Палермо од денес повеќе не постои

Згасна Палермо, од денес веќе не постои. Оваа информација ја пренесоа италијанските медиуми откако судот во Палермо денес го прифати предлогот на обвинителите да го прогласат клубот за неликвиден, што е последен чекор кон тотален распад.

Наводно, синот на власниот Маурицио Ѕампарини, Андреа, понудил 10 милиони евра со цел да се расчистат долговите, но според обвинителството таа сума била прениска. Затоа, поранешниот клуб на македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски повеќе нема да постои, по 32 години од основањето.

Најголемиот подвиг на фудбалската сцена Палермо го имаше во почетокот на третиот милениум. Три пати го освоија петтото место во Серија А, додека во 2011 година беа финалисти во Купот на Италија. Од таму произлегоа доста звучни имиња како Дибала, Кавани, Тони Белоти, што е вистинска штета за италијанскиот фудбал.

Поради долгови, Палермо беше исфрлен од Серија Б во пресрет на оваа сезона, но новоформираниот клуб ССД Палермо почна да се натпреварува во Серија Д.

- Оглас -

Најнови вести