Пандев му асистираше, а тој со шише во рака направи мајсторија и даде гол (Видео)

Џенова и Верона синоќа го одиграа еден од највозбудливите мечеви, а на крајот двата тима освоија по еден бод. Верона водеше со 2:0 со 15 минути до крајот, а потоа почна шоуто на домаќините. Џенова даде три гола за пресврт од 3:2, но тимот на Горан Пандев не успеа до крај да ја сочува предноста, па Верона со трет погодок стигна до реми.

Од сите шест погодоци, најубав, но и најчуден беше тој на Матија Дестро, со кој Џенова поведе со 3:2. Пандев му асистираше на Дестро, а овој со пластично шише со вода трчаше кон противничкиот гол. Успеа да се ослободи од противниците и на мајсторски начин да го матира противничкиот голман.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести