Пак ќе се троши ѓаволски во Манчестер – Тен Хаг ќе добие огромна сума за летни засилувања

Ерик Тен Хаг е големата надеж на Манчестер јунајтед за пресврт и излез од кризата што трае скоро цела деценија и го остави најтрофејниот англиски шампион без домашна круна од 2013 година.

Холанѓанецот правеше чуда со Ајакс, па сега ќе се обиде да го стабилизира паднатиот англиски гигант.

За добредојде најавено е дека ќе има буџет од 150 милиони фунти за нови засилувања веќе во следниот преоден рок, во летниот што е одлична сума за добро да се одигра на трансфер пазарот.

Тен Хаг се избори да има влијание на трансферите на играчите, односно има право на вето, ако не му се допадне изборот на раководните структури при ангажманот на нови засилувања.

Манчестер јунајтед и досега трошеше огромни пари на нови играчи, но со Тен Хаг се најавува пресврт во политиката и сега новиот менаџер би имал главен збор при изборот на нови фудбалери.

Црвените ѓаволи се заинтересирани за Нуњес од Бенфика, Рајс од Вест Хем, се споменува и Кејн од Тотенхем, Торес од Вилјареал и уште неколку познати играчи, но главниот збор ќе го има Тен Хаг.

 

 

- Оглас -

Најнови вести