„Пак-мен“ покажа дека уште е силен и на 40 години

Филипинскиот боксер Мани Пакјао, со победата на поени над Адриен Бронер, ја одбрани титулата во ВБА верзијата со велтер категорија, и покажа дека и после наполнетите 40 години, уште може да боксува на врвно ниво. Одлуката на судиите за победа на Пакјао беше едногласна.

За Пакјао, ова беше 70-та борба во професионалната кариера, а на битката во Лас Вегас, тој доминираше против 11 години помладиот противник, на кого му зададе повеќе од двојно повеќе удари.

После победата над Бронер, Пакјао рече дека би сакал реванш против Флојд Мејведер, од кого загуби во 2015 година.

„Ако Мејведер реши повторно да боксува, тука сум да се бориме. Доколку тој сака да му се врати на боксот, имам желба да се бориме еден против друг“ – изјави Пакјао кој е сенатор во својата земја и првпат после две години, боксуваше во САД.

- Оглас -

Најнови вести