Пак му се споија жиците – Најконтроверзниот играч на ЕП доби жолт картон за 55 секунди

Марко Арнаутовиќ не издржа многу и повторно не го скроти темпераментот што му носи проблеми и доби жолт картон по само 55 секунди од стартот на мечот меѓу Италија и Австрија.

Овојпат не учествуваше во вербален конфликт, туку доби опомена од судијата Тејлор поради намерен фаул на неполна минута од стартот на второто осминафинале на Европското првенство.

Арнаутовиќ е познат по незгодниот карактер, а веќе паузираше еден меч на ова ЕП, поради навреди кон нашиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Откако го даде последниот трет гол за Австрија во победата против Македонија со навредливи зборови му се нафрли на Алиоски, па УЕФА го казни со еден меч пауза и засега Арнаутовиќ е најконтроверзниот играч на шампионатот.

Италија и Австрија го играат второто осминафинале на ЕП, од 21 часот на „Вембли“ во Лондон, а во првото Данска го декласираше Велс со 4:0.

- Оглас -

Најнови вести