Пандев на клупа, Елмас ќе диригира за победа против Израел

Горан Пандев сепак не може да игра поради повреда против Израел и евентуално можеби ќе добие шанса од клупата за резерви, а Македонија ќе игра само со еден напаѓач во Бер Шева, вечерва од 20.45 часот.

Селекторот Игор Ангеловски се одлучи за позатворена варијанта со згуснат среден ред и само со еден напаѓач, Илија Несторовски. Веројатно е изненадување што шанса да игра од стартот не доби Иван Тричковски, кој е во топ-форма и постигнува голови како од шега и во ситуација кога Пандев не игра.

Еве ги составите на двете репрезентации

Израел: Марсијано, Даса, Елхамед, Таха, Дигани, Бен Харуш, Натко, Соломон, Перец, Дабур, Захави.

Македонија: Димитриевски, Бејтулаи, Муслиу, Велковски, Адеми, Ристевски, Алиоски, Барди, Несторовски, Елмас, Николов.

 

- Оглас -

Најнови вести