13.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025
Дома Blog Страница 9962

Службен пораз на Шкупи, тешки мечеви за Гостивар и АВ Охрид

Без игра, екипата на Пелистер доби два бода на своето конто, откако Македонската кошаркарска федерација не му дозволи на Шкупи да игра поради неисполнети финансиски обврски. Средбата требаше да се игра денеска од 13 часот.

Ова е прв службен пораз за чаирчани, а ако не го решат проблемот за една недела, кога треба да играат со Вардар, ќе бидат исклучени од првата лига, и елитното друштво ќе продолжи со 10 тима, со тоа што во речиси секое коло би имало по два слободни тима.

Дека не е сè така црно во македонската клупска кошарка, ќе се обидат да покажат двата меча кои се закажани за 18 часот. Во Охрид гостува МЗТ Скопје Аеродром, а Гостивар го пречекува Фени индустри.

„Штрковите“ се големи фаворити на хартија против „галебите“, и ова им е генерална проба пред гостувањето кај Вршац во АБА 2 лигата, додека Гостивар по вторпат сезонава игра дома и оди на втора победа. Кавадарчани имаат скор 3-1, но овој меч им е вистински испит за можностите.

Пандев и Пјонтек го плашат Интер

Појавувањето на Горан Пандев во дресот на Џенова на стадионот „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, предизвикива големо внимание, бидејќи тој е една од легендите на Интер, и член на онаа генерација од 2010 година која стана европски првак.

Приказната за Пандев и Интер е испреплетена уште кога струмичанецот во 2001 година настапи на младинскиот турнир во Виареџо, а зенитот го достигна со трите титули во 2010. Патот до Интер водеше преку Специја, Анкона и Лацио. Со „нероаѕурите“ освои и светско клупско, таму даде гол во финалето, но на љубовта брзо ѝ дојде крај. Горан во 2011 прејде во Наполи, играше и за Галатасарај пред да замине во Џенова.

Сега и со 35 години, Пандев претставува опасност за противниците. Од Интер најавуваат дека мора да се обрати внимание на Горан и на Полјакот Пјонтек. Најавите се дека Пандев ќе влезе во игра во второто полувреме. Тоа ќе биде шанса публиката да му даде аплауз за сè што направи за Интер.

Солари со осакатена одбрана дебитира како тренер во Примера

Реал Мадрид попладнево против Валјадолид ќе се обиде конечно да дојде до победа во шпанското првенство, но тоа ќе треба да го направи со драстично ослабена одбрана. Новиот тренер Сантијаго Солари, ќе го има дебито на клупата на еден меч од Примера дивизија, но нема да ги има на располагање сите ресурси.

Повредени се бековите Марсело и Карвахал, централните дефанзивци Варан и Валјехо, како и напаѓачот Маријано Дијас. Реал без овие фудбалери настапи и во средата во Купот на Шпанија, но тоа беше меч против полесен противник. Валјадолид откако доби нов газда во име на бразилската легенда Роналдо, бележи одлични резултати.

Солари во дефанзивниот ред ќе мора да игра со Одриосола и Регилон како бекови, а Рамос и Начо како централни одбранбени играчи. Од резервите само еден е одбранбен играч, Хави Санчес од вториот тим на Реал.

Главните бекови, Карвахал и Марсело, очигледно се незаменливи, последен пат заедно играа на 15 септември против Рома, дуел кој Реал го доби со 3:0. Од тогаш, тимот тргна по надолна линија и сега бара излез од кризата.

Интересно ќе биде да се види дали на голот ќе биде Куртоа или Навас. Белгиецот има поголеми шанси да биде прва опција, иако тој има пост од 42 дена без победа во дресот на „кралскиот клуб“. Под притисок е и Бејл, кој одамна нема дадено гол и покажа дека не може да биде замена за Кристијано Роналдо, а освежување во офанзивниот ред може да донесе младиот Винисиус.

Најчудниот челинџ во историјата, го снема топчето (Видео)

 

Неверојатна ситуација се случи на натпреварот помеѓу Доминик Тим и Џек Сок во четвртфиналето на Мастерсот во Париз. Сервираше Австриецот и судиите пресудија аут. Сок не беше сигурен дека сервисот на противникот бил прецизен, па побара челинџ, и се гледаше снимка каде паднало топчето.

Но, дали техниката затаи или сервисот беше толку силен, на снимката немаше „отпечаток“ каде е паднато топчето, едноставно како да исчезна, а на екранот се појави дека е внатрфе во поле, што значи дека сепак судиите биле во право дека е ас.

Погледнете го најчудниот челинџ виден досега:

Волтон на рапорт кај Меџик Џонсон, ќе се остварат ли прогнозите за спојување на Лу и Леброн?

Лук Волтон мора брзо да пронајде победнички рецепт и тоа во серија за Лос Анџелес лејкерс, за да го задржи местото главен тренер на „шоумените“ од Ел-еј, прогнозираат експертите.

Младиот тренер бил на рапорт кај легендарниот Меџик Џонсон, кој е претседател на Лејкерс, а било разговарано како да се поправи негативниот ефект од 3 победи и пет порази на стартот од сезоната во НБА лигата.

Во Лос Анџелес летово пристигна најголемата НБА ѕвезда во моментов, Леброн Џејмс, а токму тука може да е и главниот проблем на Волтон.

Тајрон Лу доби отказ во Кливленд по заминувањето на кралот Џејмс од клубот, а „злите јазици“ веднаш прогнозираа дека е загрозена позицијата на Волтон во најтрофејниот клуб во НБА лигата.

Леброн според нив сака да командува, речиси и непотребно е да се коментира дека во Кливленд тој ги влечеше сите конци, а за Лу велат дека беше само фигура на клупата на Кавалирс. Џејмс ја состави екипата, велат по сопствен избор и успеа да ја доведе и до титулата во НБА.

Сега Лу е слободен агент, остана без работа по отказот во Кливленд и веднаш се шпекулираше дека Волтон треба да внимава. Младиот тренер имаше успешна епизода како помошник на Стив Кер во шампионскиот тим на Голден стејт вориорс, но сега мора итно да најде победнички концепт за Лос Анџелес лејкерс, ако сака да продолжи како главен тренер на клупата на „езерџиите“.

Маркез не попушта и со титула в џеб – Ќе ја има пол-позицијата во Малезија

Марк Маркез не пошушта, иако веќе ја освои титулата во Мото ГП шампионатот, а беше најбрз денеска во трката за пол-позицијата во Сепанг, Малезија.

Со својата Хонда шпанскиот ас имаше најдобро време, а по него од првиот ред ќе стартуваат и Јоан Зарко, а зад нив е легндарниот Валентино Роси.

Маркез е неприкосновен си сезонава и веќе ја освои петтата титула во послендите шест шампионати во „кралската класа“.

Главната трка за Големата награда на Малезија ќе се вози утре од 8 часот.

Волфсбург има „штоф“ да ѝ скрои голови на Борусија Дортмунд

Волфсбург е ефикасен на домашен терен и верувам дека ќе најде рецепт за да ја затресе мрежата на Борусија Дортмунд барем двапати. Во ова коло очекувам и сигурни победи на фаворитите Баерн, Борусија Менхегладбах и на Шалке 04, екипа која игра променливо, но нема избор освен со сите сили да атакува на бодовите против Хановер, вели нашиот експерт за Бундеслигата, Александар Васоски.

 

Еве го неговиот избор од пет натпревари од десеттото коло во една од Топ-5 лигите во Европа:

 

Баерн Минхен – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)

Немам многу дилеми и очекувам сигурна победа на шампионот. Баерн полека, но сигурно излегува од кризата и е голем фаворит. Фрајбург е лош на гостински терен и тешко дека ќе успее да го изненади домаќинот денеска. И билансот во меѓусебните средби покажува кој е фаворит за триумф. Баерн има четири победи по ред против Фрајбург, а денеска очекувам и петта, во меч со најмалку три гола.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.61)

 

Баер Леверкузен – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)

Баер почна да игра како што се очекува, на последните два меча постигна неверојатни 11 погодоци, а противникот е како погоден за меч со многу голови. Хофенхајм е четвртата најефикасна екипа во Бундеслигата, има одлични напаѓачи и игра отворен фудбал, без калкулации, па логичен избор ми е дуел со голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.55)

 

Шалке 04 – Хановер (Сабота, 15.30 часот)

Шалке е една од најнестабилните екипи за типување, но  верувам во нивниот квалитет. „Ауф Шалке“ арена е незгоден стадион за гостување, а и позицијата на учесникот во Лигата на шампионите, при дното во Бундеслигата не одговара на квалитетот што го имаат. Типувам сигурна победа на домашниот тим.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

Волфсбург – Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30 часот)

Овде ќе се обидам со мало изненадување и ќе типувам дека Волфсбург ќе успее барем двапати да ја затресе мрежата на гостите. Волците на домашен терен постигнуваат доста голови, Борусија знае и да прими по некој гол од добро организирани екипи, а во тој ранг го вклучувам и Волфсбург.

Предлог тип: Т1 2+ (2.45)

 

Борусија Менхенгладбах – Фортуна Диселдорф (Недела, 15.30 часот)

Борусија неочекувано влезе во мини-криза и прими многу голови на последните два меча, дури 8, па ова им е шанса со победа да се вратат во победнички ритам. Фортуна нема триумф на гости, а тешко е да се очекува сефте на „Борусија Парк“, каде утре очекувам домаќините да слават убедливо.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (1.60)

 

ТИПУВАЈТЕ НА СПОРТСКА ПРОГНОЗА: Дали „топчиите“ ќе се распукаат против Ливерпул?

Сите играчи на Спортска прогноза имаат можност до 16 часот да типуваат и да влезат во играта за добивање на мобилен телефон или ваучери од обложувалниците Sport Life. Вкупно 12 меча се предизвик за сите. Првиот дуел со кој започнува третото коло на Спортска прогноза е Евертон – Брајтон во 16 часот. Домаќините се фаворити на овој дуел.

Вкупно седум средби се играат денеска, четири се закажани за утре, а колото се затвора в понеделник со дуелот Еспањол – Атлетик Билбао. Тука се и двете резервни средби кои влегуваат во игра ако не се одигра некој од основните 12 средби.

Од сите мечеви, најатрактивен и најпривлечен е тој во Лондон. Арсенал го пречекува Ливерпул. Домаќините се во победничка еуфорија. „Топчиите“ имаат 12 победи и само едно реми на последните 13 дуели во сите натпреварувања. Тоа само потврдува во колку добра форма е Арсенал.

Ливерпул сепак нема да се уплаши. Тоа е тим кој по првите 10 меча нема ниеден пораз во Премиер лигата. Арсенал го има вториот најдобар напад во лигата и досега даде 24 погодоци, но ќе биде интересно дали ќе се пробие одбраната на гостите кои во 10 дуели примија само 4 гола.

Арсенал само со победа ќе докаже дека има шампионски амбиции. Сепак, Ливерпул делува постабилно, но тоа ќе треба да се потврди на теренот. Интересно е што на осум од последните 10 меѓусебни дуели имало дури по 4 гола, а еден заврши со три погодоци. Оваа традиција ветува дека ќе има голови, но прашање е во која мрежа ќе паднат повеќе?

Правила

  • Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива телефон Samsung Galaxy A6 2018.
  • Доколку 2 или повеќе ги погодат сите натпревари во едно коло, подарокот ќе се подели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност од 15.000 (ако има двајца добитници ќе добијат ваучери во вредност од 7.500 денари, тројца по 5.000 денари).
  • За погодени 11 натпревари – ваучер од 1.000 денари.
  • За погодени 10 натпревари – ваучер од 500 денари.
  • За погодени 9 натпревари – ваучер од 200 денари.

За учество во играта потребно е да сте фан на нашата facebook страница: facebook.com/SportManija

Секој корисник има право на една прогноза. Корисникот кој прогнозирал два или повеќе пати ќе биде дисквалификуван за тековното коло.

Ваучерите се активираат исклучиво на Sport Life клуб-картичка.

Во конкуренција се прогнозите испратени пред почетокот на првиот натпревар.

 

 

Дамите од Иран не смеат на стадион, нема проблем ќе навиваме од дома (Видео)

Персеполис имаше поддршка од голема група навивачи во Кашима, на првиот меч од финалето во азиската Лига на шампиони, но повторно ги немаше дамите на стадион, ниту на гостувањето во Јапонија.

Во Иран се уште важи законот за забрана на присуство на фудбалските натпревари за припадничките на понежниот пол, но тие не се откажуваат.

Персеполис загуби со два гола разлика во Јапонија и ќе има тешка задача пред реваншот во Техеран, да ја анулира негативата од 0:2. Дамите повторно нема да можат од трибините да ги поддржат своите миленици, а навиваа утринава за иранскиот шампион организирано во домашна атмосфера.

 

Бразилци ја водат Кашима кон историска титула во Азија

Бразилскиот тандем Силва и Сержињо беа прецизни во второто полувреме за важна победа на јапонскиот тим Кашима против Персеполис, во првиот меч од финалето во азиската Лига на шампиони.

Силва погоди во 58. минута, а Сержињо реализираше 12 минути подоцна за триумф од 2:0 на домашниот тим. Кашима нема титула во ова натпреварување, исто како и Персеполис, екипа која ќе биде домаќин во завршната битка.

Реваншот ќе се игра на 10. ноември во Техеран. Најтрофеен клуб во азиската Лига на шампиони е корејскиот клуб Поханг стилерс со три трофеи, а по нив следат 11 екипи со по 2 круни, меѓу нив и големиот ривал на Персеполис, Естегал.