Пак ќе биде жежок меч – Српски репрезентативец фрли масло на оган: Да играв во 2018 година за Србија ќе ги нокаутирав Џака и Шаќири

Поранешниот репрезентативец на Србија, Здравко Кузмановиќ, е и поранешен играч на Базел, па е интересен соговорник за швајцарските медиуми пред дербито на последното коло меѓу двете селекции што играа меѓун себе многу бурен меч и на претходното Светско првенство во Русија пред четири години.

Во интервју за швајцарскиот медиум „20 минути“, Кузмановиќ фрли масло на оган со изјава дека би ги нокаутирал Џака и Шаќири.

„Летањето на орелот е срамна провокација и да играв, сигурно ќе ги нокаутирав и двајцата“, рече Кузмановиќ.

Пред четири години Швајцарија ја победи Србија со 2:1 во меч за кој сè уште се говори.

Провокацијата на Џака и на Шаќири, кои имаат албански корени, беше критикувана и од Швајцарците, кои потоа им забранија политички пораки на сите фудбалери.

На 2 декември пак ќе има нокаут-меч во фаза по групи меѓу Швајцарија и Србија, а Џака и Шаќири пак се тука и ќе играат против големиот ривал.

На Швајцарија во одредени варијанти и одговара реми, а тоа се Камерун да загуби, или да ремизира со Бразил.

На Србија ѝ одговара само триумф, а притоа Камерун да не го победи Бразил со поголема или еднаква разлика.

Варијанти има многу, а последните два меча од првата фаза на Мундијалот ќе бидат исклучително интересни.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести