Пак ќе има овации за Пандев на стартот на новата сезона во Серија А

Горан Пандев ќе игра уште една сезона во Серија А, 20-та во популарното Калчо, а ќе почне со Џенова на 22 август против својот поранешен клуб Интер.

Горан ќе гостува на „Џузепе Меаца“ во првото коло во новата сезона 2021/22, и тоа каде што го обожаваат навивачите, на кои во 2010 година со своите соиграчи им подари тројна круна.

Пандев пред 11 години со Интер ги освои Скудетото, Купот на Италија и пехарот во Лигата на шампионите. Убава премиера ќе има и Илија Несторовски ако успее да закрепне по операцијата на коленото, а прв ривал на неговиот клуб Удинезе ќе му биде Јувентус.

Удинезе ќе му биде домаќин на најтрофејниот италијански клуб на стартот од новиот шампионат на Италија, закажан за 22 август.

Елиф Елмас со Наполи ќе му биде домаќин на новиот прволигаш Венеција.

 

- Оглас -

Најнови вести