Пандев има нови газди во Џенова – Партнери со три седмици од Америка ќе му носат среќа на најстариот клуб во Италија

Американската фирма за инвестиции „777 Партнерс“ е новиот сопственик на Џенова, што автоматски значи дека и Горан Пандев има нови газди.

Енрико Прециози, кој владееше со најстариот клуб во Италија од 2003 година, го продаде комплетниот пакет на акции на Американците, но ќе остане во клубот во следните три години, како една од главните фигури.

Оваа зделка се договараше долго време, а според „Газета дело спорт“ веќе е завршена со успешна продажба.

Пандев е еден од милениците на Прециози, а дури се најавуваше дека по завршувањето на кариерата што се ближи, би можел да биде и спортски директор на Џенова.

Дали ќе остане така и во плановите на новите сопственици, сега е неизвесно, а Пандев најави дека ја игра последната сезона и за Џенова и во својата богата кариера.

Џенова е најстариот клуб во Италија и има фудбалска традиција што се протега во три века. Клубот е формиран на 7 септември во 1893 година и има 9 шампионски круни, но последната е речиси пред еден век, односно во сезоната 1923/24.

 

- Оглас -

Најнови вести