Пандемија во одбраната на Јувентус, Бонучи и Демирал позитивни на Ковид-19

После Мерих Демирал, и Леонардо Бонучи од Јувентус е позитивен на коронавирус. Бонучи беше со италијанската репрезентација, и по враќањето во Торино, направен му е тест, кој бил позитивен. Лео веќе е дома во изолација, а страв од овој тест има и во Милан, бидејќи Бонучи во авионот при летото од Литванија до Италија, седел до Џиџи Донарума, па можеби и голманот има Ковид-19.

Јуве на градското дерби со Торино викендов нема да смета на Буфон, Бонучи, Демирал и Алекс Сандро.

- Оглас -

Најнови вести