Пандев: Да ја спасам Џенова и ќе се пензионирам

Фудбалска Македонија и Калчолигата полека се помируваат со фактот дека во блиска иднина ќе останат без еден великан, за нас можеби и најголем во историјата. Горан Пандев, капитенот на македонската репрезентација, најави дека ова може да му биде последна сезона, но пред да ги закачи копачките на клин, сака да го оствари зацртаното.

„Гранде“ е во мисија да ѝ помогне на Џенова да избори опстанок во Серија А, екипата која пред прекинот на сезоната стоеше на 17-тото место на табелата во Калчолигата. Додека не го оствари тоа, Пандев ќе трча на италијанските терени.

„Сите сакаме да се вратиме на терените бидејќи за нас фудбалот е живот. Со нетрпение чекаме да се сретнеме повторно, а секако прво се надеваме дека сè ќе се врати во нормала. Јасно е дека доколку фудбалот продолжи во Италија, ќе биде добро за сите, овој спорт може да им помогне на луѓето. Јас уште стојам до планот да ѝ помогнам на Џенова да опстане во елитата, а потоа да престанам да играм. Знам дека ситуацијата не е идеална, но би сакал да се простам од клубот пред полни трибини на Луиџи Ферарис“, изјави Пандев за италијанските медиуми.

Оваа изјава секако влијае и врз репрезентацијата, како и сонот на Пандев да ја предводи Македонија до историски пласман на ЕП. Пандемијата со корона-вирусот ја пролонгира таа мисија ако се знае дека клучниот дуел против Косово во Лигата на нацииte се премести за идната година, како и самиот европски шампионат.

- Оглас -

Најнови вести