Пак го начекаа најказнуваниот газда во НБА – Марк ќе плати уште пола милионче

НБА ја одби жалбата на Далас маверикс и Марк Кјубан ќе мора да плати глоба од половина милион долари, порад вербални навреди кон судиите што според него го оштетија неговиот клуб против Атланта хоукс.

Марк не застана тука, па ги напаѓаше арбитрите и преку медиумите, па очекувано беше парично казнет и тоа драстично. Според него Џон Колинс постигна нерегуларен кош за победа на Атланта против Далас на 22. февруари.

Откако судиите не реагираа сопственикот на Маверикс влета во вербална расправија, што ќе го чини доста пари. Досега Кјубан е најказнуваниот активен газда на НБА клуб и има платено преку 3 милиони евра за слични испади.

- Оглас -

Најнови вести