7.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025
Дома Blog Страница 9991

Шампионите можат да здивнат, Клеј Томпсон не е сериозно повреден

Клеј Томпсон не е сериозно повреден и ќе игра веќе в четврток против Вашингтон  визардс, што е одлична вест за шампионите на НБА лигата.

Голден Стејт вориорс убедливо го победија Феникс со 123:103, но беа загрижени поради повредата на еден од најдобрите играчи. Томпсон го повреди скочниот зглоб на левата нога и го напушти теренот во третиот период.

„Не се врати во игра за да го избегнеме ризикот од потешка повреда. Беше подготвен да продолжи да игра, но немаше потреба од такво нешто. Добро му дојде одморот и ќе биде подготвен веќе за следниот меч. За среќа Клеј мина без посериозни последици“, изјави Стив Кер, тренерот на актуелниот првак во НБА.

На Валенсија ѝ треба магија за да победи

„Валенсија игра најубав фудбал во нашата група и ако им дозволиме да ја имаат топката во посед ќе биде екстремно тешко да им се спротивставиме“, вели Џибрил Соу, играчот од средниот ред на Јанг Бојс.

Швајцарскиот првак се надева на сефте бод(ови) во исклучително тешката Х група во Лигата на шампионите, во конкуренција на Јувентус, Манчестер јунајтед и Валенсија.

Денеска од 18,55 часот на „Стад де Свис“ гостин ќе им биде Валенсија, екипа која има забележителен пад на формата и нема победа на последните три натпревари. Популарните „лилјаци“ нанижаа три нерешени, но реми во Берн не им одговара, ако сакаат да останат во трка за една од двете позиции кои водат во нокаут фазата.

Јанг Бојс има ефикасен напад и постигнуваше барем еден гол на последните 21 од 22 натпревари.

„Ништо не е променето од лани, кога не прогласија за хит во шпанското првенство. Ја имаме истата игра, горе-доле и истите играчи се во составот, но тешко ги реализираме шансите. Мораме да даваме голови за да победуваме“, вели Кондогбија.

Јанг Бојс има два порази и нема простор за да калкулира, а истото е и со Валенсија. Шпанскиот тим загуби од Јувентус дома, а потоа освои важен бод на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед и вечерва мора да атакува на трите бодови.

 

И Роналдо е таман за апсолутна симетрија

Манчестер јунајтед и Јувентус вечерва на „Олд Трафорд“ ќе го играат 13. меѓусебен дуел, а речиси неверојатно изгледаат бројките од нивните досегашни пресметки.

Двете екипи имаат по пет победи, двапати беше нерешено, а и гол разликата е како нарачана за потполна симетрија, 15:15.

На шега на социјалните мрежи симпатизерите на двата клуба велат дека и со Роналдо е израмнето. Играше за Манчестер јунајтед, а вечерва ќе биде на теренот во дресот на Јувентус.

„Старата дама“ е во нешто покомотна ситуација и има максимални 6 бода на врвот на табелата во Х групата. Гостите од Италија се уште немаат примено гол, исто како и ривалот од Манчестер. Јувентус има две победи и гол-разлика 5:0, а Јунајтед е со 4 бодови и гол-разлика 3:0.

Мечот ќе се игра од 21 часот.

 

Победа против Израел ги лечи раните од несреќниот пораз со Шпанија

Победа против Израел ќе ги залечи раните од несреќниот пораз против Шпанија, но македонските репрезентативци на возраст до 17 години мора да внимаваат, бидејќи денешниот ривал е мошне опасен.

Ние загубивме на стартот од претквалификациската фаза од големиот фаворит Шпанија, со гол примен во петтата минута од судиското продолжение, иако бевме на прагот на освојување на голем бод.

Израелците ги декласираа Фарски острови со 6:0 и се фаворити против нас. Но, Македонија е домаќин на турнирот и се надева на добар резултат и со поддршка од публиката.

Во следната фаза на патот до ЕП одат две репрезентации сигурно и трите најдобропласирани трети селекции од вкупно 13 групи.

 

Арсенал израдува 76 играчи на Спортска прогноза

Победата на Арсенал против Лестер не ги израдува само фановите на овој англиски клуб, туку се радуваа и 76 играчи на нашата Спортска прогноза. По првото одиграно коло и комплетираните 12 мечеви, само уште еднаш се потврди дека кај нас има одлични прогнозери кога треба да се игра само на 1 Х 2.

Триумфот на „топчиите“ донесе по 10 погодени парови на 12 играчи. Овие прогнозери промашиле само два натпревари и биле многу блиску до добивање на главната награда, мобилен телефон „Самсунг А6“. Овие 12 играчи ќе добијат подарок од SPORT LIFE и тоа ваучер во вредност од по 500 денари.

Освен овие 12 типувачи, ваучери но во вредност од по 200 денари од SPORT LIFE на подарок ќе добијат и уште 64 прогнозери кои имаат погодени девет парови.

Сите добитници на ваучери ќе бидат контактирани преку е-маил порака на адресата која ја внеле при типувањето.

Првото коло на СПОРТСКА ПРОГНОЗА е комплетирано, но во најскоро време бидете подготвени да ги дознаете следните 12 парови на кои треба да се типува за второто коло од оваа интересна игра.

 

Ја нема династијата – Црвените крилја комплетно се скршија (Видео)

Детроит ред вингс реди само порази во новата сезона во НХЛ и се уште нема победа во регуларен дел, што е изненадување и лош ефект за клуб со богата традиција и 11 трофеи во клупската колекција.

Членот на „Оригиналните шест“, или еден од основачите на НХЛ лигата и ноќеска загуби од Каролина со 1:3, по што остана на последното место во Источната конференција.

Детроит има само 4 поени и скромни 20 постигнати голови. Кризата во „Мотор сити“ е очигледна, а времето на династијата од последните години на минатиот век и првата деценија од новиот милениум очигледно е оддамна завршена.

Популарните Ред Вингс доминираа долго време во НХЛ, во ерата на руската петорка Федоров, Ларионов, Фетисов, Козлов и Константинов беа неприкосновени во лигата и се вториот најтрофеен клуб со 11 Стенли куп трофеи, зад Монтреал со 24.

Сега мака мачат да побегнат од фенерот во својата конференција и имаат само една победа во девет меча и тоа по продолженија против Флорида.

https://twitter.com/NHL/status/1054558021827919872

Арсенал даде гол како од времето на Анри, Пирес, Беркамп (Видео)

Арсенал со 3:1 го победи Лестер во последниот меч од 9. коло. „Топчиите“ губеа со 0:1, но успеаа да направат целосен пресврт и да стигнат до трите бода. Пјер Емерик Обамејанг беше херојот. Откако влезе како резерва во второто полувреме, даде два гола за победа.

Посебно добра беше акцијата која потсети на играта на лондонскиот тим од пред 15-тина години, а на крајот Обамејанг погоди. Такви погодоци постигнуваа кога во тимот беа Тјери Анри, Роберт Пирес, Денис Беркамп, Патрик Виеира. Сега е нова генеранија на теренот, но акциите  за погодоците се прекрасни.

За Арсенал ова е 10-та победа по ред во сите натпреварувања, покажувајќи дека тимот е во одлична форма.

https://youtu.be/4UgcqGwod60

Леброн од јунак до трагичар на Лејкерс (Видео)

Лос Анџелес лејкерс и со Леброн Џејмс не може да стигне до победа. Во третиот меч го претрпе и третиот пораз. Овојпат беше најдраматично. На свој терен, Лејкерс беа поразени од Сан Антонио со 143:142 и тоа дури по продолжение од пет минути.

Џејмс ја имаше улогата на лидер во тимот, но овојпат од херој се претвори во трагичар. Во последниот напад од регуларниот дел, Леброн погоди тројка од прекуи 9 ветри и израмни на 128:128, што беше најава за дополнителни пет минути. Сепак, тикму во тие пет минути првата ѕвезда во НБА лигата затаи.

Лејкерс имаше предност од 142:138 на помалку од 30 секунди до крајот и се чинеше дека е време за прва радост на тимот. Сепак, гостите дадоа тројка и намалија на 142:141. Потоа следуваше фаул над Џејмс, а овој ги промаши двете слободни фрлања и им даде шанса за победа на гостите. Милс погоди од поле за водство на Сан Антонио од 143:142, а Леброн имаше уште една последна шанса да се корегира. Ја превзема одговорноста за последниот шут, но промаши и гостите се радуваа.

https://youtu.be/W_6st7X70m0

На крајот Џејмс заврши со 32 поени, 14 асистенции и осум скока, но тоа не беше доволно ако се знае дека ги промаши клучните две слободни, а потоа и шутот за победа. Кузма даде 37 поени за Лејкерс.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Бостон – Орландо 90:93, Торонто – Шарлот 127:106, Милвоки – Њујорк 124:113, Минесота – Индијана 101:91, Далас – Чикаго 115:109, Јута – Мемфис 84:92, Портланд – Вашингтон 124:125 прод., Голден Стејт – Феникс 123:103.

Македонските фудбалски таленти на гости во Црна Гора и Романија

Две македонски фудбалски репрезентации денеска од 14 часот ќе играат тест натпревари на гостински терен.

Нашите таленти на возраст до 15 години предводени од селекторот Неџат Шабани ќе и бидат гости на Црна Гора. Првиот од двата пријателски дуели ќе се игра од 14 часот денеска во Подгорица. Нова средба двете селекции ќе имаат во четврток, но тогаш ќе се игра во Златица.

Една година повозрасните фудбалери на Македонија од 14 часот денеска ќе играат во Букурешт против Романија. По овој дуел ќе следи уште еден на 25. октомври со почеток од 11 часот.

Селектор на селекцијата до 16 години е Звонко Златановски, поранешен помошник на Благоја Милевски во златната генерација младинци до 21 година, кои лани играа на Европското првенство во Полска.

Страшна серија на Арсенал – Победа и против Лестер, десетта по ред

Арсенал одигра нов одличен меч и со 3:1 го победи Лестер, иако гостите водеа со автоголот на Ектор Белерин. Во 31. минута бекот на топчиите го изненади својот голман Бернд Лено за предност на Лестер.

Навреме израмни Озил, со погодок во 45. минута, а во продолжението доминираше домашниот состав. Обамејанг со два гола му донесе победа на Арсенал, десетта по ред во сите натпреварувања.

Интересно е што топчиите стартуваа во новата сезона во Премиерлигата со два порази, од Манчестер сити и од Челзи, а потоа се редат само успеси.

Од последното место, со серија победи, Арсенал се проби на делба на третото место со Челзи и лутиот лондонски ривал Тотенхем.