Пандев ја виде најдобрата одбрана во Серија А (Видео)

Горан Пандев остана на клупата за резерви на Џенова против СПАЛ, а имаше можност да ја проследи најдобрата одбрана во новата сезона во Серија А во изведба на неговиот клупски колега, голманот Андреј Раду.

Романецот на неверојатен начин рефлексно со нога успеа да го спречи Полјакот Река да му донесе предност на СПАЛ во првото полувреме.

Претходно Раду одбрани уште еден шут. На одбиената топка налета крилниот играч на домаќините, но Романецот со рефлексна интервенција во стилот на НХЛ-голманите спречи погодок.

По првото полувреме немаше голови во последниот меч од 13-тото коло во Серија А, а по еден час игра е 1:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести