Пандев и Несторовски од клупата го гледаа ремито на Џенова и Удинезе

Горан Пандев и Илија Несторовски го преседеа на клупа мечот меѓу Џенова и Удинезе кој заврши 0:0, во рамките на 23-то коло од италијанската Серија А.

Двајцата македонски фудбалери не добија шанса на теренот, каде што, пак наместо возбудлив фудбал со многу голови, имаше голема борба и многу картони.

Џенова остана со играч помалку по вториот жолт картон на Андреа Камбијасо во 79-та минута, но тимот од Удине не знаеше тоа да го искористи.

Со овој бод, Џенова сега дојде до бројката од 13 и остана на претпоследното место, додека Удинезе има 24 бода и е на 14-та позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести