Палермо пред 20.000 навивачи го претстави тимот за во Серија Д (Видео)

Пред само неколку месеци Палермо беше пред влез во Серија А, но откако не успеа да се избори за место во елитната лига, клубот само дополнително падна во финансиска криза од која немаше спас. Палермо мораше да прогласи банкрот, а тоа значеше и преселба на екипата во Серија Д.

Клубот го промени името. Старото име „Унионе Спортива Чита ди Палермо“ е заменето со „Сочиета Спортива Дилетантистика Палермо“. Синоќа беше претставен и тимот за новата сезона. Тоа се нови играчи, бидејќи тие кои до лани играа, добија раскин на штета на клубот. Македонските интернационалци Илија Несторовски и Александар Трајковски кои минатата сезона ги бранеа боите на Палермо сега играат во Удинезе, односно Мајорка.

На преставувањето на новиот тим, на стадионот „Ренцо Барбера“ се собраа дури 20.000 навивачи.

Фановите со овој гест сакаат да покажат дека му даваат поддршка на клубот во најтешките моменти и дека иако ќе игра во Серија Д, нивната помош нема да изостане, а на еден од транспарентите пишуваше „Ова е момент за вистината на градот“.

Тоа што сега го преживува Палермо, пред неколку години ѝ се случи и на Парма, која успеа повторно да се врати во елитата на италијанскиот фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести