Пандев: Како да чекаме да примиме гол, за да се опуштиме и да играме како што знаеме

Капитенот Горан Пандев вели дека против Холандија мора да се игра без страв, да не се чека противникот да постигне прв гол. Пандев како и другите, жали што Украина на крајот славеше победа од 2-1, иако шансите во вториот дел беа на страната на Рисовите.

„Сигурно не се доволни да се одиграат 45 минути на вакви натпревари. Почнавме претпазливо, чекаме контри и полуконтри. Кога рано се примаат два гола нормално дека е тешко да се вратите. Пред пеналот во второто полувреме имавме шанси и мислам дека мораше да ги искористиме. Сигурно дека има разлика бидејќи првпат играме на вакво натпреварување. Како да чекавме да примиме гол па да се опуштиме и да играме како што знаеме. Против Холандија треба да се опуштиме, да покажеме што знаеме и без страв да им се спротивставиме. Да ги израдуваме сите кои што дојдоа да не поддржат. Знаевме дека можеме подобро, се погледнавме меѓусебе на паузата и ни беше јасно дека мора се поправиме“, посочи Пандев.

- Оглас -

Најнови вести