Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, направи неверојатен подвиг, откако со четири гола уште во првото полувреме ја водеше својата екипа до победата од 4-2 против Брајтон. Голот за водство на гостите уште во седмата минута, кој беше дело на Руте, како само да го налути Палмер, кој успеваше да погоди во 21-вата, 28-мата, 31-вата и 41-вата минута.
Во меѓувреме, Балеба во 34-тата минута успеа да намали на 3-2 за Челзи. „Сините“ од „Стемфорд бриџ“ со оваа победа се искачија на третата позиција на табелата во Премиер лигата со бод помалку од лидерскиот двоец, Манчестер сити и Арсенал.
Вистинска драма се случуваше на мечот помеѓу Арсенал и Лестер, откако домашните имаа водство од два гола разлика, а потоа во судиското продолжение дојдоа до победата. „Топчиите“ со головите на Мартинели во 20-тата и на Тросар во 45-тата минута дојдоа до сигурни 2-0 против Лестер и се чинеше дека лесно ќе дојдат до победата.
Сепак, гостите не мислеа така, па со головите на Џејмс Џастин во 47-мата и 63-тата минута дојдоа до израмнување, 2-2. Победата на Арсенал дојде во судиското надополнување на времето, откако најпрво Леандро Тросар погоди во 94-тата минута, а Каи Хаверц во 100-тата минута само ја потврди победата на Арсенал.
Резултати:
Арсенал – Лестер 4-2
Брентфорд – Вест хем 1-1
Челзи – Брајтон 4-2
Евертон – Кристал палас 2-1
Нотингем – Фулам 0-1