Пандев одигра цел меч во ремито на Џенова против Калјари

Џенова ремизираше против Калјари со конечни 1-1 во мечот од 37-то коло во Серија А. Екипата за која настапува капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, не успеа да дојде до значајните три бода со кои би биле чекор поблиску од опстанок во италијанската елита, а тоа ќе го бараат во последното коло на гостувањето кај Фиорентина.

Пандев стартуваше од првата минута и го одигра цел меч, но ветеранот не успеа да го гаси пожарот во улога на пожарникар. Паволети донесе предност за гостите во 40-тата, а за реми и спас од пораз погоди Кришито од белата точка во 89-тата минута.

https://www.dailymotion.com/video/x78oo7s

- Оглас -

Најнови вести