Палермо се мачи, навивачите веруваат во чудо (Фото)

Само страв од грешките може да го урне нашиот сон, е пораката со транспарент на „Ренцо Барбера“ со која навивачите на Палермо ги бодрат играчите да издржат во битката за директен пласман во Серија А.

Палермо се мачи во последно време, нема победа на три меча по ред и падна на третата позиција зад Бреша и Лече во обидот да биде межу двете најдобри екипи во Серија Б кои ќе се пласираат директно во повиксок ранг на натпревари.

Утре клубот од Сицилија го игра можеби и клучниот меч против уште еден голем конкурент, Верона. Ако победи Палермо ќе остане во трка за првите две позиции, а секој друг исход им ги намалува шансите за подвиг.

Клубот има и финансиски проблеми, се уште нема нов сопственик и покрај многуте најави за влез на стабилен спонзор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести