Пандев и легендите на Интер настапија на „ѕвездениот“ натпревар во Грузија (Видео+Фото)

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, беше дел од екипата на легендите на Интер кој пред 10-тина години владееше во европскиот фудбал под палката на Жозе Мурињо. За „сино-црните“ од Милано настапија и неколку повозрасни фудбалери, а еден од нив, Луис Фиго го одлучи натпреварот со два гола и на 51-гишна возраст уште еднаш покажа дека е фудбалски мајстор.

Горан Пандев мечот го почна од клупата, а во второто полувреме влезе во игра на местото на Весли Снајдер. Ова за нашиот фудбалски ас веројатно беше прво облекување на копачките на натпревар после Европското првенство во Амстердам.

Натпреварот во Батуми, Грузија, беше во организација на легендарниот грузиски фудбалер, Каха Каладзе, а заврши во корист на легендите на Интер со 2-0, кои за противниците ги имаа легендите на Грузија.

– „Знаев дека ќе треба да го заменам Снајдер за брзо време, среќен сум што видов толку многу мои поранешни играчи, чест е да се биде тука. Искрено, многу е тешко, ова беше мојот прв 11 на 11 натпревар откако се пензионирав, но годините одминуваа, а квалитетот на овие фудбалерите секогаш останува ист. Ова е фантастична група и задоволство е што сме заедно по толку многу години, ова е добро за нас. Исто така сакаме да ги поздравиме останатите момци кои не се тука со нас.“ – рече Горан Пандев после натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести