16.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025
Дома Blog Страница 9992

Адеми е во топ форма, заслужи место во идеалниот тим во ХНЛ

Аријан Адеми е во топ-форма, беше главен играч на Динамо Загреб во победата против Истра и заслужено е во идеалниот состав на колото во ХНЛ лигата, пишуваат новинарите на „24 сата.хр“.

Адеми постигна гол во триумфот од 4:1 на гостите од Загреб и си го завзема своте место во средниот ред меѓу најдобрите 11 на колото.

Аријан имаше проблеми со повреди, но се врати на терен и игра одлично за Динамо и за нашата репрезентација.

Биелса го бара Елмас во Лидс, Алиоски ќе помага

Аргентинецот Марсело Биелса се вклучи во трката за ангажман на Елиф Елмас и иако конкуренцијата е жестока, бидејќи заинтересирани се и Тотенхем и Манчестер сити има силен адут.

Според информации во англиските медиуми Џани Алиоски е вклучен во целата операција да се убеди Елмас да се пресели на „Еланд Роуд“.

Биелса важи за стратег што сака да им даде шанса на помладите играчи, а и на Лидс добро би му дошол нашиот репрезентативец, бидејќи бие битка за пласман во Премиерлигата. Составот им е одличен, но добро би им дошол супер талент од калибарот на Елмас.

Сепак конкуренцијата за 19-годишниот репрезентативец е голема и шансите на Лидс да го ангажира Елиф се многу мали.

Два гола на дерби и магија се стори

Два гола на дербито против Челзи комплетно го променија ставот на Ентони Марсијал и сега тој сака да остане во Манчестер јунајтед.

Иако одби две понуди на раководството на „црвените ѓаволи“ за продолжување на соработката и имаше недоразбирање со менаџерот Жозе Мурињо, сега францускиот ас истакна дека ќе продолжи во Јунајтед.

Договорот на Марсијал со повеќекратнито англиски првак завршува на крајот од оваа сезона, а според пишувањата на францускиот „РМЦ Спорт“, Ентони е подготвен за нов договор. Се шпекулира дека неделната плата би му била од 150 до 200 илјади евра.

Лазаров најавува: Во овие квалификации младите да се докажат

Македонската ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир, во пресрет на мечевите во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. „Црвено-жолтите“ отвораат против Турција на дуел во Битола, а потоа следи гостување на Грција. Тоа се селекции кои очигледно се многу послаби од нас, па затоа треба да се очекуваат и две сигурни победи.

Капитенот Кирил Лазаров вели дека овие квалификациски дуели ќе бидат добра увертира за тоа да се види како напредуваат младите играчи, кои ќе треба да дадат свој придонес и на  следното Светско првенство, кое во јануари Македонија ќе игра во Германија.

„Во овие евро квалификации влегуваме како фаворити. Со сета почит кон Грција и Турција, но тоа се репрезентации поротив кои мораме да очекуваме лесни победи, секако доколку влеземе во натпреварите онака како што се очекува од нас и одиграме максимално. На овие средби шанса треба да добијат помладите, но тие ќе мора да превземат и одговорност, да си ја зголемат самодовербата во пресрет на Мундијалот во Германија. Многу пати ни се случувало на големите натпреварувања да ни недостасува ротација, па затоа овие две средби се важни, за некои други ракометари да се наметнат за позналајна улога во националниот тим“, рече Лазаров.

Билетите за дуелот во Битола кој ќе се игра на 25 октомври, веќе се распродадени, што значи дека се очекува одлична атмосфера во која Македонија треба победнички да го започне походот за пласман на уште едно Европско првенство. Покрај Турција и Грција, во група со Македонија е и Исланд. Првопласираните две селекции ќе обезбедат директен пласман на континенталниот собир.

Мурињо: Јуве со Роналдо е прв фаворит во ЛШ

Кристијано Роналдо утре ќе се врати на „Олд Трафорд“, но како играч на Јувентус и ќе биде главна опасност кон голот на Манчестер јунајтед, во меч од третото коло од Лигата на шампиони. Португалецот е најдобар стрелец во историјата на ЛШ и тоа доволно говори за опасноста која ќе ја имаат „црвените ѓаволи“. Тренерот на најтрофејниот англиски клуб, Жозе Мурињо вели дека Јувентус е прв фаворит за освојување на титулата во елитната лига.

„Пред почетокот на сезоната Јувентус доби еден специјален играч, а тоа е Роналдо. Тоа е фудбалер кој знае да ја направи разликата на средбата. Според мене, Јувентус со Роналдо во тимот е прв фаворит за освојување на титулата. Покрај Кристијано тие доведоа уште неколку квалитетни играчи како што се Бонучи, Џан… Јувентус има многу квалитетен состав, повеќе години играат заедно, под водство на еден тренер“, рече Мурињо пред утрешната средба на „Олд Трафорд“.

Лоша вест за Јувентус стигна денеска, а тоа е дека за утре гостите нема да може да сметаат на Марио Манџукиќ. Хрватскиот напаѓач има повреда на зглобот на ногата. Се очекиува Манџукиќ да паузира 2-3 недели.

 

Рамос почна „со рогање да ги строи“ младинците на Реал (Видео)

Кризата на Реал Мадрид продолжи, откако „кралскиот клуб“ на свој терен загуби од Леванте со 1:2. На денешниот тренинг избувна капитенот Серхио Рамос. На тренингот присуствуваа и дел од играчите од Академијата на Реал, а тоа беше причина за Рамос да се налути.

Додека играа игра со раце, еден од играчите од Академијата премногу се занесе. Серхио Раџилон прмногу агресивно го нападна Рамос и со рамото го удри капитенот во лицето. Во тој момент Рамос „експлодираше“. Ја зема топката и шутираше директно кон младиот Раџилон. За среќа топката го промаши, а играта со раце веднаш заврши.

Додека играчите поминуваа низ теренот, Рамос уште еднаш му префрли на младиот играч, а потоа со друга топка успеа да го погоди. Веднаш потоа Лука Модриќ дојде до Рамос, за да го смири капитенот.

https://twitter.com/MHChehade/status/1054340828041224193

 

За „доктор“ Иво Карловиќ годините не се важни

Со освојувањето на титулата на АТП-челинџер турнирот во Калгари, Канада, хрватскиот тенисер Иво Карловиќ испиша историја. Тој со 39 години и осум месеци стана највозрасниот тенисер кој некогаш освоил челинџер на АТП. Досега најстариот освојувач на челинџер, Дик Норман, имаше 38 години и еден месец.

Во финалето на турнирот во градот домаќин на Зимските олимписки игри 1988, Карловиќ беше подобар од првиот фаворит Џордан Томпсон од Австралија со 7-6, 6-3.

Очигледно дека во рацете и нозете на двометрашот уште има сила. Тој во кариерата има освоено осум АТП турнири, од кои седум се Челинџери. „Доктор Иво“ во моментов е на 108 место на светската ранг листа и целта му е напролет, кога ќе има полни 40 години, да биде во топ 100.

Баерн без Рибери против АЕК во Атина

Германскиот првак Баерн Минхен конечно излезе од кризата, откако со 3:1 се израдува на триумф на гостувањето кај Волфсбург во Бундес лигата. Баварците сега се фокусираат на Лигата на шампиони и гостувањето во Атина кај АЕК. Грчкиот тим е аутсајдер во групата и досега нема освоено ниту еден бод.

Баерн мора да брка победа на ова гостување, ако сака да биде посигурен во следните мечеви во борба за едно од првите две места во групата. Германскиот гигант имаат проблеми околу составот. Денеска и дефинитивно се знае дека тие ќе бидат без искусниот Франк Рибери. Поради повреда, францускиот интернационалец не отпатува со тимот кон Атина. Позитивна вест за гостите е што во екипата сепак се враќа Давид Алаба кој го санираше проблемот со повредата на мускулот на ногата.

Дуелот меѓу АЕК и Баерн се игра утре во 18:55 часот.

 

Навивачите на Милан со еден потег ја добија битката на трибините (Видео)

Интер го доби градското дерби на Милано со 1-0 благодарение на голот на Мауро Икарди, и тоа во судиското надополнување од средбата. Навивачите на „нераѕурите“ се израдуваа за тоа што се случуваше на теренот, каде што нивните миленици освоија нови три бода.

Сепак, ако се зборува за ривалитетот на трибините, тогаш ова дерби дефинитивно го добија фановите на Милан. Уште пред почетокот на средбата, фановите на „росонерите“ направија потег кој ги збуни сите симпатизери на Интер, кој ја имаше улогата на домаќин.

Кореографија со огромна змија се појави на трибината каде што се најверните навивачи на Интер, но од спротивната страна веднаш стигна одговор. Фановите на Милан биле подготвени на таква противничка кореографија, па веднаш потоа тие ја покажаа својата кореографија, која всушност беше како на змијата и е откината главата.

Дефинитивно фановите на Интер во своите редови имаат предавник поради кој ова дерби на трибините го загубија уште пред да почне средбата.

https://twitter.com/Ultramaniaticos/status/1054134340349845504

 

Диего Симеоне по петти пат ќе стане татко

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, и на 48 години не престанува да прави деца. Обелоденето е дека неговата сопруга Карла Переира, со која е од 2014 година, повторно е бремена и го чекаат нивното второ дете, откако во 2016 година таа ја роди ќерката Франческа.

Популарниот Чоло од првиот брак со Каролина Балдини има три големи сина. Тоа се 23-годишниот Џовани, кој е фудбалер на Фиорентина, потоа Џанлука (20) и Џулијано (16).

Карла и Диего се среќни што повторно ќе добијат дете, а летоска додека биле на летен одмор со ќерката, дознале дека по вторпат ќе станат родители. Карла, која е цели 18 години помлада од Аргентинецот, не откри дали второто дете им е момче или девојче.