Пандев не отпатува во Торино, нема да игра против Јувентус

Горан Пандев не се најде на списокот од 24-ицата фудбалери на Џенова кои вечерва ќе гостуваат кај Јувентус, во мечот од рамките на осминафиналната рунда во Купот на Италија.

Тренерот Давиде Балардини освен нашиот искусен офанзивец, во составот ќе ги нема првиот голман Матија Перин, како и искусниот дефанзивец Кристијан Запата.

Околу отсуството на Пандев се чини дека се работи за ослободување на обврски бидејќи не е пријавена никаква повреда кај капитенот на Македонија.

Дуелот Јувентус – Џенова е закажан за терминот од 20:45 часот на „Алијанц стадионот“ во Торино.

- Оглас -

Најнови вести