Пандев како резерва ја следи мизеријата на својот клуб, Џенова веќе прими 20 гола во Серија А

Горан Пандев е резерва кај Џенова вечерва против Торино и од клупата го следеше лошото прво полувреме на својот тим. Гостите губат со 2:0 по 45 минути игра, со што веќе примија 20 гола по само 9 кола во Серија А.

Се очекува Пандев да влезе во второто полувреме, а ако Џенова не успее да се спаси од пораз речиси сигурно и Давиде Балардини нема да се спаси од отказ.

Најстариот тим во Италија има само една победа во Калчото и со шест бода е на претпоследното место и дури Џенова ако загуби од Торино може да биде и на последното место, ако Салернитана утре го победи Емполи на свој терен.

Двата гола за Торино во првото полувреме ги дадоа Антонио Санабрија, кој има играно за Џенова и Томасо Побега.

Головите на Санабрија и на Побега можете да ги погледнете ОВДЕ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести