11.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025
Дома Blog Страница 9964

Капитенот на Борнмут оптимист: Фаворити сме против Манчестер

Капитенот на Борнмут, Сајмон Франсис е полн со оптимизам пред утрешниот меч против Манчестер јунајтед. Во првиот меч од 11-тото коло, Борнмут на свој терен го пречекува најтрофејниот англиски клуб, но без ниту малку страв, домаќините најавуваат атакување на трите бода.

„Нормално дека не ни е страв од мечот против Манчестер јунајтед. Официјално, можам да кажам дека сме фаворити. Верувам дека имаме сили да победиме, но дури и да загубиме, можам да им кажам на навивачите дека тоа нема да биде ништо страшно. Одлично ја започнавме сезонава“, вели Фрaнсис.

Оптимизмот на Франсис се темели на фактот дека Борнмут во досегашниот дел од сезоната освои 20 бодови, додека Манчестер има 17 бодови и е на две позиции зад ривалот кому му гостува утре. Сепак, ако се гледа традицијата, „црвените ѓаволи“ имаат четири победи и едно реми на последните пет меча против Борнмут.

 

Клоп пред дуелот со Арсенал: Неопходно е да одиграме најдобро досега

Дербито меѓу Арсенал и Ливерпул ќе го обележи 11-тото коло во Премиер лигата. Ова ќе биде една од највозбудливите средби досега бидејќи „топчиите“ и „црвените“ редовно приредуваат спектакл, додека на Јирген Клоп му е јасно за каков предизвик станува збор.

„Натпревар против Арсенал е секогаш тежок предизвик. Тие се квалитетна екипа, исклучително опасни во нападот, стабилни во одбраната, што значи дека ќе треба да го покажеме нашето најдобро издание досега за да освоиме бодови во Лондон. Пред сè, треба да ги спречиме да постигнат гол“, истакна Клоп.

Ливерпул победи на три од последните четири меѓусебни средби против Арсенал, но Клоп утре за првпат своите тренерски способности ќе ги вкрсти со Унаи Емери.

„Не е мое да споредувам каков беше Арсенал под водство на Венгер со овој Арсенал кој сега го води Емери. Јасно е дека Венгер е еден од најдобрите тренери во историјата, а знаеме колку добар е и Емери. Арсенал и сега, а и претходно, беше и е една од најквалитетните екипи во Премиер лигата“, додаде германскиот стратег.

Ливерпул по 10 натпревари во Премиер лигата, стои рамо до рамо со Манчестер сити на врвот на табелата, и двете екипи имаат по 26 бода, додека Арсенал е на четвртата позиција со 22 бода. Дербито се игра во сабота, со почеток од 18.30 часот.

За Алегри, Барселона е фаворит во Лигата на шампиони

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, смета дека шпанскиот првак Барселона е фаворит за освојување на титулата на Лигата на шампионите. Иако Барса во последните три сезони рано испаѓа од најсилното натпреварување, за Алегри, е најопасен ривал.

„Велат дека Јувентус е фаворит во ЛШ? За мене, тоа е Барселона. Само погледнете како играат“, рече тренерот од Ливорно.

Алегри е свесен дека од Јуве се бара титула во ЛШ, затоа беше донесен и Кристијано Роналдо, но веројатно не сака уште отсега да им прави преголем притисок на своите играчи, па ја кажа Барселона како кандидат број 1. До завршницата во ЛШ има уште половина година и многу работи може да се сменат.

Тренерот на „старата дама“ посакува неговиот тим почесто да дава голови од прекини, бидејќи сега тоа не се случува.

Тринкиери: Ако нема добри плескавици, веднаш си одам од Партизан

Андреа Тринкиери беше претставен како нов тренер на кошаркарскиот клуб Партизан, а тој на воведната прес-конференција кажа дека работата ја прифатил бидејќи му била предвизвик. Тринкиери е прв странски тренер на „црно-белите“ во нивната 73-годишна историја. Договорот му е на три години.

„Партизан е бренд и тоа треба да остане. Сакам да направам нешто што ќе трае. Во спортот предизвикот е како бензин, нa него не се може. Менаџментот има бизнис-план и проект, сериозна е приказната и мора и кошаркарски да бидеме како што треба. Многу луѓе се чудат зошто дојдов во Партизан. Да беше лесно, немаше да дојдам. Не знам колку време ќе ни треба, екипата е во депресија, реди порази, ќе мора прво психолошки да ги кренам играчите. Младите играчи грешат бидејќи се неискусни и се плашат. Во Партизан играле Дивац, Паспаљ, Ребрача, Даниловиќ, Ловерњ, Бертанс, сите тие тука се развија“, изјави Тринкиери, кој носеше црно-бела вратоврска.

На прашањето дали има некоја посебна клаузула, тој даде интересен договор.

„Имаме многу важна клаузула. Мора да ми се каже каде во Белград има добри плескавици. Во спротивно, си одам дома“, кажа харизматичниот Тринкиери.

 

Македонија заобиколена во идејата за домаќинство на балканските земји на СП 2030

На состанокот на челниците на Романија, Грција, Србија и Бугарија во Варна, на идеја на грчкиот премиер Алексис Ципрас, дошло до договор овие четири балкански земји да се кандидираат за домаќини на Светското првенство во фудбал во 2030 година.

Идејата на Ципрас ја прифатиле неговите колеги од другите три земји. Македонија не е ставена во овој круг, иако имаме стадион на кој може да се играат мечеви од првата фаза на СП.

Според познавачите, шансите на „балканската коалиција“ да ја добие организацијата не се баш добри, затоа што во 2030 година е 100-годишнината од првото СП во Уругвај, а кандидатура има и од Уругвај, Аргентина и Парагвај. Од друга страна, во 2022 (Азија) и 2026 (Северна Америка) СП ќе се игра надвор од Европа, па Стариот Kонтинент би требало доста да чека.

Србите планираат да се кандидираат и за Европското првенство 2028.

Новиот претседател на Лестер има прекар „Топ“

Ајават „Топ“ Шриваданапраба, 33-годишниот син на загинатиот Вишај, ќе биде новиот претседател на фудбалскиот клуб Лестер и вети дека ќе го продолжи патот по кој одеше неговиот татко. Всушност, популарниот Топ е најзаслужен што татко му во 2010 година го купи Лестер.

Во 1997 година, кога имал 12 години, Топ бил во Англија и првпат гледал фудбалски меч, а на таа средба во Вембли (финале на Лига купот) играле Лестер и Мидлсброу. Тој тогаш се заљубил во „лисиците“, а сега ќе има прилика да биде нивен сопственик. Топ има и брат и две сестри, но тој ќе биде на чело на клубот.

„Трогнат сум од тоа колку луѓе го имале во срцето мојот татко. Тој ми го остави клубот во наследство и морам да ги продолжам неговата визија и соништа“, рече Ајават, кој им се заблагодари на сите што му изразиле сочувство.

Една од визиите на таткото беше изградба на тренинг-центар, кој ќе чини 100 милиони фунти. Погребот е закажан за трети ноември во Бангкок, но според тајландската традиција, церемониите траат и по една недела, така што не се знае кога ќе биде кремирањето.

Како би изгледал фудбалот со новите предложени измени? (Видео)

Интернационалниот борд на фудбалската асоцијација е организација која ги поставува правилата на игра и сега предлага неколку радикални измени во делот на играње со рака во одредени ситуации.

Се планира пеналот да биде само еден шут, поточно, ако голманот го одбрани шутот, нема да смее да се постигне гол по одбиената топка, туку судијата ќе досуди гол-аут. Исто така, случајното играње со рака ќе биде пенал, но што се подразбира под случајно, ќе треба допрва да се утврди. Можеби од правилата ќе се исфрли зборот случајно и играње со рака ќе се окарактеризира секој допир на топката ако раката не е во природна позиција.

Ќе се разгледа и можноста за запирање на времето за време на измени и тоа е лоша вест за тренерите кои сакаат да задржуваат време, а ќе се поништат головите ако претходно топката удри некого во рака.

Овие предлози треба да се одобрат наредната недела, а дали ќе стапат на сила, ќе се знае во март наредната година, на состанокот во Лондон.

Според новите предлози, овој гол на Погба би бил поништен бидејќи е постигнат по одбиен шут:

https://www.youtube.com/watch?v=fQyZDKVPDGo

 

Нашите совети вчера ќе ви донесеа добивка со погодена квота 21,2

По вчерашниот ден, кога сите предлози и квоти на денот од SPORT LIFE беа погодени, и денеска се нудат интересни мечеви кои не треба да се заобиколат при пополнувањето на ливчињата. Издвојуваме пет натпревари за овој петок, кој е најава за богат викенд.

Галатасарај – Фенербахче (19 часот)

Домашните се фаворити на хартија, но ова е дерби во кое и цврстината на нервите игра голема улога. Галатасарај три кола по ред нема победа, одамна не постигнале повеќе од еден гол, а дуелот со вечниот ривал е шанса да се извадат кај своите фанови. Седум од последните осум меѓусебни дуели завршија 0-2 гола, а на последните два меча воопшто немаше голови, но веруваме дека вечер на „Турк Телеком“ нема да биде така.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.10)

 

Наполи – Емполи (20.30 часот)

Наполи има убава прилика да се искачи на второто место. Емполи е во зоната на испаѓање и во десет кола има само 6 бода (победи само во првото коло). Наполи ги доби последните три пресметки против Емполи, а на последните шест секогаш даваше барем два гола.

Предлог тип: 1-1& 2-5 (2.50)

 

ПСЖ – Лил (20.45 часот)

Парижаните се на пат да соборат рекорди во француската лига. Ги добија сите 11 меча досега, дома имаат гол-разлика 24-2, а само на последните два меча пред своја публика постигнаа десет гола. Лил е второпласиран и според тоа, ова е големо дерби. Но, предноста во квалитет е на страна на ПСЖ, кој ако слави, ќе отиде на плус 11 бода разлика. Лил не победил против ПСЖ од 2012 година.

Предлог тип: Т1 1+I& T1 3+ (2.00)

 

Штутгарт – Ајнтрахт (20.30 часот)

Штутгарт е последен на табелата, на последните три меча даде еден, а прими 11 гола. Тимот од Франкфурт минатото коло ремизираше и му заврши низата од шест победи по ред во сите натпреварувања. Традицијата е на страна на домашните, а на 10 од последните 11 меѓусебни дуели, двата тима даваа гол.

Предлог тип: ГГ (1.71)

 

Бенфика – Мореиренсе (21.30 часот)

Тука „единицата“ се подразбира, но бидејќи коефициентот е мал, треба да се искомбинира со уште нешто, а нашиот предлог е 3+. Ова се тимови кои ретко играат нерешено. Бенфика мора да нападне со сите сили, бидејќи по киксот против Белененсеш, заостанува еден бод зад Порто и Брага. За неефикасниот Мореиренсе, успех би било ако даде почесен гол.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.50)

Вардар пушти уште 500 билети за дуелот со Барселона

Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона, пуштени се во продажба дополнителни 500 билети. Тие се за стоење и веќе се пуштени во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.

Цената на билетите е 150 денари. Натпреварот со Барселона е закажан за 11-ти ноември во 17 часот. Овој викенд, Вардарци играат дома со Мешков Брест.

Металург ги претстави трите засилувања, Брестовац најави враќање на стариот пат

Металург ги претстави трите нови засилувања, Александар Шпенде, Миха Пучник и Гонзало Рибеиро, во пресрет на мечот против Чеховски медведи во Лигата на шампионите. Претставувањето беше на денешната прес-конференција, во која тренерот Данило Брестовац истакна дека тимот полека се комплетира, па така и започнува фазата на враќање на Металург на старите патеки.

„Претходно посочив дека со нетрпение ја чекам паузата за да се консолидираме. Тоа и го направивме, сега сме покомплетни и повеќе личиме на екипа, имаме и повеќе опции за ротација. Можеби го загубивме Јагањац, но добивме три квалитетни засилувања со кои ќе бидеме поконкурентни. Се надевам дека брзо ќе се усогласат со останатите ракометари и нашиот начин на работа, а воедно ќе можат да им помогнат на помладите играчи со своето искуство. Ѝ благодарам и на управата која брзо реагираше и ги реализираше трансферите во краток период“, истакна Брестовац.

Што се однесува до средбата против Чеховски медведи, Брестовац посочи дека неговата екипа е гладна за победа, а воедно побара и поддршка од трибините во недела.

„Создаваме нов Металург, ги направивме првите чекори кон враќањето на стариот сјај на овој тим и се надевам дека уште во недела ќе ни тргне во нагорна линија. Поддршката од трибините ќе ни биде потребна, па затоа ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број“, додаде Брестовац.

Натпреварот од шестото коло во Лигата на шампионите меѓу Металург и Чеховски медведи ќе се игра во недела, во терминот од 17 часот.