Четири сезони по ред почнуваат со меч против нов премиерлигаш, Фулам е на ред за нова победа (Фото)

Ливерпул е феномен во Премиер лигата и единствен клуб од постоењето на овој формат на англиското првенство од 1992 година што четири сезони по ред првиот меч во сезоната го игра против клуб што е тазе прволигаш.

Ждрепката за новиот циклус натпревари во сезоната 2022/23 им одреди да му гостуваат на Фулам на 6 август во првото коло, а така беше и во претходните три сезони, кога за старт на првенството Ливерпул добиваше екипи кои се нови премиерлигаши.

Почна со дуелот со Норвич во првото коло од сезоната 2019/20, па против Лидс следниот циклус, па повторно со Норвич и сега со Фулам.

Ждрепката како да е нарачана за Ливерпул, единствената екипа што четири сезони по ред го почнува англиското првенство со дуел против еден од новаците во Лигата.

Ако се повтори историјата, Фулам го чека старт со пораз бидејќи Ливерпул ги доби сите три стартни дуели во последните три сезони.

Двапати го победуваше Норвич, со 4:1 и потоа со 3:0 во првото коло, а славеше и против Лидс во премиерата преклани со 4:3.

- Оглас -

Најнови вести