „романтичари“.

Двојки – 13. коло, денеска од 13,30 часот:

Шкендија – Шкупи, Вардар – Беласица, Академија Пандев – Работнички, Македонија Ѓ.П. – Ренова, Победа – Силекс.

 

Навива за Реал, идол му е Сафин, ќе проба да го изненади Ѓоковиќ

Рускиот тенисер Карен Хачанов е 18-ти на АТП листата, и на хартија гледано, нема што да бара во финалето на Мастерсот во Париз против најдобриот на светот, Новак Ѓоковиќ. Но, од Хачанов не се очекуваше ниту да стигне до финалето, па успеа.

За Ѓоковиќ се знае речиси сè, тој ќе се обиде да го освои парискиот Мастерс за првпат после три години, а пречка му е незгодниот 198-сантиметри висок Русин кој претставува иднина на „белиот спорт“.

Хачанов почнал да игра тенис на само тригодишна возраст, а татко му бил одбојкар, па затоа и не треба да чуди што тенисерот има висина со која слободно би можел да се замимава и со одбојка. Тениски идол му е Марат Сафин, против кого има играно еден егзибициски меч во Хелсинки, а не крие дека инспирација му е Хуан Мартин дел Потро.

Да не бил тенисер, би сакал да биде кошаркар. Навива за Реал Мадрид и Мајами хит, а омилени спортисти му се Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо и Конор Мекгрегор.

Ако успее попладнево да го победи Ѓоковиќ, на 22-годишниот Карен ова ќе му биде најголем успех во кариерата и четврти освоен трофеј. Но, секако и Ноле се прашува.

Навивачите на Карлсруе со стотици факели се простија од Вилдпарк (Видео)

Навивачите на германскиот третолигаш Карлсруе со спектакуларна факелијада се простија од својот стадион „Вилдпарк“, кој има завидна историја во германскиот фудбал. Вчера клубот го одигра својот последен меч на овој стадион, и славеше со 2:1 против Вицбургер.

Пред почетокот на мечот, 25.000 фанови направија убава кореографија, а од стадионот се поздравија со песна и по некоја солза.

https://twitter.com/twitter/statuses/1058776211986485250

Карлсруе се бори за влез во втора лига, а пред 20-тина години клубот дојде до полуфинале во Купот на УЕФА (сегашна Лига Европа), во далечната 1909 беше првак на Германија. Членови на Карлсруе биле Оливер Кан, Мехмет Шол, Славен Билиќ, Томас Хеслер, Михаел Тарнат, Шон Данди, Бруно Лабадија, Гвидо Бухвалд, и други познати фудбалери.

 

 

Маркес ја освои и Малезија, Роси водеше, но падна

Валентино Роси пропушти голема шанса да оствари победа во Мото ГП, и неговиот кикс го искористи шампионот Марк Маркез кој се искачи на највисокото место на подиумот во Малезија.

На патеката Сепанг се чинеше популарниот Доктор ќе дојде до триумф, водеше на четири круга до крајот, но излета од патеката, па тој со својата Јамаха заврши дури на 18. место. Роси изјави дека ова му е прва грешка сезонава и жали што не дојде до својата прва победа од трката во Асен во 2017.

Маркез го освои првото место пред Алекс Ринс и Јохан Зарко како втор односно трети.

Монако не бил олку лош од 1969 година наваму

Монако е на дното на табелата во француската лига, а и како не би бил кога нема победа од 11 август наваму. Само една победа и 7 бода во првите 12 кола, е нешто што никој не го очекуваше од „кнезовите“.

Овој клуб пред само околу една ипол година играше полуфинале во Лигата на шампионите, а сега би можел да се бори за опстанок во домашното првенство, ако се погледне моментната состојба. Се обидоа да сменат нешто пред две недели кога за тренер беше ангажиран Тјери Анри, но и тоа не помогна.

Лошата серија трае ли трае. Вчера Монако загуби од Ремс со 1:0, и тоа е 14-ти меч по ред во сите натпреварувања, на кој Монако не знае за победа (9 порази и пет нерешени). Ваков очаен биланс клубот за последен пат имал во далечната 1969 година, кога врзал 16 средби едноподруго без триумф.

Сопругата на Томас Милер жестоко го навреди тренерот на Баерн

Лиза Милер, сопругата на фудбалерот Томас Милер, жестоко го навреди тренерот на баварците, Нико Ковач, што нејзиниот маж предолго го чуваше на клупата за резерви.

Баерн се мачеше против Фрајбург, и во 71 минута при резултат 0:0, Милер беше внесен во игра на местото на Хамес Родригес. Девет минути подоцна, Баерн поведе со 1:0, но во финишот гостите погодија за 1:1, и освоија голем бод.

Госпоѓа Милер кој седеше во ВИП ложата на „Алијанц арена“ во Минхен, на Инстаграм сподели фотографија од нејзиниот сопруг и тренерот Ковач, пропратен со невкусен коментар.

„Повеќе од 70 минути му требаа за да ги вклучи мозочните ќелии“ – беше пораката од Лиза Милер, наменета за тренерот.

Очигледно таа смета дека Томас влезе предоцна во игра, а ова не ѝ е првпат да го критикува Хрватот. Милер ја правдаше жена му дека тоа биле излив на емоции, од голема љубов кон него, но не го оправда напишаното. И тренерот рече дека не се лути, бидејќи тоа не е напишано од самиот фудбалер.

Баерн е втор и има четири бода помалку од лидерот Борусија Дортмунд, на кој ќе му гостува во следното коло.

Јуве победува, но Алегри предупредува

Јувентус има 10 победи и еден нерешен исход после 11 кола во Серија А, што е изедначување на најдобриот старт во историјата, а тренерот Масимилијано Алегри не е импресиониран, и најде замерка за неговиот тим на кој не му дозволува да летне во облаци. Тој после победата од 3:1 против Калјари, критикуваше дека лесно примаат голови.

„Треба да го браниме голот подобро. Примаме премногу голови, и ризикувавме Калјари да ни изедначи во 85 минута. Мора да работиме да ги снема овие опасности, не ми се допадна како игравме одбрана. После првиот, требаше да дадеме уште еден гол за 2-0, а не да дозволиме да изедначат. Нема да можеме секогаш да даваме по 2-3 гола“ – изјави Алегри.

Алегри е загрижен за состојбата на Даглас Кошта и Миралем Пјаниќ, кои се повредија и неизвесно е дали ќе може да играат против Манчестер јунајтед во среда.