11.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025
Дома Blog Страница 9963

Наполи и Ајнтрахт со убедливи победи

Наполи потврди дека е во врвна форма и со 5:1 лесно го декласира аутсајдерот Емполи на домашен терен, а Ајнтрахт во меч од Бундеслигата славеше во Штутгарт со 3:0.

Дријс Мертенс беше супер расположен за игра и го креираше триумфот на Наполи со хет-трик и асистенција до Милик. Белгиецот погоди во 38., 64. и 93. минута, а му асистираше на Милик во 90. минута. Триуфот на фаворитот го најави Инсиње во деветтата минута.

За Емполи стрелец беше Капуто во 58. минута.

Ајнтрахт е разигран и петти меч по ред не знае за пораз. Вечерва ги декласира популарните „шваби“ и тоа на нивни терен во Штутгарт. Халер, Ребиќ и Милер погодија за пробив на третата позиција во Бундеслигата.

Будуќност ќе чека прва победа во иднина

Третото учество на Будуќност во Евролигата не почна добро за црногорскиот првак и вечерва е забележан петтиот пораз, па тие се единствената екипа без победа во конкуренција на 16 состави.

Во Подгорица вечерва славеше и Панатинаикос со 72:67, со што Будуќност го забележа и петтиот пораз во исто толку натпревари.

Слаба утеха за домаќините е што Ален Омиќ беше најефиаксен кошаркар на мечот со 16 поени, бидејќи само уште Ивановиќ забележа двоцифрен број на поени, 12 кај црногосркиот првак.

Останува во идните натптревари Будуќност да покаже дека има квалитет за настапи во Евролигата, а следна можност за прв триумф ќе им биде дуелот со Жалгирис на домашен терен.

Почетокот и крајот го расипаа дербито – Почина навивач на Фенер, голема тепачка меѓу играчите на Галата и Фенер

Голема тепачка по завршувањето на мечот го расипа големото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче. Имаше вистинска бркотница по терен, а нашиот репрезентативец Елиф Елмас се обидуваше да ги смири страстите.

Елмас го одигра целиот меч, кој заврши нерешено, 2:2. По завршувањето на дербито се обиде да ги раздвојува завојуваните страни.

Турските медиуми најавуваат дека ќе има строги казни. Ќе се користат и камерите за да се казнат виновниците за инцидентот, кој го расипа одличното дерби на Истанбул.

Инциденти имало и пред мечот, со тепачка меѓу навивачите, а од срцев удар починал навивач на Фенербахче.

Елмас промаши меч топка, големото турско дерби заврши нерешено, 2:2

Елиф Елмас имаше меч топка за победа на Фенербахче во големото турско дерби со Галатасарај, но Фернандо Муслера на чудесен начин му го одбрани ударот во 84. минута.

Галатасарај водеше со 2:0, но на крајот се спасуваше од пораз, па двете екипи освоија по еден бод со реми, 2:2.

Елмас го одигра ц елито меч и ова е негово прво дерби со Галатасарај, на кое играше. Лани беше рфезерва, сега ја доби довербата на новиот тренер Ервин Куман и одигра одличен меч. Заработи и жолт картон, а ја имаше шансата на мечот за победа на гостите од 3:2.

Донк и Линес со по еден гол му донесоа предност на Галатасарај, но Валбуена од пенал и Жаилсон за само 360 скеунди од 66. до 72. минута израмнија на 2:2 во возбудливото дерби на Истанбул.

И Химки конечно победи во Евролигата

Химки ја забележа првата победа во Евролигата, откако вечерва во меч од петтото коло ја надигра Гран Канарија. Рускиот состав славеше убедливо со 87:72, а повторно како и обично ги предводеше Швед со 24 поени.

Моментно по триумфот на Химки само Будуќност е без победа во конкуренција на 16 екипи во најсилното клупско натпреварување во Европа.

Според Викиликс – Големата единаесетка се договори за Супер Лига, има и петорка што ќе се менува

Гигантите на европскиот фудбал предводени од актуелниот шампион Реал Мадрид веќе договориле Суперлига во која постојани членки и основачи ќе бидат 11 клубови, објави Викиликс.

Според документот од Мадрид на состанокот вчера било договорено постојани учесници и основачи на Лигата да бидат Реал, Барселона, Јувентус, Баерн, Манчестер јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул, Манчестер сити, ПСЖ и Милан, а останатите пет клубови до шеснаесетка се Интер, Рома, Олимпик Марсеј, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Петорката е со посебна покана и би учествувале сигурно во првото издание, а како што објави Викиликс тие пет позиции ќе бидат променливи.

Не е прецизирано кога точно ќе почне лигата, но по ноемврискиот состанок во Мадрид јасно е дека Суперлигата ќе постои со меѓусебен договор на европските фудбалски великани.

Прво, па полуфинале во Париз – Хачанов и Тим сефте еден против друг

Доминик Тим успеа да направи пресврт и со 4:6,6:4,6:4 да го победи Џек Сок за полуфинале на тенискиот турнир во Париз. Влогот сега е голем, се игра за пласман во финалето, а Австриецот за првпат ќе игра против Карен Хачанов.

Рускиот тенисер неочекувано лесно се справи со Александер Зверев и го декласира за само 70 минути, со резултат 6:1, 6:2. За 22-годишниот тенисер од Москва ова е еден од најголемите успеси и сега во првиот меѓусебен дуел со Тим ќе се обиде да стаса до меч за титула во Париз.

Во вториот дел од костурот полуфиналистите ќе се знаат по деулите меѓу Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ, односно Роџер Федерер и Кеи Нишикори, кои се играат вечерва.

Гигантите чекаат на „штрек“, Ајакс го продава Де Лихт за 60 милиони евра

Ајакс ја одреди цената како отштета за 19-годишниот стопер Матијас Де Лихт и тој е слободен за сума од 60 милиони евра. За младиот холандски репрезентативец се интересираат дузина големи клубови, а пред се тука се Јувентус, Барселона, Манчестер сити и Баерн.

Ајакс само потврдува дека е  најголем расадник на таленти на планетата, позиција која беше потврдена и со анализа на фудбалската опсервација „CEIS“, а Де Лихт е само еден од многуте бисери што потекнуваат од познатата фудбалска Академија на Ајакс.

Куман продолжи каде што Коку застана – Елмас е стартер и кај новиот тренер

Елиф Елмас ќе настапи за Фенербахче на големото дерби со Галатасарај од 19 часот вечерва, а ја доби довербата и на новиот тренер Ервин Куман.

Филип Коку си замина, а го замени неговиот сонародник од Холандија Ервин Куман, но статусот на Елмас не се менува. Повторно е во стартните 11, а на ред е мечот за кој се живее во Турција, големото дерби во Истанбул меѓу Галатасарај и Фенербахче.

За Елмас ова е прво вакво дерби на кое ќе игра, откако лани остана на клупата и не настапи против Галата.

По Бендтнер и Верати, затвор му се заканува и на Роналдињо

Поранешниот освојувач на „Златната топка“, Роналдињо, заедно со неговиот брат Роберто де Азиз, останаа без пасоши. Властите во бразилската држава Рио Гранде им ги одземаа патните исправи на двајцата браќа поради прекршок кој го направиле уште во 2015 година.

Тие ја загрозиле животната средина, откако ставиле платформа за риболов на место каде што е природен резерват. Поради тоа, биле санкционирани со казна од два милиони евра. До овој момент таа казна не е платена, па затоа Роналдињо и неговиот брат останаа без пасошите.

Роберто де Азиз е фудбалски агент кој се грижеше за кариерата на својот брат. Засега не се знае дали Роналдињо може да заглави и во затвор поради неплатената казна.

Роналдињо е третиот фудбалер за кого денеска се пишува дека има проблеми со законот. Претходно поради возење во пијана состојба еден ден во затвор преноќи Марко Верати од ПСЖ, а некогашната ѕвезда на Арсенал, Никлас Бендтнер ќе мора да одлежи 50 дена во затвор поради тоа што му скрши вилица на таксист.