Пандев по пауза од седум месеци одигра цел меч во Серија А

Горан Пандев покажа дека е подготвен и во италијанската Серија А да одигра 90 минути. На дуелот против Сампдорија, капитенот на македонската репрезентација беше стартер и остана на теренот до крајот на средбата. Сезонава претходно само еднаш се имаше случено Пандев да ги одигра сите 90 минути во Серија А за Џенова. Тоа беше на 2 септември, кога на гостувањето кај Сасуоло даде и еден гол во поразот од 5:3.

И денеска Џенова загуби на гости, но овојпат со 2:0 во дербито против градскиот ривал Сампдорија. Џенова остана на 34 бодови, но има шест повеќе од Емполи кој е на 18 место и е во зоната за испаѓање.

Во останатите мечеви кои денеска се играа во Серија А: Торино – Калјари 1:1, Фиорентина – Болоња 0:0, Сасуоло – Парма 0:0. Од 18 часот играат Киево – Наполи, а во 20:30 часот играат Фросиноне – Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести